28.02.2018 г. – Одржано Основачко Собрание на ЗИЗ Тутела

20.03.2018 г. – Испратен е допис до сите чинители кои имаат допирни точки со областите безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита, како отворен повик за соработка и воедно информација за целите и идните активности на ЗИЗ Тутела, Скопје.

20.03.2018 г. – Претставник на ЗИЗ ТУТЕЛА ( г-дин Борче Стојчевски) учествуваше на состанокот со експертите на МОТ за безбедност и здравје при работа од седиштето во Женева. Состанокот се одржа во просториите на МЗЗПР, каде покрај претставници на ЗИЗ Тутела и МЗЗПР, присуствуваше и претставник на ЗБР 28-ми Април, Скопје.

17.04.2018 г. – Одржан е работен состанок помеѓу претставници на ЗИЗ Тутела (Дејан Ангеловски и Лидија Атанасовска) и МТСП (Мирјанка Алексиева) на тема Заедничко одбележување на 28 Април, на кој, поради ставот на претставникот на МТСП, не беше постигнат усогласен договор за заедничко одбележување на 28 Април.

27.04.2018 г. – Излезе од печат првиот број на првото Стручно списание за БЗР ТУТЕЛА. Како знак на благодарност за интервјуто во првиот број на ССБЗР ТУТЕЛА, првиот примерок од списанието со посвета и благодарност за соработката и беше даден на Министерката Мила Царовска на настанот организиран од страна на МТСП по повод 28 Април во Клубот на пратеници.

27.04.2018 г. – Официјално во интерес на постојана информираност и комуникација пред се за членовите на ЗИЗ Тутела, во функција е ставена веб страната www.tutela.org.mk, активирани се акаунти на социјалните мрежи Facebook, Instagram и Tweeter.

28.04.2018 г. – Во просториите на ДХО Даре Џамбаз, Скопје, беше организиран настан на кој се Одбележа светскиот ден на БЗР, официјално се промовира ЗИЗ Тутела и се изврши промоција на првото Стручно списание за БЗР ТУТЕЛА. На настанот беа присутни 53 лица, од кои 26 члена на ЗИЗ Тутела. За настанот по остварени контакти со Здруженијата од околните земји успеавме да обезбедиме видео обраќање, поздравен говор на нивните претставници (ДВИ Љубљана – Словенија, ЕСЕ – Хрватска, УБЗРС – Србија, ФЦБЗПР – Бугарија). Иако беа поканети (државните институции, Националниот совет за БЗР, сродни здруженија, владини и невладини организации) на настанот освен од ДИТ, немаше други претставници на државните институции, други организации или сродни здруженија( иако од страна на МЗЗПР со официјален допис беше потврдено присуство на нивен претставник)

01.05.2018 г.– ЗИЗ Тутела и официјално стана медиумски партнер на EUOSHA за тековната кампања 2018 – 2019 година, “Здрави работни места, управување со опасни материи”.

09.06.2018 г. – Во просториите на Кино Култура беше одржана првата обука организирана од страна на ЗИЗ Тутела на тема Безбедноста како личен избор.

15.06.2018 г. – На маргините на 13 –та Мегународна конференција М&S во Охрид, беше потпишан Меморандум за соработка на полето на областа безбедност и здравје при работа, помеѓу Здружението за заштита при работа на општина Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април и Здружението на инженери за заштита Тутела.

30.06.2018 г. – Пикник “Тутела и Семејствототo” – За прв пат во организација на ЗИЗ Тутела, одржан е пикник во месноста Моклиште, на кој учество земаа членови на ЗИЗ Тутела и нивните семејства. Тенденција е Овој Пикник да стане традиција.

10.07.2018 г. – Согласно Одлуките на извршните тела, а врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април и Здружението на инженери за заштита Тутела, поднесено е заедничко барање/иницијатива до надлежните институции за утврдување на претставителноста и барање за смена на членот на Националниот совет за БЗР кој ги претставува стручните лица за БР.

31.07.2018 г. – По повод 11 години од стапување на сила на Законот за БЗР, на www.tutela.org.mk објавена е кратка анализа, на неколку сегменти кои ги регулира Законот, кои реално до некаде можат да се прикажат низ бројки или пак да се дадат аналитички податоци. Целта е да се поттикне размислувањето каде сме по 11 години и дали предложеното решение соодветствува на вистинската патека кон помал број на несреќи при работа, зголемена култура на безбедно работење, безбедни работни места и сл.

13.09.2018 г. – Во просториите на Кино Култура беше одржана втората обука на тема: Препознавање на опасностите и утврдување на нивото на ризик – Практичен пристап.

19.10.2018 г. – За првпат преку ЗИЗ Тутела НАПО дојде во Македонија

24.10.2018 г. – Излезе од печат вториот број на првото Стручно списание за БЗР ТУТЕЛА.

22.10. – 26.10.2018 г. – Активно одбележување на Европската недела на БЗР. Во самите активности се приклучија и Здружението за заштита при работа на општина Битола и Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, како и ФЕС, канцеларија во Скопје. Реализирани активности: -НАПО и учениците (беа посетени едно основно и едно средно училиште) -НАПО и граѓаните (настан во City Mall Скопје) -НАПО и работниците (првонаградените фирми добитнички на Националната награда за добра пракса во БЗР во 2017 г.) -НАПО во Штип (УГД Штип, едно основно и едно средно училиште во општина Штип) -НАПО во Битола (УКЛО – ТФБ, едно основно и едно средно училиште, ДИТ-Битола)

29.10. – 02.11.2018 г – Дополнителни активности со НАПО Реализирани активности: -НАПО и учениците (паралелка на ЕВН Македонија во ДУГС Михајло Пупин) -НАПО и рударите (Мермерен комбинат Прилеп) -НАПО и ДИТ (Државен инспекторат за труд) -НАПО и пожарникарите (Обучен центар за ПП заштита – Биотла) -НАПО и градежниците (АДГ Бетон) -НАПО на највисоките кули на Балканот

04.12.2018 г. – одржана работилница на тема: „Безбедност и здравје при работа, енергетика, екологија ˂=˃ Паметни мрежи, обновливи извори на енергија, сила на природата”.

15.12.2019 г. – Здружението на инжeнери за заштита Тутела, Скопје и Здружението на инженери за заштита и здравје при работа на Република Српска, поаѓајќи од заедничките задачи, во заштита на интересите на струката и на своите членови кои ги застапуваат, во Бања Лука, потпишаа Протокол за соработка.

24.01.2019 г. – Во делот на реализација на програмските определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија, а согласно Статутот на Здружението, се одржа првиот координативен состанок на стручните работни групи на Здружението. Со тоа се означи стартот на работа на стручните работни групи на Здружението кои ги сочинуваат членовите на Здружението, распределени и групирани по области, гранки од економијата, како и други надворешно ангажирани стучни лица, експерти од областа на работата на групите.

28.01.2019 г. – Испратен е допис до МТСП, Националниот Совет за БЗР, Државниот инспекторат за труд, Здружението за заштита при работа на општина Битола, МЗЗПР и Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, со иницијатива за заедничко одбележување (централна манифестација) на 28-ми Април, Светскиот ден на БЗР, каде како предлог датум за одржување на настанот, беше посочен 24.04.2019 г. (поради верскиот празник Велигден кој оваа година се паѓа на 28.04.2019 г.)

05.02.2019 г. – По одржаниот состанок на Националниот Совет за БЗР, преку e-mail беше испратена повратна информација од страна на претседателот на МЗЗПР и член на Националниот Совет за БЗР (во врска со доставениот допис) каде како заклучок од состанокот е наведено следното:

“Во однос на последната точка, Советот се согласи дека одбележувањето на “28 април” треба да биде со заеднички настан во организација на Советот, а под патронат на МТСП. Датумот ќе биде дополнително определен, но имајќи впредвид дека истиот се паѓа во недела, веројатно ќе терба дополнително да се договориме околу оваа точка. 
Воедно напомнав дека МЗЗПР секогаш го одбележува овој ден на самиот ден и тоа ќе го направиме и оваа година, по што согласност на Советот е покрај централната манифестација, се охрабруваат сите правни субјекти, како и поединци да организираат вакви манифестации во своите микросредини. Воедно, би било од корист, но и заради поголема видливост на сите иницијативи, претсавниците на заинтересираните страни да ги соберат секој индивидуално (што планираат да прават индивидуално за одбележување на 28 април) и истите да ги достават до своите преставници.”

28.02.2019 г. – 365 дена по формирањето Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, брои респектибилна бројка од 70 членови …

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *