ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Како и во претходниот пeриод, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Во соработка со Фирмата Армор ПЛУС ДОО, Скопје и поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје,  ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручната обука на тема:

„РАБОТИ НА ВИСИНА – РАБОТИ БЕЗБЕДНО “

Целта на обуката е преку практични примери и пристап, стручни насоки на следење, европски искуства од врвни експерти, да Ве поттикне најбрзо, најпрактично и најсигурно да го најдете соодветното заштитно средство за безбедно да ја реализирате вашата работна задача. Оваа обука ќе биде насочена кон колективните заштитни средства и мерките за работа на висина. Практична е за стручни лица за безбедност при работа, проектанти и други заинтересирани лица кои имаат потреба од трајно или привремено поставување на системи за колективна заштита при работа на висина (антенски столбови, кровни конструкции, крански патеки, скелиња, висечки скелиња и сл.).

МЕНТОРИ/ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА:

1.Michael Ewald – DELTA PLUS FRANCE

2. Benoit Mathel-Tharin – VERTIC FRANCE

3. Томислав Пољак – ДЕЛТА ПЛУС, Хрватска

4. .Ненад Антоски и Влатко Кузмановски – АРМОР ПЛУС ДОО, Скопје

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 08.10.2019 година (вторник), со почеток од 09:00 часот, во Хотел Best Western, ул.Ѓуро Стругар бр.11, Скопје.

Предност во пријавувњето и учеството ќе имаат членовите на ЗИЗ Тутела и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Секој учесник кој е член на ЗИЗ Тутела, ќе добие Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 16:00 часот на ден 04.10.2019 година.

                                                                АГЕНДА

09:00 – 09:45  Регистрација на учесници

09:45 – 10:00  Вовед во програмата

10:00 – 11:15  Сесија 1

11:15 – 11:30  Кафе пауза

11:30 – 13:00  Сесија 2

13:00 – 14:00  Коктел

14:00 – 15:30  Сесија 3

15:30 – 16:00  Дискусија

16:00 –  Затворање на обуката

Дополнителни информации на тел 075 432 041 (Борче)

Поздрав,

ЗИЗ ТУТЕЛА

ПОКАНАТА И ПРИЈАВАТА ЗА НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ СИМНЕТЕ ОВДЕ:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *