Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Како Здружение кое во континуитет се залага за искрена соработка и меѓусебна поддршка на сите чинители во областа БЗР, ја споделуваме оваа информација како поддршка на настан кој е од регионално значење за промоција на струката. За таа цел ве информираме дека :
ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА 28-ми АПРИЛ, Република СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА и СОЈУЗОТ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТА НА Р.СРБИЈА заедно реализираат уште една конференција која за цел има унапредување на знаењата и уцврстување на заштитата на работа. И оваа година како коорганизатори на конференцијата ќе бидат челните институции од областа на образованието за заштита при работа, и тоа:
УНИВЕРЗИТЕТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО НОВИ САД,
ФАКУЛТЕТ ЗА ТЕХНИЧКИ НАУКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО НИШ, ФАКУЛТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТА
16-та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„Безбедноста на работа – приоритет во работењето“
од 9 до 12 октомври 2019 г.
Хотел „Bellevue – Metropol Lake Resort“ Охрид
ИНФОРМАЦИИ:
Организаторите ги повикуваат сите академци, инженери, професори, лица кои работат во областа на заштита при работа, противпожарна заштита, заштита на животна средина како и заштита од катастрофални случувања, да земат учество во трудовите и предавањата, како и во размена на знаењата, искуствата и добрата пракса.
Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (30 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ:
Пријавата на учесниците се врши со пополнување на формулар кој се наоѓа на интернет страната на на конференцијата www.oshpriority.mk кој потоа треба да се испрати на е-маил адресата: zbr28april@yahoo.com
СМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ:
Сместувањето е во хотелот „Bellevue – Metropol Lake Resort“ Охрид” на база на полн пансион.
Подетални информации можете да добиете на следниот линк http:// www.oshpriority.mk