Четврток, 20.12.2018 година, во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, Скопје, се одржа Првото Годишно Вонредно Изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Седицата ја отвори Претседателот на Собранието на ЗИЗ Тутела, г.Владо Кочовски, по што беше извршен избор на:

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот

Во првиот дел од седницата од страна на членовите на Извршниот одбор, беа презентирани и образложени: Извештајот за досегашните активности на ЗИЗ Тутела и Финансискиот извештај.

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА АКТИВНОСТИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

https://photos.app.goo.gl/NWmYWsmkbLpmWxNZ9

Во вториот дел од Седницата, согласно пристигнатите кандидатури, беше извршен избор на новите органи за управување на Здружението.

  • Претседател
  • Извршен одбор
  • Надзорен одбор

Во третиот дел беше детално разгледана, анализирана и на крајот едногласно прифатена предлог Програмата за работа на Здружението во 2019 година,

 

Сликите од Годишното Собрание можете да ги видите на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/B5swc6GvSoJcxuqa9

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *