Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2024 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по шестти пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:

– ООУ “Партенија Зографски”, Кисела Вода, Скопје
– ООУ ,,Невена Георгиева Дуња” – Кисела Вода, Скопје
– ООУ ,,Кирил и Методиј” – Стојаково, Богданци
– ПУ при ОУ „Св.Кирил и Методиј“, с.Логоварди, Битола,
– ООУ „11 Октомври“ Куманово
– ООУ„Браќа Миладиновци“- Аеродром, Скопје,
– ООУ„Даме Груев“-с.Ерџелија, Свети Николе
– ООУ ,,Дане Крапчев” – Гази Баба, Скопје
– ООУ,,Кирил Пејчиновик‘‘ – Кисела Вода, Скопје,
– ООУ„Гоце Делчев“ – Штип,
– ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ“- Скопје
–ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Кисела Вода, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ Штип,
– ООУ ,,Ристо Крле – Мралино, О. Илинден
– ООУ ,,Ристо Крле – Кадино, О. Илинден
– ООУ ,,Тошо Велков Пепето”, Кавадарци
– ОУ„Св.Кирил и Методиј” – Битола,
– ООУ„Никола Карев“ – Радовиш,
– ООУ ,,Гоце Делчев“ , н. Илинден, Скопје,
– ООУ ,,Гоце Делчев“, Тетово
– ООУ „Рајко Жинзифов“, н. Драчево, Скопје
– ООУ Гоце Делчев, Штип

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

Заклучно со крајниот рок за поднесување (01.04.2023 година) поднесени се вкупно 135 творби (песни и раскази) во четирите категории.

Во втората фаза, следи комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите, кои ќе бидат објавени на настан кој ќе се организира на ден 26.04.2024 година, по повод одбележувањето на 28 aприл, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2024″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!! ГРАДИМЕ ИДНИНА!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *