Како крај на првата работна половина од 2018 година, на ден 30.06.2018 година во месноста Моклиште, Кавадарци, ЗИЗ Тутела организирше семејно дружење за своите членови.
Иако временските услови поколебаа и предомислија поголм број на членови да присуствуваат на настанот, сепак тие што дојдоа, поминаа прекрасни моменти со своите најблиски и колегите.
Многумина од присутните за прв пат се видоа и меѓусебно се запознаа, но во никој случај не изостанаа моментите на дружење и забава. Генерален заклучок на сите присутни беше дека овој настан треба да премине во традиција, поточно секоја година во овој период како финализирање на работните активности за првата половина од годината, да се организира ПИКНИК “ТУТЕЛА И СЕМЕЈСТВОТО”
Сликите од настанот можете да ги видите на следниот линк
https://photos.google.com/album/AF1QipNw5_xMrgncrG44OOSclaw2mWEMQHUEQAJDaokm