Почитувани членови на ЗИЗ Тутела,  

Како што ветиме на 24.04.2019 година во х.Арка (настанот по повод 28 април, Светскиот ден на БЗР), ни претставува особена чест, да Ве поканиме, да учествувате на настан – стручна едукативна презентација наменета само за членовите на ЗИЗ ТУТЕЛА:

ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА

На настанот, учесници на овогодинешниот повик  за избор на најдобар правен субјект во 2018 година, кој реално и стручно, допринел во сопствениот развој, инвестирајќи / имплементирајќи добри практики за безбедни и здрави работни места и се воедно добитници на една од наградите, ќе ја презентираат добрата практика која ја имплементирале во нивната компанија и со која допринеле во развојот на безбедноста и здравјето на своите вработени на нивните работни места. 

МОДЕРАТОР НА НАСТАНОТ
Модератор на настанот ќе биде – М-р Борче Стојчевски

ПРЕЗЕНТЕРИ
Претставници на фирмите добитнички на овогодинешните награди за добри практики во делот на БЗР – преку презентација на добрите практики за кои ги имаат добиено наградите.

ВАЖНО!!!
Едукативната презентација ќе се организира на 17.12.2019 година, со почеток од 11:30 часот, во Хотел Континентал, Скопје.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на Настанот, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 16:00 часот на ден 15.12.2019 година.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ПОКАНАТА:

ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА ПРИЈАВАТА:

АГЕНДА ДЕЛ 1 – ВТОРО ГОДИШНО РЕДОВНО СОБРАНИЕ
09:00 – 10:00 Регистрација на учесници на ВТОРО ГОДИШНО РЕДОВНО СОБРАНИЕ
10:00 – 11:00 ВТОРО ГОДИШНО РЕДОВНО СОБРАНИЕ
11:00 – 11:30 Кафе пауза

АГЕНДА ДЕЛ 2 – ДОБРИ ПРАКТИКИ
11:30 – 11:45 ВОВЕД ВО НАСТАНОТ
11:45 – 13:00 ДОБРИ ПРАКТИКИ (Презентации)
13:00 – 13:30 ПАУЗА
13:30 – 14:30 ДОБРИ ПРАКТИКИ (Презентации)
14:30– 15:30 Дискусија / прашања/ ЗАКЛУЧОК
15:30 – ,,AFTER WORK PARTY”

НАПОМЕНА: Како организатори на настанот согласно пријавените
презентери и Вашиот интерес го задржуваме правото на промена на
агендата ДЕЛ 2 – ДОБРИ ПРАКТИКИ.

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,
ЗИЗ ТУТЕЛА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *