ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Здружението на инженери ТУТЕЛА, започнува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

За прв пат во Македонија се организира обука на тема Безбедноста како личен избор™

ТУТЕЛА, во соработка со Институтот „Концепт“ и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје, ја имаат честа и привилегијата да Ве поканат да учествувате на бесплатната обука на канадската програма Rigs and wrenches.

Мотото на програмата е „не треба да се случуваат нешта кои можам да ги контролирам“.

Безбедноста како личен избор™ ги поддржува напорите на специјалистите во областа на безбедни услови за работа да ја поттикнат личната посветеност на вработените и менаџерите во организацијата кон веќе постоечките стандарди и процедури за безбедност.

Безбедноста како личен избор™ е обука за создавање на култура на безбедност, адресирана и посветена пред се кон:

  1. Вработени – преку создавање на лична посветеностипочитување на правилата за создавање безбедна работна средина.
  2. Директни раководители и лидери – Обуката дава на менаџерите дијагностичка алатка, што можат данаправат, за да бидат сигурни дека секој е во сигурност бидејќи лично ја избрал.

Решението е целосно основано на методологијата за промена на однесувањето, развиена од канадската компанија Eagle’s Flight, која во својата 30-годишна историја се докажа како светски лидер во градењето на ефективна корпоративна култура.

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 09.06.2018 година, со почеток од 09:00 часот, во објектот на Кино Култура  ( ул.Луј Пастер бр.3, Скопје ).

Бројот на учесници е ограничен, предност при регистрација имаат членови на ЗИЗ Тутела.

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-3822/4 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на Камбурис и Барба ДОО Скопје.

МОДЕРАТОР !!!

   

 

Павел Панов – Како управувачки партнер на In Your Hands, Павел има темелно познавање во широк дел од практичниот спектар на бизнисот – од изградба на динамични пазарни стратегии и бизнис развој, до продажба и маркетинг со национален и меѓународен опсег.

Павел, исто така, како д-р по економија и менаџмент, со фокус на човечки ресурси и неговото практично бизнис искуство има акумулирано менаџерски позиции во областа на телекомуникациски услуги во меѓународниот бизнис. Како Регионален директор на “Бизнис развој” во глобална компанија во сферата на брзо движечки стоки во рок од пет години Павел раководел големи проекти за влез на пазарите во над 15 земји на 5 континенти. Како деловен консултант, тој работел со водечки компании во речиси сите сектори на економијата.

 

А Г Е Н Д А

09.06.2018 г.

   

09:00 – 10:00

Регистрација на учесници

10:00 – 10:15

Вовед во програмата

10:15 – 11:45

Сесија 1

11:45 – 12:15

Кафе пауза

12:15 – 13:45

Сесија 2

13:45 – 14:30

Ручек

14:30 – 16:00

Сесија 3
       16:00 Затворање на обуката

POKANA_OBUKA_20180609

PRIJAVA_OBUKA_20180609

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *