Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,
На ден 10.03.2020 година од страна на Владата на РС Македонија е добиен Одговор на дописот на ЗИЗ Тутела (наш број 03-02/3 од 14.02.2020 година) кој беше реакција на Решението на Владата на РСМакедонија за именување на членови на Советот за БЗР (Сл.Весник на РСМ 29/20).

Одговорот можете да го превземете на овде

Првичниот Допис можете да го видите на следниот линк https://tutela.org.mk/2020/02/14/

Согласно одговорот, ИО на ЗИЗ Тутела, одлучи да изврши консултација и усогласување со двете Здруженија (ЗЗПРБитола, Битола и ЗБР 28 Април) за заеднички Допис до МТСП, во кој ќе се наведе дека поради законската неможност (согласно одговорот) да се промени актуелниот ,,претставник”, ние како Здруженија кои ниту го делегирале ниту го избрале истиот, ќе побараме од МТСП во иднина преку нивните претставници во Советот за БЗР да ни доставуваат информации за актуелните теми кои ќе се обработуваат согласно дневниот ред на седниците на Советот, а се од заеднички интерес за струката, со цел и согласно потреби како стручни здруженија да ги искажеме своите ставови, предлози и активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *