Со цел јакнење на меѓусебната соработка, насочување на своите капацитети кон поттикнување и афирмација на областа безбедност и здравје при работа (БЗР), како и унапредување на соработката со други институции од заеднички интерес, Државниот инспекторат за труд, претставуван од директорот г. Аљајдин Хавзиу и Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје претставувано од претседателот г. Дејан Ангеловски, на 26. 11. 2019 година, во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.