МОТ го прославува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа на 28-ми април со цел да го промовира спречувањето на несреќи и болести на глобално ниво. Тоа е кампања за подигнување на свеста која има за цел да го фокусира меѓународното внимание на новите трендови во полето на безбедноста и здравјето при работа, како и на бројот на повредите, болестите и жртвите што се поврзани со работата  во целиот свет. Со прославата на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, МОТ промовира креирање на глобална превентивна култура за безбедност и здравје која ги вклучува составните делови на МОТ и сите клучни чинители во оваа област. Во многу делови од светот, националните власти, синдикатите, организациите на работодавачи и безбедносните и здравствените работници организираат активности за прославување на овој датум. На 28 април, исто така, е Меѓународниот ден на комеморација за мртви и повредени работници организирани ширум светот од страна на синдикалното движење од 1996 година. Неговата цел е да го почитуваме споменот на жртвите на несреќи и болести на работното место преку организирање мобилни кампањи и кампањи за подигање на свеста на овој датум.

Оваа година, Светскиот ден за безбедност и здрвје при работа и Светскиот ден за борба против детскиот труд се соединуваат во заедничка кампања за подобрување на безбедноста и здравјето на младите работници и искоренување на детскиот труд.

http://www.ilo.org/ipec/Campaignandadvocacy/wdacl/2018/lang–en/index.htm

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *