Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,

По големиот број на дискусии и јасно искажана потреба од простор во кој ќе може да се организираат почести средби на членовите на ЗИЗ Тутела на 06.02.2020 година, се отвори и првиот регионален клуб во Скопје.

Клубот се наоѓа на ул.Димитрие Чуповски бр.28, во центарот на Скопје, во зградата до СУГС ,,Ј.Б. Тито” – Скопје.

Во просторот во кој е лоциран клубот работат и истиот го користат и други невладини организации и здруженија, распоредени по денови и термини во текот на неделата.

Термин кој е наменет исклучиво за потребите на ЗИЗ Тутела е секој четврток, во периодот од 17:00 до 19:00 часот.

Клубот ќе биде отворен секој четврток во наведениот термин. Во него ќе се одржуваат средби, работни состаноци, ке работат стручните групи, ќе се држат информативно – стручни обуки согласно интересот и потребите на членовите на ЗИЗ Тутела.

Би напоменале дека ова е еден од низата клубови кои планираме во иднина да ги отвориме и во други региони од државата, согласно бројот на членовите и регионот од кој доаѓаат.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *