ПОВИК ЗА УЧЕСТВО !!!

Почитувани,

Ни претставува посебна чест, по ВТОР ПАТ, да Ве поканиме да земете активно учество со аплицирање, во изборот на најдобрите литературни творби изработени од учениците од Р.С. Македонија на конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 година”, настан кој за втор пат се одржува, и преминува во традиција.

БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 ГОДИНА, е проект одобрен од Министерството за образование и наука, бр.12-13283/3 од 23.01.2020 година.  

За сите случувања и чекори при реализација и кои се во врска со минатогодишниот проект, БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2019 година, можете да се информирате на следнот линк https://tutela.org.mk/2019/12/31/

Вашето учество се содржи, со апликација во категорија (расказ или песна) напишани во периодот 28.04.2019 – 16.04.2020 година, чија тема е БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.

Цалокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции Бирото за развој на образованието.

Рокот за апликација започнува на 01.03.2020 година и ќе трае се до 16.04.2020 година.

Литературните творби се доставуваат задолжително во формат(.pdf и .doc/.docx – Ms Word) заедно со пополнетата апликација на следната e-mail адреса dobrapraksabzr@gmail.com .

Доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која ќе се одржи на ден 28. 04. 2020 г.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА

Право на учество има секој ученик од основно образование, запишан во било кое ООУ на територија на Р.С. Македонија.

Во зависност од видот на литературна творба, секој ученик ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до пето одделение)
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до пето одделение)
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до девето одделение)
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до девето одделение)

Покрај наградите за учениците ќе се доделат награди и за менторите на учениците и училиштата.

Формуларот (апликацијата) за учество на Повикот можете да го превземете:

  • Во верзија Ms Word:
  • Во верзија .pdf:

Во самиот формулар (апликација) задолжително се запишува името на менторот на ученикот (наставник, професор и сл.).
Секое Училиште во формуларот предлага член за комисијата која ќе ги евалуира пристигнатите трудови, кој може да биде наставник или професор по Македонски јазик како и друг наставник, професор или вработен во стручни служби, кој има издадено најмалку една збирка на песни или раскази.

Во зависност од бројот на пристигнатите трудови, организаторите планираат печатење на збирка од сите пристигнати трудови (во согласност со авторите и нивните застапници) која ќе биде промовирана во месец Октомври за време на Европската недела за безбедност и здравје при работа и после тоа поделена, покрај во задолжителните институции и во училишните библиотеки и библиотеките на организаторите.

Јазик на пишување и доставување на творбите

Јазикот на кој треба да се пишуваат и достават творбите е мајчин јазик. Творбите кои ќе бидат напишани на јазик различен од Македонскиот јазик треба да бидат преведени и на Македонски јазик.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Изборот на награди ќе го изврши стручна комисија која ќе се состои од сите предложени членови на комисијата од секое училиште кое аплицира со најмалку еден труд. Секое училиште апликант предлага само еден член на комисијата.
Организаторите по добивањето на литературните дела истите ги препраќа до сите членови на комисијата (во .pdf формт) без ознака од кое училиште доаѓаат.
Членовите на комисијата во зависност од бројот на пристигнати литературни дела ги вреднуваат во секоја посебна категорија, со тоа што нема да можат да ги вреднуваат делата кои се од нивното училиште, за да се обезбеди непристрасност.
Рангирањето се врши за секоја категорија посебно според збир на бодови од сите членови на комисијата.

НАПОМЕНА: Ако имате прашања во врска со Повикот за ГОДИШНИ НАГРАДИ “БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 година ”, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com и тел. 070 / 54 79 41 (Лидија).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *