ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Како и во претходниот преиод, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.
Од минатата обука започнавме со серијалот стручни, наменски обуки ,,РАБОТИ БЕЗБЕДНО” кој е поделен на неколку тематски групи/области.

Првата тематска област ја започнавме со РАБОТИ НА ВИСИНА, а сега продолжуваме и овој пат, имаме чест и привилегија, да Ве поканиме, да учествувате на обука на тема:

„РАБОТИ НА СКЕЛЕ – РАБОТИ БЕЗБЕДНО“

Целта на обуката е преку практични примери и пристап, стручни насоки на следење, европски искуства од врвни експерти, да Ве поттикне најбрзо, најпрактично и најсигурно да го најдете соодветното заштитно средство за безбедно да ја реализирате вашата работна задача. Оваа обука ќе биде насочена кон колективните заштитни средства и мерките за работа на скеле. Практична е за стручни лица за безбедност при работа и други заинтересирани лица кои имаат потреба од трајно или привремено поставување на системи за колективна заштита при работа на висина (скелиња, висечки скелиња и сл.).

МОДЕРАТОР / ПРЕДАВАЧ НА ОБУКАТА

инж. Ернест Шталингер, Дипломиран инженер

Завршени студии на два факултети при Универзитетот за природни ресурси и животни науки:
1.Менаџмент на води и култура (наука од градежно инженерство, но од биолошки и еколошки аспект)
2.Просторно планирање и просторен менаџмент

Пракса за време на студирањето:
– Мерења на шумски штети, Норвешка
– Градежен менаџмент, Норвешка
– Одбрана на труд и четиригодишно истражување на тема „Конзервативен модел за рурални патишта“ и негово теоретско и практично имплементирање во асоцијацијата на Австрија во ЕУ
-Подготвителни работи за имплементирање на конзервативниот модел за рурални патишта во доменот на рехабилитација на патишта под надлежност на ЕУ
-Соработник во неколку градежни компании пред и после дипломирање, дел од градежниот менаџмент на Dywidag (Германија и Австрија)
-Моментално (14 години), е во Институтот за осигурување од несреќи, главна канцеларија, одговорен за превенција (несреќи на градилишта), одговорен за техничките аспекти на Законот за заштита на работниците (ASchG), Уредбата за заштита на правата на градежните работници(BauV) и координација на градежни работи (BauKG).

Понатамошно образование и активности
– Обучен Специјалист за безбедност
-Автор на книгата „Уредба за заштита на градежните работници“ во издавачката куќа ÖGB
-Ангажиран е како надлежен експерт за: биолошки, хемиски опасности и прашина во градежништвото , како и, превенција при изградба (скелиња, спречување на несреќи, падови…)
– Експерт во австрискиот меѓународен стандард – Австриски стандарди во градежништвото (учество во разни тела)
– Предавач на Универзитетот за природни ресурси и животни науки (безбедност на работното место во градежната индустрија)
-Претставник низ цела Австрија за обука на експертите за безбедност на AUVA (превенција при изградба), како и за обуки и предавања за безбедност при работа (превенција во градежништвото) во мали и средни претпријатија

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 19.11.2019 година, со почеток од 09:00 часот, во Хотел Континентал, Скопје.

За членовите на ЗИЗ Тутела, обуката чини 2000,00 денари, додека за други заинтерсирани учесници, цената за учество на истата е 4.000,00 денари.

Во цената влегуваат: материјали од обуката, преведувач од германски на македонски јазик, кафе на паузата и ручек (мени).

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015.

НА БАРАЊЕ НА ПРЕДАВАЧОТ, БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН!!!

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 16:00 часот на ден 15.11.2019 година.

Членовите на ЗИЗ Тутела, Скопје со пополнетата Пријава за учество, да достават и скенирана уплатница (извештај), за извршена уплата од 2.000,00 денари.
Учесниците кои не се членови на ЗИЗ Тутела, со пополнетата Пријава за учество, да достават и скенирана уплатница (извештај), за извршена уплата од 4.000,00 денари.

Уплата да се изврши на
сметка на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,
ж-ска 210-0726786001-20
банка НЛБ Банка
цел на дознака Учество на Обука РАБОТИ НА СКЕЛЕ, 19.11.2019г.

АГЕНДА

09:00 – 09:45  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:15  Сесија 1
11:15 – 11:30  Кафе пауза
11:30 – 13:00  Сесија 2
13:00 – 14:00  Ручек
14:00 – 15:30  Сесија 3
15:30 – 16:00  Дискусија
16:00 Затворање на обуката

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав
ЗИЗ ТУТЕЛА

ПОКАНА И ПРИЈАВАТА ЗА ОБУКАТА МОЖЕТЕ ДА ГИ СИМНЕТЕ ОД СЛЕДНИТЕ ЛИНКОВИ:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *