Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Советот за безбедност и здравје при работа е експертско советодавно тело од областа БЗР, основано од Владата на Република Северна Македонија, во согласност со член 43 и 44 од Законот за безбедност и здравје при работа.
Советот го сочинуваат 15 члена, претставници од различни субјекти и заинтересирани страни од областа и тоа:

  • 4 члена од репрезентативните организации на работодавачи;
  • 4 члена од репрезентативните синдикати;- 3 члена именувани од Владата на РСМ;
  • 1 член – претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на безбедност при работа;
  • 1 член –претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на медицина на трудот;
  • 1 член – претставник на здружение на стручни лица за безбедност при работа  и
  • 1 член – претставник на здружение на експерти на медицина на трудот.

Советот за БЗР разгледува и дава мислења и препораки за состојбите во областа на БЗР, стратешки и оперативни документи од областа, за политики за спречување и намалување на повредите на работното место, професионалните болести и други болести и повреди кои се поврзани со работата, за стручните основи за изработка на закони и други прописи за БЗР, за документи на меѓународни организации од областа итн.

Последно решение во врска со назначување на членови на Советот за БЗР беше објавено во Сл.Весник на РСМ бр.29_2020.

На Седницата на Владата на РСМ одржана на ден 30.03.2021 година на предлог на Министерството за труд и социјална политика, а врз основа на Допис доставен од трите Здруженија на стручни лица од областа БР, Здружение за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружение за безбедност при работа 28 Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, беше иницирано пормена на актуелниот претставник г-дин Милан Петковски, МЗЗПР, со нов претставник поддржан од трите Здруженија г-дин Борчe Стојчевски, член на ЗИЗ Тутела, Скопје.

Новото Решение за измена на Решението за назначување на членови на Советот за БЗР е објавено во Сл.Весник на РСМ бр.73_2021.

Во име на ИО на ЗИЗ Туела и сите 185 членови на ЗИЗ Туела му посакуваме успешна работа на новиот претставник на Стручните лица во Советот за БЗР на РСМ.

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *