ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Како и во претходниот пeриод, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Во соработка со Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), Фирмата Стенсо МАК, Скопје и поддршка од Здружението за БЗР “28-ми Април”, Скопје,  ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на стручната обука на тема:

„СТАНДАРДИ во БЗР – пристап, значење, примена, имплементација “

Целта на обуката е преку практични примери и пристап, стручни насоки на следење, користење и имплементирање, при тоа користејки ги различните можности за изнаоѓање, да ве поттикне најбрзо, најпрактично и најсигурно да го најдете потребниот стандард за одреден вид на средства, опрема, алат, процедура.

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 12.09.2019 година, со почеток од 09:00 часот, во Хотел Континентал, Скопје.

За членовите на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна, додека за други заинтерсирани учесници, цената за учество на истата е 2.000,00 денари.

Во цената влегуваат материјалите од обуката, кафе на паузата и закуска.

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 16:00 часот на ден 06.09.2019 година.

Членовите на ЗИЗ Тутела, Скопје за регистрација за учество на обуката ја доставуваат само пополнетата Пријава за учество.

Учесниците кои не се членови на ЗИЗ Тутела, со пополнетата Пријава за учество, да достават и скенирана уплатница (потврда), за извршена уплата од 2.000,00 денари.

Уплата да се изврши на сметка на
Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,
ж-ска 210-0726786001-20
банка НЛБ Банка
цел на дознака Учество на Обука Стандарди во БЗР, 12.09.2019 г.
износ 2000,00

   АГЕНДА

09:00 – 09:45  Регистрација на учесници

09:45 – 10:00  Вовед во програмата

10:00 – 11:15  Институт за Стандардизација на Република Северна Македонија

11:15 – 11:30  Кафе пауза

11:30 – 13:00  Стенсо МАК – Стандарди на ЛЗС

13:00 – 14:00  Ручек

14:00 – 15:30  Стенсо МАК – Стандарди на ЛЗС

15:30 – 16:00  Дискусија

16:00 –  Затворање на обуката

ПОКАНАТА И ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО МОЖЕТЕ ДА ГИ СИМНЕТЕ ОВДЕ:

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,

ЗИЗ ТУТЕЛА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *