Стопанската комора на Северна Македонија на 17 април 2024 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО.
          Оваа обука e дизајнирана да одговори пред се на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите со информации за хемиските штетности кои се појавуваат на работни места , идентификација и мониторинг на истите како и превземање на навремени и ефективни мерки за безбедност и здравје на работниците.
         Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со хемиските штетности, присутните ќе се стекнат со нови знаења и истовремено ќе се вклучат во значајни дискусии поврзани со темата.
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од законот за БЗР, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручното лица за БР, а и обврските на самите вработени во дадени ситуации .

Која е целта на семинарот?

           Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. начини кои се користат за управување и справување со ризиците и опасностите кои произлегуваат од присутноста на хемиските штетности во работниот процес .
Тоа значи дека по завршување на семинарот учесниците ќе можат:

  • Да ги разберат барањата на самата законска и подзаконска регулатива;
  • Да ги организираат и следат сите чекори на работниот процес, а истовремено и преку континуирано следење и превенирање на сите ризици и опасности кои се појавуваат во текот на работниот процес да го заштитат здравјето на вработените;
  • Да знаат каков вид на обуки се потребни за лицата кои ќе бидат директо инволвирани во целиот процес;
  • Да ја обезбедат и одржуваат во актуелна состојба, подготвеноста на сите лица инволвирани или присутни на работни места каде се присутни хемиски штетности.

За кого е наменет семинарот?

           Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во процесите каде се присутни хемиски штетности , исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените , така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа.
Начин на работа:
         Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законот за БЗР и реченија за дадени ситуации.
ПРОГРАМА

  • Закон за Безбедност и здравје при работа; 
  • Правилник за минимални барања за безбедност и здравје при работа на вработени од   ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци;
  • Tехничка примена, одржување, контроли;
  • Практични примери.

Предавачи: 
–    Проф.д-р Дејан Мираковски,  Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев” , Штип и
–    Проф.д-р Драган Мијакоски, специјалист по медицина на труд.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • работен материјал доставен електронски; 
  • ручeк и освежување; 
  • сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15.04.2024 година.

Агендата за обуката можете да ја превземете овде

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *