И оваа година ПРОДОЛЖУВАМЕ, веќе традиционално, како крај на првата работна половина од 2019 година, на ден 22.06.2019 година во Винарската визба Кралица Марија, во Демир Капија, ЗИЗ Тутела по втор пат организирше семејно дружење за своите членови.
За разлика од минатата година, оваа година временските услови беа идеални, и тие што дојдоа, поминаа прекрасни моменти со своите најблиски и колегите.
И оваа година дел од присутните за прв пат се видоа и меѓусебно се запознаа, но во никој случај не изостанаа моментите на дружење и забава. Се гледаме догодина, во истиот период, ПРОДОЛЖУВАМЕ.
Сликите од настанот можете да ги видите на следниот линк
https://photos.app.goo.gl/LYA56HWqp6z78j5dA