Со цел јакнење на меѓусебната соработка, насочување на своите капацитети кон поттикнување и афирмација на областа безбедност и здравје при работа (БЗР), како и унапредување на соработката со други институции од заеднички интерес, на маргините на 13-тата Меѓународна конференција М&Ѕ 2018, Охрид (15-16.06.2018 г.) Здружението за заштита при работа на општина Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април и Здружението на инженери за заштита Тутела потпишаа Меморандум за соработка.
Основа за потпишување на овој Меморандум е Дописот за соработка испратен до сите чинители од областа БЗР, од страна на ЗИЗ Тутела во месец Март 2018 година.