Почитувани колеги, членови на Тутела, Скопје!
Со цел да го резервирате терминот, и за Ваше присуство на истиот, Ве информираме дека на 16-та Седницата на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, одржана на ден 02.10.2026 година, донесена е Одлука, Деветото Годишно редовно изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, да се одржи на ден 16.12.2026 г, (среда).
Напоменуваме дека, дополнително ќе бидат објавени часот и местото на одржување на Собранието и ќе ви бидат доставени Дневниот ред и материјалите за Ваше активно учество на Собранието.
Поздрав,
Извршен Одбор на Тутела, Скопје
ПРОДОЛЖУВАМЕ!


