-=


ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖEНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА

Од идеја до реализација

Една идеја за да созрее, да стане полнолетна, да се реализира, потребни се саати, денови, па дури и години.

Често пати реализацијата се пролонгира, оставајки можност на друг длабоко навлезен во проблематиката да ја оствари и реализира.

Но како минува времето, како се губи смислата, како се рушат вредностите, идејата забрзано преминува во цел и е се поблиску до реализација.

28.02.2018, Среда, 18:00 часот, Стопанска комора – идејата се реализира.

Идејата за нов импулс во струката, наиде на поддршка кај голем број личности, не само од струката, напротив и кај другите активни чинители од областа.

   
 

TUTELA(лат.)-заштита, но не само заштита на работникот, туку и заштита и грижа пред се на човекот, на фамилијата, за поколенијата, на достоинството, на немоќните и деморализираните. Ретко кој се води од фактот дека и работникот е пред се човек.

Раката е подадена за сите,  дали ќе ја прифатите или не …… Одлуката е Ваша.

Ние сме тука и постоиме, дали патот ќе го газиме заедно или самостојно, секој за себе, зависи од сите нас.

Да оставиме позитивен белег на времето во кое постоиме.

ЗИЗ ТУТЕЛА

КОДЕКС

НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ЕТИКА

Времето во кое живееме е еден од потешките периоди за луѓето кои работат на полето на безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита (Заштита). Тие се изложени на разновидни притисоци и искушенија, што ги носат луѓето и животот. Исто така и самата професија ги подложува на многу предизвици и искушенија, вклучувајки го и искушението за избор меѓу струката и профитот.

Член 1

Фундаменталните етички принципи произлегуваат од моралната филозофија втемелена врз чесност, правичност и учтивост и обликувана со сваќањето за взаемно внимание меѓу луѓето како основа на личната култура.  Личноста која работи на полето на заштита (заштитар), овие норми ги прифаќа како собир на динамични начела што го раководат во стручната практика и приватниот живот, придонесувајки да се оживотворат. Тој смета дека му е должност својата стручна работа да ја приспособи кон овие начела.

Со оглед на тоа што чесноста е вистински темел на стручното водство, заштитарот, достоинствено, предано и непристрасно треба да ги извршува своите обврски кон народот, вработените и работодавaчите.

Должностите на заштитарот може да се сметаат и природно претставуваат дел од општествениот живот, па тој мора да биде и е подготвен да го применува своето стручно знаење за добро на општеството.

Заштитарот треба да го подигнува влијанието на струката и да ги избегнува сите деловни активности или претпријатија кај кои се забележуваат сомнителни дејствија.

Соработувајки со своите колеги низ однос на взаемно почитување, тој секогаш треба да биде љубезен и толерантен и пред се, треба да се раководи од стручните аргументи и расудувања.

ЗА СТРУЧНАТА РАБОТА

Член 2

Заштитарот треба да придонесува за унапредувањето на заштитата по пат на размена на податоци, знаења и искуства со други заштитари, како и со соработка со други здруженија, образовни, научни и стручни установи и издавачи на стручна литература од областа на заштитата.

Член 3

Заштитарот не треба да ја истакнува својата активност за да омаловажи или обезвредни нечија друга активност, бидејки тоа би значело обесчестување на својата струка. Тој треба совесно и достоинствено да учествува во јавни професионално – стручни полемики и трибини кога треба да се утврдат аргументирани научно втемелени вистини за спорни прашања или алтернативни можни решенија.

ЗА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА

Член 4

Заштитарот треба да се стреми кон проширување на стручното знаење и треба да спречува злонамерни, нестручни или некои други неодмерени, односно претерани согледувања и прикази од областа на БЗР/ЗПР и ППЗ.

Член 5

Главна обврска на заштитарот е да се грижи за сигурноста и здравјето на општеството и на вработените кои може да бидат загрозени при извршување на професионална работа и од придружните опасности на технолошкиот развој.

Член 6

Ако во своето работење заштитарот забележи негативна појава која го загрозува психофизичкиот интегритет на работниците или негативно влијае на пошироката околина должен е да превземе мерки да се отстрани таа појава. Ако тоа не успее да го стори сам должен е да се обрати на Здружението или надлежните државни органи.

Член 7

Заштитарот може да изрече мислење или став само ако доволно ги познава карактерот, природата и објективните сознанија за научниот, техничко – технолошкиот или некој друг проблем, а ако учествува како сведок или вешто лице на суд, стручни комисии или други трибини, мора чесно и совесно да расудува за што всушност се работи и објективната вистина да ја изнесе во јавноста.

Член 8

Заштитарот нема да искаже некоја критика или поглед во врска со кое и да било општествено прашање заради некој свој приватен интерес, ако не процени во чија полза ги кажува своите ставови.

Член 9

Заштитарот мора да се воздржи од изложување сопствен став или мислење за некои стручни прашања ако не ги познава фактите и другите објективни податоци во врска со тоа прашање.

ЗА ОДНОСИТЕ СО СТРАНКИТЕ/ВРАБОТЕНИТЕ

Член 10

Заштитарот треба да се однесува кон секоја странка или вработен, стручно, правно коректно, искрено и со уважување на личната

доверливост. Секогаш треба да му бидат туѓи расната и религиозна нетолеранција и националната исклучивост.

Член 11

Заштитарот треба да биде професионално непристрасен и човечки праведен при решавањето проблеми кои настанале помеѓу соработниците, странките, вработените, работодавците и инвеститорите во текот на професионалната работа.

Член 12

Заштитарот треба јасно да ја определи својата позиција кон странките или работодавецот пред да ја преземе работата, а особено ако станува збор за купување апарати, знаење, машини и уреди и се друго од кое може да има парична или друга полза.

Член 13

Заштитарот мора да дејствува против се она што може да го загрози здравјето и животот на граѓанинот, како и градбата или областа за која е одговорен. Ако не е непосредно одговорен мора да се потруди да ја предупреди одговорната личност со цел да се отстранат или спречат воочените опасности.

Член 14

Заштитарот кој е одговорен за работи во смисла на претходниот член, јасно треба да ги предочи последиците што би можеле да настанат заради тоа што не се спроведувале техничките упатства.

Член 15

Заштитарот треба да ја упати странката или работодавецот да ангажираат други стручни лица или специјалисти за да се обезбеди целосна заштита на интересите на странката.

Член 16

Заштитарот нема да открие или даде ниту еден податок во врска со работата или техничко – технолошката изведба, без да има добиено одобрение од странката или работодавецот.

Член 17

Заштитарот нема да прифати паричен или кој и да било друг надоместок од повеќе од една странка за една дадена работа или за работи кои се однесуваат на ист предмет без согласност на заинтересираните странки.

Член 18

Заштитарот нема да прифати непосредни овластувања или потврди од изведувачите или други странки во однос кон неговиот работодавец во врска со работата за која е непосредно одговорен.

Член 19

Заштитарот, без согласност на својот работодавец, нема да биде и парично заинтересиран, при натпревар за изведбени или други професионални работи, во средината во која е вработен или ангажиран како заштитар.

Член 20

Заштитарот треба навреме да го информира работодавецот или странката за какви и да било интереси во врска со работата која што ја извршува. Тој нема да си допушти каква и да е полза, која би можела да влијае на неговите одлуки во текот на изработка на задачата или на одлуките за чие донесување е задолжен.

ЗА ОДНОСИТЕ СО ДРУГИ ЗАШТИТАРИ

Член 21

Заштитарот секогаш треба да се стреми да ја заштити струката од сите недоразбирања или нестручно објавени стории во заедницата на заштитари и да е професионално општествено одговорен поединец во јавноста.

Член 22

Заштитарот треба да го подржи начелото на сите кои учествуваат во стручната работа да им биде обезбеден и даден соодветен надоместок, а исто така и на оние кои учествуваат во општиот дел од работата кој подразбира однос со јавноста и одржување на етиката и нормите на струката.

Член 23

Заштитарот мора да се стреми да обезбедува предуслови за стручен напредок и развој на заштитарите во струката.

Член 24

Заштитарот нема да си допушти непосредно или посредно да осуди стручен углед или труд на друг заштитар без учество на здруженијата. Но, се разбира, ако смета дека некој заштитар е одговорен за неправда, нечесна, неетичка или слично оценета работа, преку Здруженијата треба да ги предаде соодветните податоци на надлежниот орган на Здружението за проценка и осудување.

Член 25

Заштитарот нема да настојува да потисне друг, конкурентски заштитар од некоја зделка кога ќе дознае дека се донесени конечни одлуки. Заштитарот нема да се натпреварува со други заштитари врз база на потценување на работата или снижување на вообичаените надомести прифатени во Здружението.

Член 26

Заштитарот нема да се стекнува со финансиски или други подмитливи средства за да учествува во натпревар со други заштитари бидејки тие ја деградираат како самата струка, така и професионално сталешката личност на заштитарот.

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, на седницата одржана на ден 05. 05. 2022 година, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, изврши измена и дополнување на Статутот и го усвои и донесе следниот:

 

ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ

   на

С  Т  А  Т  У  Т

на

 Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје


  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

1.1 Карактеристика на Здружението

 Член 1

(1)    Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА” од Скопје (во понатамошниот текст „Здружение“) е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани.

     1.2 Цел на Здружението

Член 2

(1) Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради остварување на своите права и обврски како стручни лица кои работат на полето на безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита, со цел промоција и унапредување на безбедноста и здравјето при работа/заштита при работа и противпожарната заштита во Р. Македонија и пошироко регионално и на меѓународно ниво.

       1.3 Подрачје на дејствување

Член 3

(1) Здружението дејствува на територијата на Република Македонија. Здружението во своето дејствување може да се проширува, здружува и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации и здруженија во земјата и странство согласно Уставот и Законите на Република Македонија и овој Статут.

 Член 4

(1) Здружението како Здружение, своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во  согласност со обврските кои се утврдени со Уставот на Република Македонија, со овој  Статут и Законите на Република Македонија.

      1.4 Назив на Здружението

Член 5

(1) Називот на здружението на граѓани е: Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”

(2) Името на англиски јазик е: Association of Safety Engineers ,,Tutela”

(3) Скратениот назив на Здружението е: ТУТЕЛА, Скопје

 

     1.5 Седиште на Здружението

Член 6

(1) Седиштето на здружението е во Скопје на ул. Антон Попов бр.6.

 

     1.6 Лого-знак на Здружението

 Член 7

 (1) Логото на Здружението е круг во чија внатрешност се наоѓаат:

– централно е поставена  апликација составена од збир на геометриски фигури (круг, полукруг, триаголник и правоаголник) изротирани, преклопени и поставени, така да формираат две човечки фигури свртени една кон друга, меѓу кои се поставени два преклопени делови од два полукруга во облик на мост кои ги поврзува;

– боите кои се застапени на апликацијата се две нијанси (посветла и потемна) на зелена боја;

– во горниот дел околу апликацијата е испишано со кирилични букви во црна боја Здружение на инженери за заштита;

– во долниот дел под апликацијата во два реда со кирилични букви во црна боја се испишани зборовите ТУТЕЛА и Скопје.

       1.7 Застапување на Здружението

 Член 8

(1) Здружението има својство на правно лице со права, обврски и одговорности кои произлегуваат од овој Статут и законските прописи.

(2) Здружението го претставува и застапува Претседателот, или по негово овластување членови на Здружението.

        1.8 Печат и штембил на Здружението

  Член 9

(1) Здружението има свој печат и штембил.

(2) Печатот е тркалезен, еднобоен и описно идентичен со изгледот на логото на Здружението, опишано во член 7 од овој Статут.

(3) Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст: Здружение на инженери за заштита Тутела на Македонски  јазик  со кирилично  писмо, број, дата и место.

  1. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

       2.1 Цели на Здружението

Член 10

 (1) Основни цели на здружението се:

– овозможување и поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од овој Статут.

– промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.

– развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита

– ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;

– организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

 2.2 Задачи на Здружението

Член 11

 (1) Основни задачи на Здружението се:

– организирање на конференции, семинари, стручни средби, обуки и друг вид на активности, од локален и меѓународен карактер;

– овозможување стручна помош и нудење решенија за конкретни прашања од безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита во рамките на својата стручна надлежност;

– информирање на своето членство и на граѓаните на Република Македонија преку печатените и електронски медиуми како и јавни настапи;

– заложба за правото на човекот за безбедна и здрава работна средина;

– поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;

– спроведување на заеднички проекти

– активно учество на јавни расправи, научни стручни собири организирани од други здруженија и организации;

– организирање на конкретни програмски активности;

– соработка со други здруженија во Република Македонија и пошироко на регионално и меѓународно ниво;

– издавање публикации  од областа безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита (интернет, социјални мрежи, книги, списанија и др.)

(2) Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа.

  1. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 12

(1) Работата на Здружението е јавна.

(2) Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување (на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално – финансиско работење и друго.

(3) За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, интернет стараница и јавните социјални мрежи.

  1. ЧЛЕНОВИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

       4.1 Зачленување во Здружението

Член 13

(1) Зачленувањето во Здружението е доброволно.

(2) Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.

(3) Членството во Здружението се потврдува со упис во регистар на членови.

(4) Здружението за своите членови води регистар на членови кој се ажурира најмалку еднаш годишно или пред секое собрание.

(5) Податоците од регистарот се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.

       4.2 Престанок на членување во Здружението

Член 14

(1) Членството во Здружението може да престане:

– по свое барање на членот на Здружението,

– ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него,

– ако дејствува против целите на Здружението,

– ако не ја плаќа редовно чланарината,

– смрт на членот

(2) Одлука за престанок на членството во Здружението донесува Извршниот Одбор на Здружението.

        4.3 Членарина                            

Член 15

(1) Износот на членарина ја одредува Собранието на Здружението со посебна одлука.

        4.4  Видови на членство   

 Член 16

(1) Членството во Здружението е исклучиво индивидуално.

       4.5  Стручни услови за членство во Здружението

 Член 17

(1)Член на Здружението може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија или странец, кој се стекнал со образование дипломиран инженер, магистар или доктор на науки од областа на заштита при работа (безбедност при работа) и лица кои се стекнале со уверение за положен стручен испит за безбедност при работа, лица кои се стекнале со образование дипломиран инженер, магистар или доктор на науки од областа противпожарна заштита, како и лица кои потврдно ќе докажат дека работат во областите безбедност при работа и противпожарна заштита кои доброволно ќе пристапат кон Здружението со давање на писмена изјава.

      4.6  Права на членовите на Здружението

Член 18

(1) Членовите имаат право:

-да бират и да бидат бирани во органите на Здружението;

-да учествуваат и одлучуваат во сите органи на Здружението на начин утврден со Статутот и другите одлуки на Здружението;

-да придонесуваат во развојот, промовирање и популарноста на Здружението;

-доброволно да се откажаат од членувањето и

да ги изнесуваат своите ставови по поставени прашања.

      4.7  Должности на членовите на Здружението

Член 19

 (1) Членовите на Здружението се должни:

-да го почитуваат Статутот и другите одредби на Здружението;

-да учествуваат и одлучуваат во сите органи на  Здружението на начин утврден со Статутот и другите одлуки на Здружението;

-да присуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувњето на целите на Здружението;

-да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението;

-да ги извршуваат активностите предвидени со Програмата за работа;

-да го почитуваат Кодексот на професионална етика и

-да ја плаќаат определената членарина.

  1. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 Член 20

(1) Здружението остварува средства од:

– членарина;

– донации, доброволни прилози;

– буџет на РМ и локалните самоуправи;

– давање на услуги на други здруженија, организации и институции;

– провизии од органи, организации;

– заедници и од други установи;

– од трговски друштва и други правни лица;

– од други услуги (имотни права и сл.) и

– од други извори предвидени со Законот и Статутот

Член 21

(1) Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми, утврдени со финансискиот план и врз основа на валидни документи.

Член 22

(1) За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежносите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и одстранување на незаконитостите.

Член 23

(1) Здружението донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.

(2) Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 20 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, материјали, трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата на Здружението. Финансискиот план може во секое време да се измени.

Член 24

(1) Здружението со посебна одлука може да формира акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност и друг облик, согласно Законот за трговски друштва на РМ.

 

  1. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 Член  25

(1) Органи на Здружението се:

  1. Собрание
  2. Претседател
  3. Извршен одбор
  4. Надзорен одбор

      7.1 Собрание на здружението

 Член 26

(1) Собранието е највисок орган на Здружението.

(2) Собранието на Здружението го сочинуваат сите членови на Здружението

(3) Гласањето на Собранието е согласно усвоениот деловник.

(4) Собранието избира Претседател со мандат од 4 години со право на повторен избор. Претседателот го застапува и претставува Здружението.

(5) Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 27

(1) Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата.

(2) Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма или по елетронски пат се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата.

Член 28

(1) На изборното собрание се избира:

-работно претседателство од три члена;

-записничар;

-двајца оверувачи на записникот;

-органи на управување на Здружението.

 Член 29

(1) Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието по сопствена иницијатива.

(2) Седници на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.

(3) Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите согласно став два од овој член.

(4) Седницата на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на Надзорниот одбор.

(5) Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 30

 (1) Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

(2) Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови, ако за одредено прашање не е предвидено друго мнозинство.

(3) На Собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од членовите гласањето може да биде и тајно.

(4) Членовите на Собранието во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.

(5) Во случај кога не е обезбедено присуство на мнозинството од членовите на Здружението, а сите членови на Собранието се уредно поканети и немаат најавено отсуство од Седницата, Седницата на Собранието се одложува за еден час во текот на истиот ден, по што Собранието работи согласно истиот дневен ред и Одлуките се носат со монозинство гласови од присутните членови.

Член 31

 (1)Собранието ги врши следните работи:

-донесува Деловник за работа;

-донесува Статут на Здружението и врши измени и дополнувања на истиот;

-усвојува годишен извештај, насоки и план за работa;

-усвојува завршна сметка и финансиски план;

-одлучува за промена на целите на здружувањето;

-одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението;

-одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;

-констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;

-избира Претседател на Здружението;

-донесува програма за работа на Здружението;

-на предлог на Претседателот на Здружението, избира и разрешува членови на Извршниот одбор;

-го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;

-ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;

-расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;

-донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;

-избира и разрешува членови на Надзорниот одбор;

-разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзорниот одбор;

-усвојува Кодекс на професионална етика и врши негови измени и дополни;

-одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство и

-врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

 

       7.2 Извршен одбор

Член 32

(1) Извршниот Одбор на Здружението е Извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развој на здружението во согласност на Статутот.

(2) Член на Извршниот одбор се изема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое лице врз кое тој има контрола или економски интерес.

Член 33

(1) Извршниот Одбор на Здружението може да брои минимум 5(пет), а максимум 7 (седум) члена.

(2) Мандатот на членовите на Извршниот Одбор трае 4 години.

(3) Претседател на Здружението е еден од членовите на Извршниот одбор и воедно тој е и Претседател на Извршниот одбор. Тој го претставува и застапува Здружението и е наредбодател и во областа на материјално финансиското работење на Здружението.

Член 34

(1) На член на Извршниот Одбор, мандатот може да му престане и пред истекот на времето за кое е избран и тоа ако:

– даде оставка во писмена форма и

– биде отповикан.

(2) Член на Извршниот Одбор може да биде отповикан:

– доколку 3(три) пати едноподруго без оправдани причини отсуствува од седниците на Извршниот Одбор;

– ја попречува работата на Извршниот Одбор и не го почитува Деловникот за работа;

– не е активен и не ги спроведува одлуките и задачите доделени од Извршниот Одбор;

(3) Иницијатива за отповикување, согласно Член 30 став 1 алинеа 1, поднесува Извршниот Одбор на Здружението.

(4) Иницијатива за отповикување согласно Член 30 став 1 алинеа 2, поднесува иницијаторот односно свикувачот на вонредното Собрание.

(5) Одлука за отповикување и за избор на друг член на Извршниот Одбор донесува Собранието на Здружението.

Член 35

(1) Извршниот Одбор ги врши следните работи:

-ги подготвува седниците на Собранието, подготвува материјали за седниците на Собранието;

-го подготвува нацрт статутот, предлага измени и дополнување на Статутот и ги подготвува другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;

-ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени на Собранието;

-ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението;

-формира Стручна служба и врши контрола на нејзината работа;

-управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;

-подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа;

-донесува и реализира годишна програма за работа;

-донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;

-констатира прием на нови членови и престанок на членување доколку за тоа биде овластен извршниот одбор од страна на собранието;

-именува и разрешува Генерален секретар на Здружението

-именува и разрешува Главен координатор на Здружението;

-именува и разрешува Координатор на Стручни работни групи

-донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и комисии и ја насочува нивната работа;

-организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;

-доделува одлуки за награди, пофалници и признанија;

-дава согласност за набавка и отуѓување на основните средства;

-дава согласност на Правилникот за организација и работните задачи на стручните служби на Здружението, и врши контрола на нивното работење;

-дава согласност на Правилникот за организација и Деловникот за работа на Стручните работни групи и врши контрола на нивното работење;

-донесува одлуки по приговори и жалби;

предлага и спроведува финансиски план и изготвува завршна сметка на Здружението;

-предлага формирање на ограноци на Здружението;

-именува членови на стручните служби на Здружението;

-донесува акти со кои се уредува работата на стручните служби и

-врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението и од Законот.

 Член 36

Извршниот Одбор за својата работа одговара пред Собранието на Здружението.

-Извршниот Одбор се состанува и одржува седници по потреба, но најмалку еднаш месечно или по барање на 1/2  од членовите на Извршниот одбор.

-Седницата на извршниот Одбор ја свикува Генералниот секретар на Здружението по иницијатива на Претседателот.

-Предлог за свикување на Седница на Извршниот Одбор може да поднесе една половина од членовите на Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието.

-Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство ќе раководи член од Извршниот одбор кој ќе го назначи Претседателот.

-Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот Одбор се уредува со деловникот за работа.

-Членовите на Извршниот одбор во секое време треба да ги имаат целите и интересите на здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.

Член 37

(1) Заради извршување на статутарните и програмските задачи и Одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира други работни тела.

        7.3 Надзорен одбор

Член 38

(1) Надзорниот одбор на Здружението брои 3(три) членa, од кои 2(два) члена се избираат од редот на надворешни лица, кои не се членови на Собранието, а 1 (еден) член се избира од членовите на Собранието.

(2) Претседателот на Надзорниот Одбор го избираат членовите на Надзорниот Одбор од своите редови.

(3) Членовите на Надзорниот одбор во исто време не можат да бидат и членови на други органи на здружението.

(4) Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години.

Член 39

(1)Надзорниот одбор работи на седници

(2) Седниците ги свикува претседателот и раководи со нивната работа.

(3) Претседателот на Надзорниот одбор свикува седници најмалку еднаш годишно и по потреба.

Член 40

(1) Надзорниот одбор ги врши следниве работи:

-врши надзор на правилното спроведување и примена на одредбите од статутот и другите општи акти на Здружението;

-врши надзор на извршувањето на одлуките на Собранието, Извршниот одбор и на другите тела на здружението;

-врши надзор за наменско трошење на средствата;

-еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид;

-предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата и

-врши и други работи согласно законот и актите на здружението;

(2) Своите наоди и одлуки надзорниот одбор ги доставува до Собранието и Извршниот Одбор на Здружението

        7.4 Генерален Секретар

 Член 41

(1) Генералниот секретар на Здружението ја организира работата и извршувањето на одлуките, заклучоците и другите акти што ги донесува Извршниот Одбор и Собранието на Здружението и е надлежен за координација и надзор на Координаторите, Стручните служби и стручните работни групи на Здружението.

(2) Генералниот Сектретар на Здружението се бира од страна на Извршниот одбор, со просто мнозинство, на предлог на Претседателот на Здружението од редовите на членовите на Извршниот Одбор, со мандат во времетраење од 4 години.

(3) Генералниот секретарот на Здружението, покрај работите утврдени со овој Статут и другите општи акти на Здружението ги врши и работите што ќе му ги довери Извршниот Одбор.(4) Генералниот секретар за својата работа одговара пред Извршниот Одбор и Претседателот Здружението.

Член 42

(1) Задачи на Генералниот секретарот се:

– пишува записници од седниците на собранието и на Извршниот одбор;

– ги врши сите административни работи и коренсподенција;

– го ажурира списокот на членови и доставува пристапници на потенцијални членови;

– ги администрира финансиските работи;

– ја чува архивата на Здружението и

– врши и други задачи доверени од Претседателот и Извршниот одбор на Здружението.

       7.5. Работни тела на Здружението

Член 43

(1) За извршување на административно стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението, Здружението може да се формира една или повеќе стручни служби и стручни работни групи.

(2) Организацијата и работата на Стручните служби и стручните работни групи се уредува со акти кои што ги донесува Извршниот одбор.

   7.5.1  Стручни служби на Здружението

Член 44

(1) Одговорен за правата должностите и одговорностите за работа на вработените во Стручните служби е Главниот координатор на Здружението

Член 45

(1) Главниот координатор на Здружението може да биде во редовен работен однос како и другите координатори со сите права, должности и одговорности што произлегуваат од ЗРО, Статутот и актите на Здружението.

Член 46

(1) За Главен координатор на Здружението може да биде назначено лице со работно искуство во странски и домашни организации, најмалку високо образование, познавање на странски јазик и работа со компјутери, пишување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како изразени организациони и менаџерски способности и квалитети.

Член 47

(1) Главниот координатор на Здружението и вработените во стручните служби не можат да бидат избрани за членови на извршните органи на Здружението.

     7.5.2  Стручни работни групи на Здружението

Член 48

(1) Одговорен за правата, должностите и одговорностите за работа на членовите во Стручните работни групи е Координаторот на стручни работни групи на Здружението.

(2) Стручните работни групи со своите мислења и ставови учествуваат во подготвувањето на соодветното законодавство, предлагаат и организираат стручни предавања, даваат одговор на стручни прашања и ја поттикнуваат континуираната едукација на членовите на Здружението.

Член 49

(1) Изборот и назначувањето на Главен координатор на Здружението и Координатор на стручни работни групи го врши Извршниот одбор на Здружението со мнозинство од гласови, имајќи ги во предвид одредбите од од член 47 од овој Статут.

Член 50

(1) Главниот координаторот на Здружението е одговорен за извршување на финансискиот план и се грижи за извршување на Одлуките и Заклучоците на Извршниот Одбор и Собранието на Здружението.

(2) Главниот координатор на Здружението и Координаторотна стручни работни групи се одговорни за својата работа пред Извршниот Одбор.

(3) Главниот координатор на Здружението по потреба учествув во работата на Извршниот одбор без право на глас.

(4) Главниот координатор на Здружението и Координаторот на стручни работни групи имаат право да свикаат седница на Извршниот одбор доколку за тоа имаат согласност од 1/2  од членовите на Извршниот одбор.

Член 51

(1) Средствата за работа на стручната служба и Координаторите се определуваат со финансискиот план за секоја година, и тоа средства за плати, материјални трошоци и други тековни средства за работа на Здружението.

 8. ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 52

 (1) Здружението престанува со работа во следниве случаи:

– ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието на Здружението;

– ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружение;

– ако настапат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија  и фондации;

– со забрана или решение за престанок на надлежен државен орган и

– други случаи утврдени со закон.

(2) Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

(3) Основачите на Здружението имаат право да го укинат здружението.

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 53

 (1)Толкување на одредбите на овој Статут дава Собранието на Здружението, а помеѓу две Собранија, Извршниот одбор на Здружението.

Член 54

(1) Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.

Член 55

(1) Овој Статут влегува во сила од денот на неговото донесување, на ден 05.05.2022 година.

Датум и место                                                                          

05.05.2022, Скопје

                                                   

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

 

Врз основа на член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита “Тутела”, на Првото вонредно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита “Тутела” на ден 20.12.2018 година, се усвојува следниот:

 

Д Е Л О В Н И К

за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита “Тутела”

 

 Член 1

(1)Со овој Деловник се утврдува начинот на работа и одлучување на Собранието на Здружение на инженери за заштита “Тутела”( во понатамошниот текст Собрание и Здружение).

 Член 2

(1)Седниците на Собранието може да бидат изборни, редовни и вонредни, свикани под итна постапка поради итноста на проблемот за кој треба да расправа Собранието.

(2)Собранието се свикува по потреба, но најмалку еднаш годишно.

(3)Седница на Собранието со Одлука свикува Претседателот на Собранието согласно одредбите од член 29 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

Член 3

(1)Во работата на Собранието право на учество и глас имаат членовите кои ги исполнуваат условите за членување во Здружението согласно член 17 од Статутот на Здружението и условите согласно член 19 од Законот за здруженија и фондации (Сл.весник на РМ бр.52/10 и 135/11)

Член 4

(1)Работата на Собранието може да биде отворена (од јавен карактер) и затворена за јавност.

(2)Во работата на Собранието која е отворена за јавност може да присуствуваат и можат да учествуваат и поканети гости и новинари, но без право на глас при носењето на одлуки на Собранието.

(3)На седница на Собранието која е од затворен карактер, исклучиво можат да присуствуваат и активно учествуваат лицата кои ги исполнуваат условите од член 3 од овој Деловник. 

 Член 5

(1)Собранието полноважно одлучува ако на седницата се присутни мнозинството од членовите на Здружението кои ги исполнуваат условите од член 3 од овој Деловник.

(2)Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните.

(3)Во случај да се гласа за повеќе Одлуки, за усвоена ќе се смета Одлуката која ќе биде прифатена со најголем број на гласови.

 Член 6

(1)Седницата ја отвора и со неа раководи претседателот на Собранието.

(2)Седницата на редовно или вонредно изборно Собранието ја отвара и до изборот на работно претседателство, раководи Претседателот на Собранието.

 Член 7

(1)За работата на редовно или вонредно изборно Собрание се избираат работни тела:

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • верификациона комисија – составена од три члена
  • изборна комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на записникот.

Член 8

(1)Работното претседателство предлага дневен ред, отвара дискусија по предложениот дневен ред, а потоа предложениот дневен ред го става на гласање.

 Член 9

(1)Расправата по утврдениот дневен ред се води пооделно по секоја точка од дневниот ред.

(2)Учесникот во расправата има право да се јави за збор еднаш по утврдената точка на дневниот ред.

(3)Поканетите гости имаат право на збор, пооделно по точките од дневниот ред, но немаат право да гласаат при одлучувањето на седницата на Собранието.

 Член 10

(1)Одлучувањето на Собрание е јавно, со произнесување по предложените акти со “за”, “против” и “воздржан”.

(2)Актот е донесен ако за него се произнеле мнозинството од присутните, согласно член 5 од овој Деловник.

 Член 11

(1)За работата на Собранието се води Записник кој потоа се заверува.

Член 12

(1)Овој Деловник стапува на сила и се применува од моментот на негово усвојување од страна на Собранието на Здружението.

 

Скопје,

20.12.2018 година

 

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

г-дин Владо Кочоски

 

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

M-р  Дејан Ангеловски

 

 

З А П И С Н И К

Од одржаното Прво Годишно Вонредно Изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

Првото Годишно Вонредно Изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА(во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 20.12.2018 година во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој со почеток во 16:00 часот. На Собранието, од уредно поканети 64 (шеесет и четири) членови и 5 (пет) гости, присуствуваа вкупно 33 (триесет и три) члена на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение) и 2 (двајца) гости.

На почетокот на присутните им се обрати Претседателот на Собранието г-дин Владо Кочовски и накратко ги објасни целта, идејата и потребата за одржување и спојување на редовното Годишно Собрание со Изборно Собрание, напоменувајки, дека имајќи ја во предвид бројката од 64 членови, заклучно со 20. 12. 2018 година, вонредното изборно Собрание е со цел запазување на демократските принципи и можноста секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите со потпис во списокот на присутни, со што се констатираше дека се присутни 33 (триесет и три) членови и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

Седницата се одвиваше по следниот:

Д Н Е В Н Е Н   Р Е Д

1. Избор и именување на работни тела на Собранието

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот

2. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје

3. Предлог измени на Статутот на Здружението

 – Донесување Одлука за пристаспување кон изменување и дополнување на Статутот на Здружението

– Усвојување Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Здружението

– Усвојување на Пречистен текст на Статутот на Здружението

4. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2018 година

5. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2018 година

6. Избор на Органи на управување на Здружението

-Претседател

-Извршен одбор

-Надзорен одбор

7.Предлог Програма за работа на Здружението за 2019 година

Дневниот ред беше предложен и едногласно прифатен од страна на членовите на Собранието.

Со Седницата претседаваше актуелниот Претседател на Собранието г-дин Владо Кочоски.

Прва точка: Избор и именување на работни тела на Собранието

-За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство

  1. г-дин. Владо Кочоски – претседател
  2. г-дин. Александар Матеев – потпретседател
  3. г-ѓа. Марија Хаџи Николова – потпретседател

Записничар

  1. г-ѓа Величе Арсова

Оверувачи на записникот

  1. г-дин Сашо Николовски
  2. г-дин Александар Костевски

 Втора точка: Собранието едногласно го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  На почетокот образложение за предложените измени, даде претседателот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, г-дин Дејан Ангеловски. При тоа посочи дека предлог измените и дополнувања на Статутот произлегоа од потешкотиите кои се јавија во функционирањето на Здружението посебно во делот со работните тела на Здружението. Предлог измените се со основна цел допрецизирање, поедноставување и подобро оперативно делување на Здружението.

По обраќањето на Претседателот на Здружението г-дин Дејан Ангеловски, Собранието едногласно ја усвои Одлуката за пристапување кон изменување и дополнување на Статутот на Здружението.

По предложената Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Здружението меѓу присутните се разви дискусија по предлог измените.

Од страна на г-динот Панче Цибрев беше побарано интервенција да се направи во член 16 од предлог Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Здружението, поточно од членот 46 од Статутот покрај предложените измени да се избрише и зборот ,,невладини”.

Предлогот беше ставен на гласање и истиот беше едногласно прифатен од присутните членови.

После конструктивната дискусија Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Здружението беше ставена на гласање и едногласно беше усвоена од присутните членови на Собранието.

По усвојувањето на Одлуката за изменување и доплнување на Статутот на Здружението, Собранието го изгласа и едногласно усвои пречистениот текст од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје.

Четвртта точка: Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше г-гица Лидија Атанасовска, по што Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2018 година, го презентираше г-динот Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието избра органи на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и тоа:

  1. За Претседател едногласно е избран

–    М-р Дејан Ангеловски

      2. За членови на Извршниот одбор едногласно се избрани

–    М-р Дејан Ангеловски

–    М-р Лидија Атанасовска

–    г-дин Александар Матеев

–    г-дин Владо Кочоски

–    г-дин Дејан Хаџи Димов

–    д-р Марија Хаџи Николова

–    г-дин Борче Стојчевски

    3. За членови на Надзорен одбор едногласно се избрани

–    Стевче Аврамовски

–    Никола Георгиев

–    Панче Ангеловски

Седма точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на здружението за 2019 година.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 18:45 часот.

Скопје, 20. 12. 2018 година

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

г-дин Владо Кочоски

Записничар  

г-га Величе Арсова

Оверувачи

1. г-дин Сашо Николовски

2. г-дин Александар Костевски)

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

M-р  Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на Предлог на Извршниот Одбор на Здружението, а со цел допрецизирање и поедноставување на организационото и оперативното делување на Здружението, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје на седницата одржана на ден 20. 12. 2018 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за пристапување кон изменување и дополнување на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје ќе изврши измена и дополнување на Статутот на Здружението.

Оваа Одлука е донесена со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието и е во согласност со одредбите од член 30 на Статутот на Здружението.

Член 2

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното донесување и потпишување од страна на овластеното лице.

Датум и место                                                                          

20.12.2018, Скопје                                                             

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

_________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на Предлог на Извршниот Одбор на Здружението, а со цел допрецизирање и поедноставување на организационото и оперативното делување на Здружението, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје на седницата одржана на ден 20. 12. 2018 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за изменување и дополнување на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1) Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје изврши измена и дополнување на Статутот на Здружението.

Член 2

(1)Во Член 10 се наведени целите на Здружението, кои остануваат непроменети и гласи:

  

(1) Основни цели на здружението се:

– овозможување и поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од овој Статут.

– промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.

– развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита

– ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;

– организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

  

Член 3

(1) Во член 11 се наведени задачите на Здружението, кои остануваат непроменети и гласи:

(1) Основни задачи на Здружението се:

– организирање на конференции, семинари, стручни средби, обуки и друг вид на активности, од локален и меѓународен карактер;

– овозможување стручна помош и нудење решенија за конкретни прашања од безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита во рамките на својата стручна надлежност;

– информирање на своето членство и на граѓаните на Република Македонија преку печатените и електронски медиуми како и јавни настапи;

– заложба за правото на човекот за безбедна и здрава работна средина;

– поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;

– спроведување на заеднички проекти

– активно учество на јавни расправи, научни стручни собири организирани од други здруженија и организации;

– организирање на конкретни програмски активности;

– соработка со други здруженија во Република Македонија и пошироко на регионално и меѓународно ниво;

– издавање публикации  од областа безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита (интернет, социјални мрежи, книги, списанија и др.)

(2) Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа.

 Член 4

(1)Во член 17 став 1 алинеја 5, после зборвите ,,безбедност при работа”, се бришат зборовите како и, а во алинеја 6 после зборовите ,,противпожарна заштита” се додава како и лица кои потврдно ќе докажат дека работат во областите безбедност при работа и противпожарна заштита.

Член 5

 (1) Во член 27 став 2, после зборвите ,,во писмена форма”, се додаваат зборовите или по електронски пат

Член 6

(1) Во член 30 се додава нов став 5 кој гласи:

 (5) Во случај кога не е обезбедено присуство на мнозинството од членовите на Здружението, а сите членови на Собранието се уредно поканети и немаат најавено отсуство од Седницата, Седницата на Собранието се одложува за еден час во текот на истиот ден, по што Собранието работи согласно истиот дневен ред и одлуките се носат со монозинство гласови од присутните членови.

Член 7

 (1)Во член 31 алинеја 11  на почетокот се додава На предлог на Претседателот на Здружението,.

Член 8

 (1) Во член 33 став 1 после зборот ,,Здружението” се додаваат зборовите може да, а после зборот ,,брои” се додаваат зборовите  минимум 5(пет), а максимум.

(2) Во член 33 став (3) се брише зборот седумте, а зборот членови се заменува со членовите.

Член 9

(1)Во член 35 алинеја 17  зборот нејзиното, се заменува со нивното

(2) Се додаваат две нови алинеи

-именува и разрешува Координатор на Стручни работни групи

-дава согласност на Правилникот за организација и Деловникот за работа на Стручните работни групи

Член 10

 (1)Во член 41 став 1 зборовите Стручните служби се заменуваат со зборовите  Координаторите, Стручните служби и стручните работни групи

Член 11

(1) Насловот на поглавјето 5 Стручни служби се менува и гласи 7.5 Работни тела на Здружението

 Член 12

(1) Во член 43 во став 1 на крајот после зборот ,,служби” се додаваат зборовите и стручни работни групи, а во ставот 2 после зборот ,,служби” се додаваат зборовите и стручните работни групи

Член 13

 (1)После членот 43 се додава ново поглавје 7.5.1 кое ќе гласи 7.5.1  Стручни служби на Здружението

Член 14

(1)Член 44 се менува и гласи:

Одговорен за правата должностите и одговорностите за работа на вработените во  Стручните служби е Главниот координатор на Здружението

Член 15

(1)Во член 45 после зборовите ,,Главниот координатор” се додаваат зборовите на Здружението, а се бришат зборовите програма е истовремено и координатор на Здружението, и истиот.

Член 16

(1) Во член 46 на почетокот пред зборот ,,Главен” се додава За, а после зборот ,,координатор” се бришат зборовите и Координатор/и на програма/и и се доаваат зборовите на Здружението

(2) Во член 46 после зборовите ,,да биде” се додава зборот назначено, а се бришат зборовите најмалку три години

(3) Во член 46 после зборовите ,,странски и домашни” се брише зборот невладини, а после зборот ,,организации” се брише зборот пожелно и се заменува со зборот најмалку.

 Член 17

Во член 47 пред зборот ,,Вработените” се  додаваат зборовите Главниот координатор на Здружението и

 Член 18

(1) После член 47 се додава ново Поглавје 5.2 кое ќе гласи 7.5.2 Стручни работни групи на Здружението

Член 19

(1)Членот 48 се менува и гласи:

– Одговорен за правата, должностите и одговорностите за работа на членовите во  Стручните работни групи е Координаторот на стручни работни групи на Здружението.

– Стручните работни групи со своите мислења и ставови учествуваат во подготвувањето на соодветното законодавство, предлагаат и организираат стручни предавања, даваат одговор на стручни прашања и ја поттикнуваат континуираната едукација на членовите на  Здружението.

Член 20

(1) Во членот 49 во став 3 после зборот ,,Здружението” зборовите и Координаторите на програма, се заменуваат со зборовите по потреба, а зборот учествуваат се заменува со зборот учествува.

(2) Во членот 49 во став 4 после зборовите ,,Главниот координатор” се додааваат зборовите на Здружението, а после зборовите ,,и Координаторот” се додаваат зборовите на стручни работни групи.

Член 21

(1) Членот 49 станува член 50 :

Член 22

(1) Се додава нов член 49 кој гласи :

(1) Изборот и назначувањето на Главен координатор на Здружението и Координатор на стручни работни групи го врши Извршниот одбор на Здружението со мнозинство од гласови, имајќи ги во предвид одредбите од од член 47 од овој Статут.

Член 23

(1)Членот 50 станува член 51 ;

Член 24

(1) Поглавјето 6 Комисии на Здружението и членовите 51, 52, 53 и 54 се бришат.

Член 25

(1) Членот 55 од Поглавје 8 станува член 52

Член 26

(1) Членовите 56, 57 и 58 од Поглавје 9 стануваат членови 53, 54 и 55.

Член 27

(1) Оваа Одлука е донесена со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието и е во согласност со одредбите од член 30 на Статутот на Здружението.

Член 28

(1) Овие измени стапуваат на сила со денот на донесување од страна на Собранието на инженери за заштита Тутела, Скопје и нивно потпишување од страна на овластеното лице.

Датум и место                                                                          

20.12.2018, Скопје

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на седницата одржана на ден 20. 12. 2018 година, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за

усвојување на пречистен текст на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1) Се усвојува пречистениот текст на Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА” од Скопје.

Член 2

 (2) Интегралниот текст на пречистениот текст на Статутот е составен дел од оваа Одлука.

Член 3

 (3) Оваа Одлука стапува стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Датум и место                                                                          

20.12.2018, Скопје                                                             

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

 

Членови на ПРВИОТ ИЗВРШЕН ОДБОР на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, (28.02.2018 – 15.12.2022 г.) беа:

М-р Дејан Ангеловски – Претседател на Тутела, Скопје

М-р Лидија Атанасовска – Генерален секретар на Тутела, Скопје

Александар Матеев, дипл. инж. по ЗПР – Координатор на стручни работни групи

Владо Кочоски, дипл. инж. по ЗПР – Претседател на Собранието на Тутела, Скопје

Дејан Хаџи Димов, дипл. инж. по ЗПР

Д-р Марија Хаџи Николова, – Претседател на Уредничкиот Одбор на Стручното списание за БЗР ТУТЕЛА

М-р Борче Стојчевски

 

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 11 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 23.12.2018 година, ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

за именување на Генерален секретар на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

   

Член 1

(1)Со оваа Одлука за Генерален секретар на Здружението се именува членот на ИО на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, М-р Лидија Атанасовска.

Член 2

(1)Обврските на Генералниот секретар на Здружението се дефинирани во член 41 и член 42 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

 Член 4

(1)Со стапување на сила на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за назначување на Генерален секретар на Здружението од 09.03.2018 година.

 

Скопје,

23.12. 2018 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

___________________________________________________________________

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 13 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 23.01.2019 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за именување на Kоординатор на стручни работни групи

 

Член 1

(1)Со оваа Одлука за Kоординатор на стручни работни групи се именува членот на ИО на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, г-дин Матеев Александар,дипл. инж по ЗПР.

Член 2

(1)Обврските на Kоординаторот на стручни работни групи се дефинирани во Правилникот за начин на формирање, укинување и работа на стручни работни групи.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

 Член 4

(1)Со стапување на сила на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за назначување на Координатор на стручни работни групи од 09.03.2018 година.

 

Скопје,                                                             

23.01. 2019 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

________________________________________________________________________

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 12 и член 49 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 19.02.2019 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за именување на Главен координатор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

  

Член 1

(1)Со оваа Одлука за Главен координатор на Здружението се именува членот на  Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, Доц. д-р Иво Кузманов.

Член 2

(1)Обврските на Главниот координатор на Здружението се дефинирани во член 50 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

 

Скопје,                                                             

19.02.2019 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

________________________________________________________________________

 

Врз основа на член 36, точка 6 од Статутот на Здружението на инженери за заштита “Тутела”, на Седницата на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита “Тутела” одржана на ден 09.07. 2018 година, се усвојува следниот:

  Д Е Л О В Н И К

за работа на Извршниот Одбор на на Здружението на инженери за заштита “Тутела”

 

Член 1

(1)Со овој Деловник се утврдува начинот на работа и одлучување на Седниците на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита “Тутела” ( Седница на ИО).

 

Член 2

(1)Седниците на Извршниот Одбор ја свикува Генералниот Секретар на иницијатива на Претседателот на Здружението.

(2)Барање за одржување на Седница на ИО може да иницираат и една половина од членовите на Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието.

  

Член 3

(1) Работата на Седниците на ИО е од затворен тип.

(2) Во работата на Седницата на ИО учествуваат членовите на Извршниот Одбор

(3) На Седница на ИО можат да бидат поканети и да учествуваат и други членови и физички лица Согласно Статутот на Здружението, но без право на глас при носење на одлуки на ИО.

 

Член 4

(1)Извршниот Одбор полноважно одлучува ако на седницата се присутни мнозинството од членовите на Извршниот Одбор.

(2)Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните.

(3)Во случај да се гласа за повеќе Одлуки, за усвоена ќе се смета Одлуката која ќе биде прифатена со најголем број на гласови.

 

Член 5

(1)Седницата на ИО ја отвара и со неа раководи Претседателот на Здружението или во негово отсуство ќе раководи член од Извршниот одбор кој ќе го назначи Претседателот.

  

Член 6

(1)Претседателство предлага дневен ред, отвара дискусија по предложениот дневен ред, а потоа предложениот дневен ред го става на гласање.

  

Член 7

(1)Расправата по утврдениот дневен ред се води пооделно по секоја точка од дневниот ред.

(2)Право на дискусија пооделно по точките од дневниот ред, имаат и лицата наведени во член 2, точка 3, но немаат право да гласаат при одлучувањето на Седницата на ИО

 

Член 8

(1)Одлучувањето на Седницата на ИО е јавно, со произнесување по предложените акти со “за”, “против” и “воздржан”.

(2)Актот е донесен ако за него се произнеле мнозинството од присутните, согласно член 4 од овој Деловник.

 

Член 9

(1)За работата на Седницата на ИО се води Записник кој се става на гласање/усвојување на првата наредна Седница на ИО, и по изгласувањето се заверува.

 

Член 10

(1)Овој Деловник стапува на сила и се применува од моментот на негово усвојување од страна на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита “Тутела”.

 

Скопје,                                                                                 

09.07.2018 година

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, СКОПЈЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

 

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје,  Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 20.12.2018 година, ја донесе следната:

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2019 година

 

Стратешки цели на Здружението се:

– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.

– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.

– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита

– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;

– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

 

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2019 година ќе ги реализира следниве активности:

 

  1. Донесување на финансиски план за 2019 година;
  2. Организирање на Меѓународна конференција
  3. Промовирање на интернационално стручно списание наменето исклучиво за објавување на стручни трудови
  4. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа;
  5. Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно образование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
  6. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
  7. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
  8. Стручен собир на стручни лица за БР
  9. Организирање на најмалку две бесплатни стручни обуки за своите членови;
  10. Континуитет во лобирање кај надлежните институции, на иницијатива, согласно резултати од работните групи за: измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти и носење на нови подзаконски акти
  11. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
  12. Учество на повици од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
  13. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
  14. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Датум и место                                                                          

20.12.2018, Скопје                                                                

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

 

ЗА СТРУЧНИТЕ РАБОТНИ ГРУПИ

Стручните работни групи со своите мислења и ставови учествуваат во подготвувањето на соодветното законодавство, предлагаат и организираат стручни предавања, даваат одговор на стручни прашања и ја поттикнуваат континуираната едукација на членовите на Здружението.

Стручните групи се формирани со цел да се осознае, развие, наведе, сподели, размени, помогне, делегира стручното знаење, помеѓу стручната фела.

Стручните групи се формирани  ЗА СИТЕ НАС, ЗА СТРУКАТА, формирани се затоа што за БЗР се работи.

Стручните групи се отворени за сите кои искрено се грижат за БЗР, за сите кои сакаат искрено да допринесат во развојот, промоцијата и имплементацијата на БЗР.  

Стручните работни групи се формираат и укинуваат со Одлука на ИО на Здружението или на предлог на Координаторот на стручни работни групи.

Во групата може да учествуваат членови на Здружението кои ги исполнуваат условите од Поглавје 4 од Статутот на Здружението, како и други надворешни лица (стручни лица, експерти) од областа на работната група.

Членовите на групите се избираат и разрешуваат со Одлука на ИО на Здружението, на предлог на Координаторот на стручна работна група и Координатор на стручни работни групи.

Мандатот на членовите на групата е неограничен и истиот може да биде прекинат на барање на членот на групата, на барање на Координаторот на стручна работна група и Главниот Координатор на стручни работни групи, согласно Член 2, став 2 од Правилникот за начин на формирање, укинување и работа на стручни работни групи.

Секој член е должен одговорно, законито и совесно да ги извршуваат работите од надлежност на групата

По потреба, Координаторот на стручната работна група, а во согласност со Координаторот на стручни работни групи може да одлучи во групата да се вклучат и други лица со стручна област, идентична со стручната област на членовите на групата.

Една стручна група може да работи на стручната област за која е формирана, но во случај на потреба може да биде вклучена во останати области, врзани со обврски кои се наметнуваат во Националниот Совет за БЗР или други тела.

Како стручна област се подразбира област, гранка од стопанството.

При реализација на работните активности за потребите на стручната област, во групата може да бидат консултантски вклучени и докажани експрети од стручната област за која е формирана групата.

Со посебна Одлука на ИО за прашања од области кои ненадејно се јавуваат како обврска за одговор, може да се формира посебна работна Стручна група, која се формира со избор од членовите на Здружението, која во одреден временски период ќе ја извршува задачата.

КООРДИНАТОР НА СТРУЧНИ РАБОТНИ ГРУПИ на ТУТЕЛА, Скопје е

г-дин Александар Матеев, дипл. инж, по ЗПР

За сите прашања во врска со стручните работни групи, учеството во нив, за секоја идеја, иницијатива или предлог, контактирајте не на e mail tutela.struchnigrupi@gmail.com

СТУЧНО СПИСАНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ,,ТУТЕЛА”

Стручното списание за безбедност и здравје при работа ,, ТУТЕЛА”, е прво стручно списание во Република Македонија, кое е наменето пред се за заштитарите, стручните лица, професионалците од областите безбедност при работа и противпожарна заштита.
Како идеа се појави од самиот старт, од самото формирање на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА” , Скопје.

Сметавме дека потребата од ваков профил на списание е неминовна, пред се од аспект на трајна вредност.

Нашата идеја наиде на поддршка од страна на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларијата во Скопје, и резултираше со Првиот бој на Првото стручно списание за БЗР ,,ТУТЕЛА”.

Првиот број на Списанието излезе на 27. 04. 2018 година, во тираж од 200 примероци.

 

 

Тутела е списание кое за почеток ќе излегува два пати годишно, концепциски осмислено да допре до сите чинители од областа БЗР, да ги разбуди нивните потенцијали, да ги наведе и стимулира да се вклучат во негов понатамошен развој.

Се надеваме дека заеднички ќе допринесеме да опстои, стручно да се издигне и наметне како списание кое ќе биде основа за размена и промоција на пред се стручни искуства, новитети, анализи, коментари.

Уредувачкиот одбор на ССЗБЗР ,,ТУТЕЛА”, го сочинуваат:

1. Доц. д-р Марија Хаџи Николова – Претседател

2. Владо Кочоски, дипл.инж. по ЗПР

3. М-р Љупчо Кочовски, управител ФЦБЗР

4. Ѓоко Павлов, дипл. инж по ЗПР

5. М-р Надица Фотев

6. М-р Горјан Зивчевски

7. Никола Георгиев, управител – надворешен стручен соработник

За сите Ваши отворени прашања, предлози, забелешки и коментари, контактирајте не на следниот e mail tutela.spisanie1@gmail.com 

ОДЛУКА ЗА НАДОМЕТОК ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ВО ПРВОТО СТУЧНО СПИСАНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ТУТЕЛА

Врз основа на член 35 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на онлајн состанокот одржан на ден 23.02.2021 година, ја донесе следната: 

О Д Л У К А

за утврдување на содржина, критериуми и ценовник за рекламирање во Првото стручно списание за безбедност и здравје при работа ,,ТУТЕЛА”

Член 1

(1)Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје (Здружение), согласно својата Програма за промоција на областите безбедност и здравје при работа (БЗР) и противпожарна заштита (ППЗ), го издава Стручното списание за безбедност и здравје при работа ,,ТУТЕЛА” (Списание ТУТЕЛА)

Член 2

(1)Списанието ТУТЕЛА се издава два пати годишно (на 28-ми април – Светскиот ден за БЗР и последната недела во месец Октомври – Европска недела за БЗР) во печатена или електронска форма.

Член 3

(1)Списанието ТУТЕЛА е бесплатно стручно списание наменето за членовите на Здружението и други стручни заинтересирани соработници.

Член 4

(1)Темите и содржините кои се објавуваат во Списанието Тутела мора да се стручни теми од областите БЗР и ППЗ, како и други поврзани области (пр. Заштита на животна средина)

Член 5

(1)Содржината, изгледот и стручните теми објавени во Списанието ТУТЕЛА, се во надлежност на Уредувачкиот Одбор.

Член 6

(1)Со цел финансиска самоодржливост на Списанието ТУТЕЛА, се дозволува во истото да се рекламираат заинтересирани правни субјекти кои работат на полето БЗР и ППЗ и правни субјекти кои вложуваат во БЗР и ППЗ.

Член 7

(1)Отстапениот рекламен простор не смее да биде поголем од 10% од вкупниот број страни на Списанието ТУТЕЛА, за секој објавен број поединечно.

Член 8

(1)Во случај за одреден објавен број на Списанието ТУТЕЛА, бројот на заинтересирани страни за рекламен простор да е поголем од наведеното во член 7 од оваа Одлука, ќе се земе во предвид можноста прв пријавен прв објавен.

Член 9

(1)Висината на надоместокот за рекламен простор е даден во Прилог 1, кој е составен дел од оваа Одлука.

Член 10

(1) Во надометокот објавен во Прилог 1, цените се дадени без ДДВ.

(2) За годишен закуп на рекламен простор, се одобрува попуст од 10% на вкупниот надомест за реклама.

Член 11

(1)Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзино донесување.

 

23.02.2021 година

Скопје

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

_________________________

(М-р Дејан Ангеловски)

ОДЛУКАТА може да ја превземете овде

ОДЛУКА РЕКЛАМА СПИСАНИЕ ТУТЕЛА

На 02.03.2019 година, со почеток од 20:00 часот, во Lounge bar BIS и присуство на околу 30-тина членови на ЗИЗ Тутела и гости од МЗЗПР, се организираше роденденска прослава, по повод една година од формирањето на ЗИЗ Тутела.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк 

https://photos.app.goo.gl/ncZqLY6eaJEmCzb66

Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на Седницата одржана на 29.10.2019 година, во Скопје, за одржување на Второ годишно редовно Собрание (во понатамошниот текст Собрание), ја донесувам следната:

О Д Л У К А

за свикување на Второ годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

 

Член 1

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 17.12.2019 година, со почеток во 10:00 часот.

Член 2

Седницата на Собранието ќе се одржи во хотел Континентал, Бул. ,,Александар Македонски” бб, 1000, Скопје, .

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:

  1. Избор и именување на работни тела на Собранието

– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

– изборна / верификациона комисија – составена од три члена

– записничар, и

– двајца заверувачи на Записникот

  1. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2019 година
  2. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
  3. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2019 година
  4. Предлог Програма за работа на Здружението за 2020 година

Скопје,

29.10.2019 година

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. Владо Кочовски

 

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

с.р. М-р Дејан Ангеловски

 

З А П И С Н И К

Од одржаното Второ Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

Второто Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА(во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 17.12.2019 година, во хотел Континентал, Скопје, со почеток во 10:25 часот

На Собранието, од уредно поканети 116 (сто и шеснаесет) члена и 6 (шест) гости, присуствуваа вкупно 48 (четириесет и осум) члена на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение).

Пред почетокот на Собранието на присутните им се обрати Претседателот на Здружението г-дин Дејан Ангеловски и накратко ги објасни начинот, условите и законските мпожности за одржување на Второто Редовно Годишно Собрание притоа како и секогаш потенцирајќи ја можноста со цел запазување на демократските принципи, секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението, да дава предлози и да поставува прашања за работата на Здружението.

Седницата ја отвори актуелниот претседател на Собранието г-дин Владо Кочовски.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите при што согласно Списокот на потписи од присутни членови, се констатираше дека се присутни 48 (четириесет и осум) члена, а според член 30 став 1 од Статутот на Здружението потребно е присуство на минимум 50 % од вкупниот број членови на Здружението за да може да се донесуваат полноправни одлуки. Бидејќи условот не беше исполнет се премина на член 30, став 5 од Статутот на Здружението ,,Во случај кога не е обезбедено присуство на мнозинството од членовите на Здружението, а сите членови на Собранието се уредно поканети и немаат најавено отсуство од Седницата, Седницата на Собранието се одложува за еден час во текот на истиот ден, по што Собранието работи согласно истиот дневен ред и Одлуките се носат со монозинство гласови од присутните членови”, и се одложи седницата за еден час.

Во 12:15 часот продолжи седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

Седницата се одвиваше по следниот:

Д Н Е В Н Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание

– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

– изборна / верификациона комисија – составена од три члена

– записничар, и

– двајца заверувачи на Записникот

  1. Предлог Деловник за работа на Собрание
  2. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2019 година
  3. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
  4. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2019 година
  5. Предлог Програма за работа на Здружението за 2020 година

 

Дневниот ред беше предложен и едногласно прифатен од страна на членовите на Собранието.

Прва точка: Избор и именување на работни тела на Собранието

-За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство

  1. г-дин. Владо Кочовски – претседател
  2. г-дин Стефан Русјаков – потпретседател
  3. г-дин Димитар Свирков – потпретседател

Записничар

  1. г-ѓа Величе Арсова

Оверувачи на записникот

  1. г-ѓа Снежана Бошковска
  2. г-ѓа Сашка Стојановска

По изборот на работните тела на Собранието, со Седницата продолжи да претседава, реизбраниот Претседател на Собранието на ЗИЗ Тутела, г-дин Владо Кочовски.

Втора точка: Собранието едногласно го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше Генералниот секретар на Здружението г-ѓа Лидија Атанасовска, по што Собранието едногласно го усвои.

Четвртта точка: Предлог извештајот на Надзорниот Одбор, кој беше презентиран од Претседателот на Надзорниот Одбор, Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2019 година, го презентираше г-динот Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на Здружението за 2020 година.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 13:40 часот.

Скопје, 17. 12. 2019 година

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

г-дин Владо Кочовски

Записничар  

г-ѓа Величе Арсова

Оверувачи

  1. г-ѓа Снежана Бошковска
  2. г-ѓа Сашка Стојановска

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

M-р  Дејан Ангеловски

 

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје,  Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 17.12.2019 година, ја донесе следната:

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2020 година

 

Стратешки цели на Здружението се:

– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.

– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.

– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита

– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;

– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

 

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2020 година ќе ги реализира следниве активности:

  1. Донесување на финансиски план за 2020 година;
  2. Поттикнување на сите членови за поголем ангажман за непречено функционирање на стручните работни групи
  3. *Актуелизирање на областа ПП заштита
  4. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа (БЗР);
  5. *Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно образование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
  6. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
  7. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
  8. *Стручен собир на стручни лица за безбедност при работа / Меѓународен
  9. Континуитет во организирање на најмалку две бесплатни стручни обуки за своите членови;
  10. Одбележување на Европска недела за БЗР
  11. Континуитет во лобирање кај надлежните институции на иницијатива согласно резултати од работните групи за:

    – измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти;

    – носење на нови подзаконски акти

  1. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
  2. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
  3. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
  4. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Датум и место
17. 12. 2020 г. , Скопје                                                                

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

 

Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на on-line Седницата одржана на 28.11.2020 година, за одржување на Трето годишно редовно Собрание (во понатамошниот текст Собрание) и Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20), во понатамошниот текст Одлуката за мерки, ја донесувам следната:

О Д Л У К А

за свикување на Трето годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

Член 1

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 22.12.2020 година, со почеток во 12:00 часот.

Член 2

Седницата на Собранието ќе се одржи online, согласно Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 од Одлуката за мерки.

Согласно член 16 од Одлуката за мерки, превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување ќе се применуваат до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација.

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:

  1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание

– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

– изборна / верификациона комисија – составена од три члена

– записничар, и

– двајца заверувачи на Записникот

  1. Предлог Деловник за работа на Собрание
  2. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2020 година
  3. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
  4. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2020 година
  5. Предлог Програма за работа на Здружението за 2021 година

Скопје,

28.11.2020 година

СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, СКОПЈЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. Владо Кочовски

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, СКОПЈЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. М-р Дејан Ангеловски

 

 

З А П И С Н И К

Од одржано Трето Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

Третото Годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА (во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 22.12.2020 година, online, преку апликацијата Ms Teams (согласно Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 и согласно член 16 од Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20).

На Собранието, од уредно поканети 141 (сто четириесет и еден) член и 4 (четворица) гости, присуствуваа вкупно 104 (сто и четири) члена на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение).

На почетокот на присутните им се обрати Претседателот на Здружението г-дин Дејан Ангеловски и накратко ги објасни начинот, условите и законските мпожности за одржување на Третото редовно Годишно Собрание во услови на пандемија од SARS CoV 2 вирусот, притоа напоменувајќи ја бројката од 141 член на Здружението и можноста за запазување на демократските принципи, секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите (согласно можноста на апликацијата Ms Teams да се симне листа на моментално присутни/логирани членови) со што се констатираше дека се присутни 104 (сто и четири) члена и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

Седницата се одвиваше по следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание

– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

– изборна / верификациона комисија – составена од три члена

– записничар, и

– двајца заверувачи на Записникот

  1. Предлог Деловник за работа на Собрание
  2. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2020 година
  3. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
  4. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2020 година
  5. Предлог Програма за работа на Здружението за 2021 година

 

Дневниот ред беше предложен и едногласно усвоен од страна на присутните членови на Собранието.

Седницата ја отвоти и на почетокот претседаваше Претседателот на  ЗИЗ Тутела, г-дин Дејан Ангеловски.

Прва точка: Избор и именување на работни тела на Собранието

-За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство на Третото Годишно Редовно Собрание го сочинуваат:

  1. г-дин. Борче Стојчевски – претседател
  2. г-дин Сашо Николовски – потпретседател
  3. г-ѓа. Сашка Стојановска – потпретседател

Записничар:

  1. г-ѓа Снежана Бошковска

Оверувачи на записникот:

  1. г-дин Иво Кузманов
  2. г-ѓа Величе Арсова

По изборот на работните тела на Собранието, со Седницата продолжи да претседава, Претседателот на Tретото Годишно Редовно Собрание на ЗИЗ Тутела, г-дин Борче Стојчевски.

Втора точка: Собранието едногласно го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше г-дин Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Четвртта точка: Предлог извештајот на Надзорниот Одбор поради технички причини (прекин во on-line комуникацијата) го прочита Претседателот на ЗИЗ Тутела г0дин Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2020 година, го презентираше г-динот Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на Здружението за 2021 година.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 13:05 часот.

 

Скопје, 22. 12. 2020 година

 

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

г-дин Борче Стојчевски

 

Записничар:

г-ѓа Снежана Бошковска

 

Оверувачи на Записникот:

  1. г-дин Иво Кузманов
  2. г-ѓа Величе Арсова

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

M-р  Дејан Ангеловски

 

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 22.12.2020 година, ја донесе следната:

 

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2021 година

Стратешки цели на Здружението се:
– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.
– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.
– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита
– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;
– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2021 година ќе ги реализира следниве активности:

1. Донесување на финансиски план за 2021 година;
2. Поттикнување на сите членови за поголем ангажман за непречено функционирање на стручните работни групи
3. *Актуелизирање и на областа ПП заштита
4. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа (БЗР);
5. *Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно образование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
6. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
7. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
8. *Стручен собир на стручни лица за безбедност при работа / Меѓународен
9. Континуитет во организирање на најмалку две бесплатни стручни обуки за своите членови;
10. Одбележување на Европска недела за БЗР
11. Континуитет во лобирање кај надлежните институции на иницијатива согласно резултати од работните групи за:
– измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти;
– носење на нови подзаконски акти
12. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
13. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
14. Други прашања кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
15. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Скопје,
22.12.2020 г.

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на on-line Седницата одржана на 13.11.2021 година, за одржување на Четврто годишно редовно Собрание (во понатамошниот текст Собрание) и Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест
COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20), во понатамошниот текст Одлуката за мерки, ја донесувам следната:

О Д Л У К А
за свикување на Четврто годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

Член 1

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 21.12.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот.

Член 2

Седницата на Собранието ќе се одржи online, согласно Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 од Одлуката за мерки. Согласно член 16 од Одлуката за мерки, превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување ќе се
применуваат до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:
1. Предлог Деловник за работа на Собрание
2. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание
– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
– изборна / верификациона комисија – составена од три члена
– записничар, и
– двајца заверувачи на Записникот
3. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2021 година
4. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
5. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2021 година
6. Предлог Програма за работа на Здружението за 2022 година

Скопје,
13.11.2021 година

Собрание на Здружение на инженери за
заштита ТУТЕЛА, Скопје
П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
с.р. М-р Борче Стојчевски

 

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, СКОПЈЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. М-р Дејан Ангеловски

З А П И С Н И К

Од одржано Четврто Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

Четвртото Годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА (во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 21.12.2021 година, online, преку апликацијата Ms Teams (согласно Општите превентивни препораки наведени во член 3, став 1, точка 13 и согласно член 16 од Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Сл.Весник на РСМ 263/20), со почеток во 12:00 часот.

На Собранието, од уредно поканети 192 (сто деведесет и два) члена и 8 (осум) гости, присуствуваа вкупно 142 (сто четириесет и два) члена на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение).

На почетокот на присутните им се обрати Претседателот на Здружението г-дин Дејан Ангеловски и накратко ги објасни начинот, условите и законските мпожности за одржување на Четвртото редовно Годишно Собрание во услови на пандемија од SARS CoV 2 вирусот, притоа напоменувајќи ја бројката од 192 члена на Здружението и можноста за запазување на демократските принципи, секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите (согласно можноста на апликацијата Ms Teams да се симне листа на моментално присутни/логирани членови) со што се констатираше дека се присутни 142 (сто и четириесет и два) члена и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

Седницата се одвиваше по следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на редовно Собрание

– работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

– изборна / верификациона комисија – составена од три члена

– записничар, и

– двајца заверувачи на Записникот

  1. Предлог Деловник за работа на Собрание
  2. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2021 година
  3. Предлог Извештај од Надзорниот Одбор на Здружението
  4. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2021 година
  5. Предлог Програма за работа на Здружението за 2022 година

Дневниот ред беше предложен и едногласно усвоен од страна на присутните членови на Собранието.

Седницата ја отвоти и на почетокот претседаваше Претседателот на  Собранието на ЗИЗ Тутела, г-дин м-р Борче Стојчевски.

Прва точка: Избор и именување на работни тела на Собранието

-За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство на Четвртото Годишно Редовно Собрание го сочинуваат:

  1. г-дин м-р Борче Стојчевски – претседател
  2. г-дин м-р Игор Стојчевски– потпретседател
  3. г-ѓа Маја Стефановиќ – потпретседател

Записничар:

  1. г-дин Сашо Николовски

Оверувачи на записникот:

  1. г-ѓа м-р Лидија Атанасовска
  2. г-дин Влатко Димовски

По изборот на работните тела на Собранието, со Седницата продолжи да претседава, Претседателот на Четвртото Годишно Редовно Собрание на ЗИЗ Тутела, г-дин м-р Борче Стојчевски.

Втора точка: Собранието едногласно го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше г-дин м-р Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Четвртта точка: Предлог извештајот на Надзорниот Одбор поради технички причини (прекин во on-line комуникацијата) го прочита Претседателот на Собранието на ЗИЗ Тутела г-дин м-р  Борче Стојчевски, по што Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2021 година, го презентираше г-динот м-р Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на Здружението за 2022 година.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 12:55 часот.

 

Скопје, 21. 12. 2021 година

 

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

с.р. г-дин Борче Стојчевски

 

Записничар:

с.р. г-дин Сашо Николовски

 

Оверувачи на Записникот:

  1. с.р. г-ѓа м-р Лидија Атанасовска
  2. с.р. г-дин Влатко Димовски

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

с.р. M-р  Дејан Ангеловски

 

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 21.12.2021 година, ја донесе следната:

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2022 година

Стратешки цели на Здружението се:
– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.
– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при
работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.
– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита
– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;
– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2022 година ќе ги реализира следниве активности:
1. Донесување на финансиски план за 2022 година;
2. Поттикнување на сите членови за поголем ангажман за непречено
функционирање на стручните работни групи
3. Релизација на планираните активности од Годишната програма 2021/2022 за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа, согласно Овластување за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа бр.08-5356/4 од 27.08.2021 год. Издадено од МТСП
4. *Актуелизирање и на областа ПП заштита
5. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа (БЗР);
6. *Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно образование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
7. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
8. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.С. Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
9. *Стручен собир на стручни лица за безбедност при работа / Меѓународен 10. Континуитет во организирање на најмалку две бесплатни стручни обуки за своите членови;
11. Одбележување на Европска недела за БЗР
12. Континуитет во лобирање кај надлежните институции на иницијатива согласно резултати од работните групи за:
– измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти;
– носење на нови подзаконски акти
13. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
14. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
15. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
16. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Скопје,
21.12.2020 г.
Здружение на инженери зазаштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
с.р. м-р Дејан Ангеловски

Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на on-line Седницата одржана на 20.04.2022 година, за одржување на седница на Собрание на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје (во понатамошниот текст Собрание), ја донесувам следната:

О Д Л У К А

за свикување  на седница на Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

Член 1

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 05.05.2022 година (четврток), со почеток во 11:30 часот.

Член 2

Седницата на Собранието ќе се одржи во х.Континентал, Скопје

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:
1. Донесување Одлука за промена на седиште на Здружението
2. Донесување на Одлука за пристапување кон измена на Статутот на Здружението
3.Донесување Одлука за измена на Статутот на Здружението
4. Донесување Одлука за усвојување на пречистен текст на Статутот на Здружението 

Скопје,
20.04.2022 година

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје
П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
с.р. М-р Борче Стојчевски

 

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, СКОПЈЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

З А П И С Н И К

Од одржана седница на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

 

Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје (во понатамошниот текст Собрание), се одржа на ден 05.05.2022 година, во хотел Континентал во Скопје, со почеток во 11:35 часот.

На Собранието, од уредно поканети 194 (сто деведесет и четири) члена и 7 (седум) гости, присуствуваа вкупно 107 (сто и седум) члена на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение).

Со Собранието претседаваше Претседателот на Собранието г-дин м-р Борче Стојчевски.

На почетокот тој на присутните накратко им ги објасни начинот и потребата за одржување на Собрание, притоа напоменувајќи ја бројката од 194 членови на Здружението со уредно подмирена членарина и можноста за запазување на демократските принципи, секој член да може да учествува во работата на Собранието.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите (согласно  листата на моментално присутни/потпишани членови) со што се констатираше дека физички се присутни 107 (сто и седум) члена и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

Седницата се одвиваше по следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Донесување Одлука за промена на седиште на Здружението
2. Донесување на Одлука за пристапување кон измена на Статутот на Здружението
3.Донесување Одлука за измена на Статутот на Здружението
4. Донесување Одлука за усвојување на пречистен текст на Статутот на Здружението 

Дневниот ред беше предложен и едногласно усвоен од страна на присутните членови на Собранието.

Прва точка:  На почетокот образложение за промената на седиштето, даде Претседателот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, г-дин м-р Дејан Ангеловски, кој потенцираше дека новите простории на Здружението сега се на адреса ул. Антон Попов број 6, Скопје. По образложението Собранието едногласно ја усвои Одлуката за промена на седиштето на Здружението.

Втора точка: По однос на втората точка образложение повторно даде Претседателот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, г-дин м-р Дејан Ангеловски, кој посочи дека Одлуката за пристапуавње кон измена на Статутот се прави поради промена на седиштето на Здружението, по што Одлуката беше едногласно усвоена од страна на присутните членови на Здружението.

Трета точка: По однос на оваа точка повторно образложение даде Претседателот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, г-дин м-р Дејан Ангеловски, кој потенцираше дека измена ќе се направи само во поглавјето 1.5 Седиште на Здружението, каде се менува Член 6, согласно новонастаната ситуација на промена на седиштето на Здружението, и наместо старата адреса се наведува новата, согласно предлог Одлуката која е доставена на присутните, по што Одлуката беше едногласно усвоена од страна на присутните членови на Здружението.

Четврта точка: По усвојувањето на Одлуката за изменување на Статутот на Здружението, Собранието го изгласа и едногласно усвои пречистениот текст од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 11:55 часот.

Скопје, 05. 05. 2022 година

 

Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател     

с.р. г-дин м-р Борче Стојчевски

Записничар:

с.р. г-дин Сашо Николовски

Оверувачи на Записникот:

  1. с.р. г-ѓа м-р Лидија Атанасовска
  2. с.р. г-дин Влатко Димовски

Здружение на инженери за заштита  ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ  

с.р. M-р  Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на Предлог на Извршниот Одбор на Здружението, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје на седницата одржана на ден 05. 05. 2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за промена на седиштето на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје

Член 1

Се врши промена на седиштето на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.

Член 2

Новото седиште на Здружението е на ул.,, Антон Попов ,, број. 6 Скопје.

Член 3

Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.

 

Датум и место                                                                          

05.05.2022, Скопје

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на Предлог на Извршниот Одбор на Здружението, поради промена на седиштето на Здружението, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје на седницата одржана на ден 05. 05. 2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за пристапување кон изменување и дополнување на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје изврши измена и дополнување на Статутот на Здружението.

Оваа Одлука е донесена со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието и е во согласност со одредбите од член 30 на Статутот на Здружението.

Член 2

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното донесување и потпишување од страна на овластеното лице.

 

Датум и место                                                                          

05.05.2022, Скопје                                                              

Здружение на инженери за заштита

ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

с.р. М-р Дејан Ангеловски)

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје на седницата одржана на ден 05. 05. 2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за изменување и дополнување на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1) Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје изврши измена на Статутот на Здружението.

Член 2

(1)Во Член 10 се наведени целите на Здружението, кои остануваат непроменети и гласи:

 (1) Основни цели на здружението се:

– овозможување и поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од овој Статут.

– промовирање на безбедноста и здравјето при работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.

– развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита

– ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;

– организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

  Член 3

(1) Во член 11 се наведени задачите на Здружението, кои остануваат непроменети и гласи:

(1) Основни задачи на Здружението се:

– организирање на конференции, семинари, стручни средби, обуки и друг вид на активности, од локален и меѓународен карактер;

– овозможување стручна помош и нудење решенија за конкретни прашања од безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита во рамките на својата стручна надлежност;

– информирање на своето членство и на граѓаните на Република Македонија преку печатените и електронски медиуми како и јавни настапи;

– заложба за правото на човекот за безбедна и здрава работна средина;

– поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;

– спроведување на заеднички проекти

– активно учество на јавни расправи, научни стручни собири организирани од други здруженија и организации;

– организирање на конкретни програмски активности;

– соработка со други здруженија во Република Македонија и пошироко на регионално и меѓународно ниво;

– издавање публикации  од областа безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита (интернет, социјални мрежи, книги, списанија и др.)

(2) Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа.

 Член 4

(1)Во поглавјето 1.5 Седиште на Здружението, се менува член 6 и гласи 

Седиштето на здружението е во Скопје, на ул. Антон Попов број 6.

Член 5

(1) Оваа Одлука е донесена со мнозинство гласови од присутните членови на Собранието и е во согласност со одредбите од член 30 на Статутот на Здружението.

Член 6

(1) Овие измени стапуваат на сила со денот на донесување од страна на Собранието на инженери за заштита Тутела, Скопје и нивно потпишување од страна на овластеното лице.

 

Датум и место                                                                          

05.05.2022, Скопје

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 23 од Законот за здруженија и фондации (,,Сл.весник на РМ” бр.52/2010 и 135/2011) и член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, на седницата одржана на ден 05. 05. 2022 година, Собранието на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за

усвојување на пречистен текст на Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1) Се усвојува пречистениот текст на Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА” од Скопје.

Член 2

 (2) Интегралниот текст на пречистениот текст на Статутот е составен дел од оваа Одлука.

Член 3

 (3) Оваа Одлука стапува стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

 

Датум и место                                                                          

05.05.2022, Скопје                                                             

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

Согласно член 29 став 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје (во понатаможниот текст Здружение), донесена на Седницата одржана на 05.09.2022 година во Скопје, за одржување на Петто Годишно редовно изборно Собрание (во понатамошниот текст Собрание), ја донесувам следната:

О Д Л У К А  

за свикување

на Петто Годишно редовно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

 

Член 1

Седницата на Собранието на Здружението ќе се одржи на ден 15.12.2022 година, со почеток во 12:00 часот.

Член 2

Седницата на Собранието на Здружението ќе се одржи во хотел Континентал , Бул.Александар Македонски бб, Скопје.

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:

  1. Избор и именување на работни тела на Собранието
  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот
  1. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје
  2. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2022 година
  3. Предлог Извештај на Надзорниот одбор на Здружението 
  1. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2022 година
  2. Избор на Органи на управување на Здружението 
  • Претседател
  • Извршен одбор
  • Надзорен одбор

     7.  Предлог Програма за работа на Здружението за  2023 година

 Скопје,

15.11. 2022 година

 Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Борче Стојчевски

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

З А П И С Н И К

Од одржаното Петто Годишно редовно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

 

Петтото Годишно редовно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА(во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 15.12.2022 година во просториите на х.Континентал, Бул.Александар Македонски бб, со почеток во во 12:05 часот. На Собранието, од уредно поканети 213 (двеста и тринаесет) члена и 5 (пет) гости, присуствуваа вкупно 127 (сто дваесет и седум) членови на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение) и 3 (тројца) гости.

Собранието го отвори актуелниот претседател на Собранието М-р Борче Стојчевски и накратко ги објасни одредбите од Статутот за одржување на редовно Годишно изборно Собрание, напоменувајки, дека имајќи ја во предвид бројката од 213 членови со уредно подмирена годишна членарина, очекува запазување на демократските принципи и можноста секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите со потпис во списокот на присутни, со што се констатираше дека се присутни 127 (сто дваесет и седум) членови, што е повеќе од една половина од вкупниот број на членови на Собранието, со што е исполнет условот од став 1 од член 30 од Статутот на Здружението и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

Седницата се одвиваше по следниов:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на Собранието
  • работно претседателство – Претседател и двајца потпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот
  1. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје
  1. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај на Надзорниот Одбор на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2022 година
  1. Избор на Органи на управување на Здружението
  • Претседател
  • Извршен одбор
  • Надзорен одбор
  1. Предлог Програма за работа на Здружението за 2023 година

Дневниот ред беше предложен и едногласно прифатен од страна на присутните членови на Собранието.

 Со Седницата претседаваше новоизбраниот Претседател на Собранието г-дин Владо Кочоски. 

Прва точка: Избор и именување на работни тела на редовното изборно Собрание

За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство

  1. г-дин. Владо Кочоски – претседател
  2. г-дин. Јовчо Павлов – потпретседател
  3. г-дин. Владо Блажевски – потпретседател

Записничар

  1. г-дин М-р Игор Стојчески

Оверувачи на записникот

  1. г-дин Сашо Николовски
  2. г-ѓа Олгица Мицевска

Втора точка: Собранието едногласно без дополнувања и измени го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше M-р Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Четвртта точка: Предлог Извештајот на Надзорниот Одбор на Здружението го презентираше претседателот на Надзорниот одбор, г-дин Стефче Аврамоски, по што Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2022 година, го презентираше М-р Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието избра органи на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и тоа:

1.За Претседател едногласно е избран

– М-р Дејан Ангеловски

2. За членови на Извршниот одбор едногласно се избрани

–    М-р Дејан Ангеловски

–    Д-р Марија Хаџи Николова

–    М-р Горјан Зивчевски

–    М-р Надица Фотев

–    Владо Кочоски

–    Јасминка Петрушевска

–    Панче Ангеловски    

3.За членови на Надзорен одбор едногласно се избрани

–    Стевче Аврамовски

–    Никола Георгиев

–    Сашо Николовски

Седма точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на Здружението за 2023 година.

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 12:55 часот.

Скопје,

15.12. 2022 година

 

Записничар                                                                                 

М-р Игор Стојчески)                                                                    

Оверувачи на Записникот

 г-дин Сашо Николовски)                                           

г-ѓа Олгица Мицевска

 

Собрание на Здружение на Инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател 

г-дин Владо Кочоски

Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје

Претседател   

M-р  Дејан Ангеловски

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 15.12.2022 година, ја донесе следната:

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2023 година

Стратешки цели на Здружението се:
– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.
– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при
работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.
– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита
– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;
– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2023 година ќе ги реализира следниве активности:

  1. Донесување на финансиски план за 2023година;
  2. Поттикнување на сите членови за поголем ангажман за непречено функционирање на стручните работни групи
  3. Релизација на планираните активности од Годишната програма 2023/2024 за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа, согласно Овластување за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа бр.08-5356/4 од 27.08.2021 год. Издадено од МТСП
  4. *Актуелизирање и на областа ПП заштита
  5. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа (БЗР);
  6. *Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно бразование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
  7. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
  8. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.С. Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
  9. *Стручен собир на стручни лица за безбедност при работа / Меѓународен
  10. ,Континуитет во организирање на две бесплатни стручни обуки за своите членови;
  11. Одбележување на Европска недела за БЗР
  12. Континуитет во лобирање кај надлежните институции на иницијатива согласно резултати од работните групи за:
    – измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти;
    – носење на нови подзаконски акти
  13. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
  14. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
  15. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
  16. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Скопје,

15.12. 2022 година

Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје

Претседател   

M-р  Дејан Ангеловски

Членови на ИЗВРШНИОТ ОДБОР на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, се:

М-р Дејан Ангеловски – Претседател на Тутела, Скопје,

контакт dejan.angelovski@tutela.org.mk

Јасминка Петрушевска, дипл. инж. по ЗПР – Генерален Секретар на Тутела, Скопје

контакт jasminka.petrushevska@tutela.org.mk

– Владо Кочоски, дипл. инж. по ЗПР – Претседател на Собранието на Тутела, Скопје

контакт vlado.koshoski@tutela.org.mk

М-р Надица Фотев

контакт nadica.fotev@tutela.org.mk

Д-р Марија Хаџи Николова – Претседател на Уредничкиот Одбор на Стручното списание за БЗР ТУТЕЛА

контакт marija.hadzi_nikolova@tutela.org.mk

М-р Горјан Зивчевски – Главен координатор на Тутела, Скопје

контакт gorjan.zivcevski@tutela.org.mk

Панче Ангеловски 

контакт panche.angelovski@tutela.org.mk

 

Официјални e mail адреси на Тутела, Скопје

ziztutela@gmail.com

ziztutela5@gmail.com

contact@tutela.org.mk

International@tutela.org.mk

Координатор на стручни работни групи на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

М-р Борче Стојчевски

контакт borche.stojchevski@tutela.org.mk

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 11 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 26.12.2022 година, ја донесе следната: 

О Д Л У К А

за именување на Генерален секретар на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1) Со оваа Одлука за Генерален секретар на Здружението се именува членот на ИО на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, Јасминка Петрушевска, дипл. инж. по ЗПР.

Член 2

(1) Обврските на Генералниот секретар на Здружението се дефинирани во член 41 и член 42 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

 Член 4

(1)Со стапување на сила на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за назначување на Генерален секретар на Здружението од 26.12.2022 година.

Скопје,

26.12. 2022 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

________________________________________________________________________

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 12 и член 49 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 26.12.2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за именување на Главен координатор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Член 1

(1)Со оваа Одлука за Главен координатор на Здружението се именува членот на  Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, М-р Горјан Зивчевски.

Член 2

(1)Обврските на Главниот координатор на Здружението се дефинирани во член 50 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

Член 4

(1) Со стапување на сила на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за назначување на Координатор на стручни работни групи од 19.12.2019 година.

Скопје,                                                             

26.12.2022 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

___________________________________________________________________

Врз основа на член 35, став 1, алинеја 13 од Статутот на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје Извршниот одбор на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, на состанокот одржан на ден 26.12.2022 година, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за именување на Kоординатор на стручни работни групи

Член 1

(1)Со оваа Одлука за Kоординатор на стручни работни групи се именува членот на ИО на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, М-р Борче Стојчевски, дипл. инж по ЗПР.

Член 2

(1)Обврските на Kоординаторот на стручни работни групи се дефинирани во Правилникот за начин на формирање, укинување и работа на стручни работни групи.

Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила, со денот на нејзино донесување.

 Член 4

(1) Со стапување на сила на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за назначување на Координатор на стручни работни групи од 23.01.2022 година.

Скопје,                                                             

26.12.2022 година

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

________________________________________________________________________

Согласно член 29 став 1 и 2 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје и Одлуката на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”,Скопје, донесена на Седницата одржана на 13.11.2023 година, за одржување на Шестото годишно редовно Собрание (во понатамошниот текст Собрание) ја донесувам следната:

О Д Л У К А

за свикување  на Шесто годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела’’, Скопје

Член 1

Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 14.12.2023 година (четврток), со почеток во 12:00 часот.

Член 2

Седницата на Собранието на Здружениеот ќе се одржи во просториите на х. Континентал, Скопје , Булевар Александар Македонски, Скопје 1000.

Член 3

За Седницата на Собранието го предлагам следниот Дневен ред:

1. Избор и именување на работни тела на Собранието

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот

2. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје

3. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2023 година

4. Предлог Извештај од Надзорен Одбор на Здружението за 2023

5. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2023 година

6. Предлог Програма за работа на Здружението за 2024 година

 Скопје,

13.11. 2023 година

 Собрание на Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Владо Кочовски, дипл.инж. по ЗПР

Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

М-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

З А П И С Н И К

Од одржаното Шесто Годишно редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје

Шестото Годишно редовно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА(во понатамошниот текст Собрание), од Скопје се одржа на ден 14.12.2023 година во просториите на х.Континентал, Бул.Александар Македонски бб, со почеток во во 12:10 часот. На Собранието, од уредно поканети 283 (двеста и осумдесет и три) члена и 3 (пет) гости, присуствуваа вкупно 157 (сто педест и седум) членови на Здружението на инженери за заштита Тутела (во понатамошниот текст Здружение) и 1 (еден) гостин.

Собранието го отвори актуелниот претседател на Собранието г-дин Владо Кочоски и накратко ги објасни одредбите од Статутот за одржување на редовно Годишно Собрание, напоменувајки, дека имајќи ја во предвид бројката од 283 членови со уредно подмирена годишна членарина, очекува запазување на демократските принципи и можноста секој член да може да се кандидра и учествува во работните органи и тела на Здружението.

По ова Собранието ги верификуваше присутните членовите со потпис во списокот на присутни, со што се констатираше дека се присутни 157 (сто педесет и седум) членови, што е повеќе од една половина од вкупниот број на членови на Собранието, со што е исполнет условот од став 1 од член 30 од Статутот на Здружението и Собранието може полноправно да донесува одлуки.

За Седницата беше предложен следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на Собранието
  • работно претседателство – Претседател и двајца потпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот
  1. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје
  1. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај на Надзорниот Одбор на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2022 година
  1. Предлог Програма за работа на Здружението за 2023 година

По предлагањето на Дневниот ред, Претседателот на Здружението М-р Дејан Ангеловски побара истиот да се прошири со уште една точка, и тоа Предлог Одлука за утврдување на висина на членарина за членство во Тутела, Скопје.

Предлогот од страна на Претседателот на Собранието беше ставен на гласање и едногласно прифатен од присутните членови на Собранието, со што проширениот дневен ред :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Избор и именување на работни тела на Собранието
  • работно претседателство – Претседател и двајца потпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот
  1. Предлог Деловник за работа на Собранието на Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје
  1. Предлог Финансиски извештај на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај на Надзорниот Одбор на Здружението за 2022 година 
  1. Предлог Извештај за реализирани активности на Здружението во 2022 година
  1. Предлог Програма за работа на Здружението за 2023 година
  2. Предлог Одлука за утврдување на висина на членарина за членство во Тутела, Скопје

Со Седницата претседаваше реизбраниот Претседател на Собранието г-дин Владо Кочоски. 

Прва точка: Избор и именување на работни тела на редовното изборно Собрание

За работни тела на Собранието едногласно беа изгласани следниве членови:

Работно претседателство

  1. г-дин. Владо Кочоски – претседател
  2. г-дин. Владо Блажевски – потпретседател
  3. г-ѓа. Маја Стефановиќ – потпретседател

Записничар

  1. г-ѓа Јасминка Петрушевска

Оверувачи на записникот

  1. г-дин Катерина 
  2. г-ѓа 

Втора точка: Собранието едногласно без дополнувања и измени го усвои Деловникот за работа на Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, од Скопје.

Трета точка:  Предлог финансискиот извештај на Здружението го презентираше генералниот секретар на Здружението г-ѓа Јасминка Петрушевска, по што Собранието едногласно го усвои.

Четвртта точка: Предлог Извештајот на Надзорниот Одбор на Здружението поради отсуство на претседателот на Надзорниот одбор, г-дин Стефче Аврамоски, го презентираше членот на Надзорниот Одбор на Здружението г-дин Сашо Николовски, по што Собранието едногласно го усвои.

Петта точка: Предлог Извештајот за реализирани активности на Здружението во 2023 година, го презентираше М-р Дејан Ангеловски, по што Собранието едногласно го усвои.

Шеста точка: Собранието едногласно ја усвои Предлог Програмата за работа на Здружението за 2024 година.

Седма точка: Собранието едногласно донесе Одлука за висината бна членарината за членство во Здружението да изнесува 1500,00 (илјада и петстотини денари).

Седницата на Собранието на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА,  Скопје, заврши во 12:58 часот.

Скопје,

14.12. 2023 година

 

Записничар                                                                                 

г-ѓа Јасминка Петрушевска                                                                   

Оверувачи на Записникот

г-дин Кире Станојоски                                           

г-ѓа Катерина Пешиќ

Собрание на Здружение на Инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Претседател 

г-дин Владо Кочоски

Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје

Претседател   

M-р  Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Согласно член 31 став 1 алинеја 10 од Статутот на Здружението на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје, Собранието на Здружението на инженери за заштита Тутела, од Скопје, на ден 14.12.2023 година, ја донесе следната:

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“ од Скопје за 2024 година

Стратешки цели на Здружението се:
– континуитет на поттикнување на соработка на Инженерите за заштита дефинирани во член 2 од Статутот на Здружението.
– континуитет на промовирање на безбедноста и здравјето при
работа/заштитата при работа и противпожарната заштита.
– континуитет на развој и унапредување на струките безбедност и здравје при работа / заштита при работа и противпожарна заштита
– земање активно учество во ускладување и подобрување на прописите и нормите од областите безбедност и здравје при работа/заштита при работа и противпожарна заштита;
– континуитет на организирање и спроведува стручно усовршување за развој на Инженерите за заштита.

Здружението на инженери за заштита „ТУТЕЛА“, од Скопје во 2024 година ќе ги реализира следниве активности:

  1. Донесување на финансиски план за 2024 година;
  2. Поттикнување на сите членови за поголем ангажман за непречено функционирање на стручните работни групи
  3. Релизација на планираните активности од Годишната програма 2024/2025 за спроведување на обуки од областа на безбедност при работа, согласно Овластување за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа бр.08-5356/4 од 27.08.2021 год. Издадено од МТСП
  4. *Актуелизирање и на областа ПП заштита
  5. Одбележување на 28 Април како ден на безбедност и здравје при работа (БЗР);
  6. *Подготовка на програма и проект за едукација на деца (основно и средно бразование) за значењето на безбедноста и здравјето при работа и противпожарната заштита соодветно на возраста;
  7. Изготвување на стратегија за поголема медиумска застапеност на Здружението
  8. Континуитет на промовирање и спроведувањето на кампањи за поголема информираност на стручните лица и за сите граѓани на Р.С. Македонија за безбедноста и здравјето при работа и ПП заштитата;
  9. Континуитет во организирање на две бесплатни стручни обуки за своите членови;
  10. Одбележување на Европска недела за БЗР
  11. Континуитет во лобирање кај надлежните институции на иницијатива согласно резултати од работните групи за:
    – измена и дополна на одредени законски и подзаконски акти;
    – носење на нови подзаконски акти
  12. Континуирано зголемување на бројот на членовите преку промоција на сериозен пристап кон професијата;
  13. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
  14. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
  15. Соработка со слични организации од земјава и од странство;

Скопје,

14.12. 2023 година

Здружение на инженери за заштита ,,ТУТЕЛА”, Скопје

Претседател   

M-р  Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________

Врз основа на член 31 од Статутот на Здружението на инженери за заштита “Тутела”, Скопје, на Шестото Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита “Тутела” одржано на ден 14.12.2023 година, Собранието на Тутела, Скопје ја донесе следната:

 О Д Л У КА

за висина на членарина за членство во Здружението на инженери за заштита ,,Тутела, Скопје

 Член 1

(1) Годишната членарина за членство во Здружението на инженери за заштита “Тутела”, Скопје изнесува 1.500,00 денари.

 Член 2

(1) Членарината важи за една година сметано од денот на уплатата на средствата.

 Член 3

(1) Оваа Одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Член 4

(1)Со донесувањето на оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за висина на членарина донесена на Основачкото Собрание на Здружението на инженери за заштита “Тутела”, Скопје одржано на ден 28.02.2018 година.

 

Датум и место   

14.12.2023 Скопје

 

Здружение на инженери за заштита ,,Тутела”, Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 м-р Дејан Ангеловски

__________________________________________________________________________