29.02.2020 г – По повод две години од формирањето на ЗИЗ Тутела, со почеток во 20:00 часот, во BIS Lounge bar, беше oрганизаирана “РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА”.

01.03.2020 – ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – ГОДИШНИ НАГРАДИ ЗА ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО ОБЛАСТА БЗР ВО 2019 г.
ЗИЗ ТУТЕЛА заедно со Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа 28 Април – Скопје, го објави повикот за учество на конкурс за доделување на годишни награди за добри практитки во БЗР за 2019 година,
Награди ќе бидат доделени во 4 категории:
Категорија 1 – Услужни дејности;
Категорија 2 – Административни дејности;
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.
А) Мали претпријатија – до 50 вработени;
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени;
В) Големи претпријатија – над 250 вработени;
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

01.03.2020 – ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – ГОДИШНИ НАГРАДИ ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 ГОДИНА”.
ЗИЗ ТУТЕЛА заедно со Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа 28 Април – Скопје, го објави повикот за аплицирање, во изборот на најдобрите литературни творби изработени од учениците од основните училишта на конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020“ настан кој за втор пат се одржува.
Во зависност од видот на литературна творба, секој ученик ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение);
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение);
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение);
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение).

10.03.2020 – Одржан е работен состанок помеѓу претставници на МТСП и 8 претставници на ЗИЗ Тутела ( би напоменале дека за состанокот од страна на ЗИЗ Тутела се пријавија 46 члена, но по сугестија на МТСП бројката беше редуцирана на 8 претставници). Работниот состанок се одржа во коректна атмосфера при што од страна на претставниците на ЗИЗ Тутела беа потенцирани проблемите со кои се соочуваат стручните лица на терен и после донесувањето на новиот Правилник.

11.03.2020 – Следејки ги актуелните случувања во поглед на ширењето на COVID-19, изготвени се голем број на флаери со кратки базични информации и препораки за превземање на мерки и постапки со цел спречување на ширењето или ублажување на последиците по здравјето на вработените на нивните работни места од SARS CoV 2 вирусот. Радува фактот, што во голем број објекти, хали, продавници, маркети, фирми и други правни субјекти, флаерите беа јавно поставени и искористени во насока на информирање на вработените.

20.03.2020 – доставен Допис до Групациjата за БЗР и ППЗ при Стопанската комора на Македонија, со цел поддршка на компаниите кои нудат услуги од безбедност при работа и ПП заштита, а кои во овој момент трпат големи последици поради актуелната криза од Коронавирусот.

28.04.2020 – Одбележан светскиот ден за БЗР , 28 април, во согласност со препораките на Владата за социјално дистанцирање. Со почеток во 11:00 часот, преку апликацијата ZOOM, се организираше on-line конференција со членовите и останати чинители од областа Безбедност и здравје при работа во РС Македонија.

28.04.2020 – Излезе петтиот број на Првото струшно списание за БЗР ТУТЕЛА. Во него ексклузивно беа објавени:
– Интервју со директоroт на ДИТ, г.Алајдин Хавзиу
– Статија во врска со новата кампања на EU-OSHA, Здрави работни места 2020-2022, од д-р Криста Селдачек, Извршен Директор на EU OSHA

24.06.2020 – Доставен Допис до Министерството за здравство со барање за укинување или измена на Решението бр.17-2614/1 од 19.03.2020 г., донесено од Министерство за здравство

03.07.2020 – Доставен Допис, со барање насока/мислење од страна на ресорното Министерство (МТСП) за изнаоѓање прифатливо правно решение за надминување на моменталната состојба со здравствените прегледи на вработените, по донесување на Решението бр. 17-2614/2 од 01.07.2020 г. од страна на Министерот за здравство, со кое се одобри продолжување на вршење на здравствени прегледи (систематски, претходни, насочени и периодични) на вработените.

08.07.2020 – Успешно е реализирана и деветата стручна обука за своите членови, прва во 2020г. на тема POST CORONA – STARTS NOW, БИДИ ПОЗИТИВЕН – ОСТАНИ НЕГАТИВЕН. Имајки ја во предвид актуелната состојба со светската пандемија на КОВИД-19, во присуство на 72 присутни лица, обуката беше организирана со посебен протокол и примена на мерки, средства и опрема за спречување на ширење на коронавирусот, со целосно исполнување на актуелните протоколи и препораки на надлежните институции за ваков вид на настани.

08.07.2020 – Потпишан Меморандум за соработка со Македонското Здружение за медицина на трудот

31.07.2020 – Поради немање никаква реакција и одговор на претходниот Допис кој ЗИЗ Тутела го достави до МТСП а кој беше во врска со новонастанатата ситуација со донесувањето на Решението бр. 17-2614/2 од 01.07.2020 г. од страна на Министерот за здравство, со кое се одобри продолжување на вршење на здравствени прегледи (систематски, претходни, насочени и периодични) на вработените , ЗИЗ Тутела уште еднаш но овој пат заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија, изготвивија и доставија нов Допис во врска со истиот новонастанат проблем кој ги засега и стручните лица по БР и самите работодавачи.

13.08.2020 – Во рамките на своите делувања во поглед на актуелните проблеми со начинот на реализација на одложените превентивни прегледи на вработените, земајќи ги во предвид Дописите до надлежните институции и одговорот од МТСП, ЗИЗ Тутела со почеток во 09:45 часот организираше тркалезна маса на тема ,,РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА НА КОВИД -19″. На настанот присуствуваа претставници на Владата на РСМ, МТСП, ДИТ, ОРМ, Институт за јавно здравје на РСМ, Македонско здружение за недицина на трудот. Иако уредно беа поканети не дојдоа претставници од ССМ и Институтот за медицина на трудот на РСМ.

14.08.2020 – до надлежните институции беа доставени усогласените заклучоци, кои се донесоа на тркалезната маса на тема РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА НА КОВИД -19.

10.09.2020 – Обука во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела,Скопје и Македонското здружение за медицина на трудот, со поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје. Во присуство на 105 присутни членови на двете Здруженија, претставници од МТСП, ДИТ, Фондацијата ФЕС, согласно сите препораки и протоколи за заштита во услови на светска пандемија од КОВИД 19, се обработи темата:,,Превенција и управување со мускуло-скелетни нарушувања поврзани со работата”
За самата обука од страна на МТСП  – FOCAL point, доставена е информација до EU OSHA, по што за обуката беше објавено и на web страната на EU OSHA

29.09.2020 – Доставен Допис-реакција до сите надлежни чинители од областа БЗР (МТСП, Министерство за здравство, ДИТ, Институт за јавно здравје, Институт за медицина на труд, ОРМ, Синдикални организации во РСМ, СКМ, Сојуз на СКМ), во кој ќе се даде стручно мислење за актуелните случувања во областа БЗР во време на пандемија од SARS-CоV-2 вирусот .

19 – 23.10.2020 – Европска недела за БЗР (EUOSHA), стартуваше и Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот

Во рамките на одбележување на истата се одржаа следните активности:

19.10.2020 – Членовите на ЗИЗ Тутела, г-ѓа Надица Фотев и г-дин Борче Стојчевски гостуваа во утринската програма на МРТ1, на тема: ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА БЗР

22.10.2020 – Доставен нов предлог Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар

22.10.2020 – во ООУ,,Гоце Делчев”, с.Љубанци, Општина Бутел, беше промовирана ВТОРАТА Збирка песни и раскази ,,БЗР од МАЛИ НОЗЕ”.

22.10.2020 – Излезе шестиот број на Првото стручно списание за БЗР ТУТЕЛА.

22.12.2020 – Стручна наменска обука од серијалот POST CORONA – STARTS NOW, на тема БЗР – ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ наспроти ПРЕПОРАКИ И МЕРКИ.
On-line oбука во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, со поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје. Во присуство на 108 члена на ЗИЗ Тутела и претставници од ДИТ. На почетокот на настанот на сите присутни им се обрати директорката на ДИТ г-ѓа Јована Тренчевска. Фондацијата ФЕС, согласно сите препораки и протоколи за заштита во услови на светска пандемија од КОВИД 19, се обработи темата:,,Превенција и управување со мускуло-скелетни нарушувања поврзани со работата”

22.12.2020 – Во услови на светска пандемија од COVID-19, во присуство на 104 члена на ЗИЗ Тутела, се одржа Третото редовно годишно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје. . Собранието се одржа преку Microsoft Teaмs апликацијата

31. 12. 2020 – На on-line состанокот на ИО на ЗИЗ Тутела, Скопје, едногласно одлучи да се одвојат 15% од расположливите средства на сметката на ЗИЗ Тутела, и истите да се уплатат на јавно објавената сметка за донации на Црвениот крст на РС Македонија, наменети за настраданите во зејотресот во Република Хрватска.

31.12.2020 – Објавен е сумарниот извештај за проектот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 година, со констатација дека и овој пат, во време на пандемија, во време на ограничувања, лична, колективна заштита и грижа за сопственото здравје, здравјето на најблиските, во време на КОВИД-19, најмладите најсериозно пристапија и исполнија уште стотина страници од нивното гледање на безбедноста и здравјето при работа.Ваквиот однос и одговорност на најмладите, нивните ментори, наставници, родители … ни потврди дека сме на правиот пат и воедно ни претставува поттик да продолжиме и уште повеќе да се заложиме културата за БЗР да се развива и негува од мали нозе. Следува БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021.

20.01.2021 – Здружението на инжeнери за заштита Тутела, Скопје и Европското здружение на инженери за безбедност, поаѓајќи од заедничките цели, во одбрана на интересите на струката и на своите членови кои ги застапуваат, потпишаа Протокол за соработка.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

За секоја активност повеќе можете да прочитате хронолошки на www.tutela.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *