Вторник, 17.12.2019 година, со почеток во 10:25 часот, во просториите на х.Континентал, Скопје, се одржа Второто Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Седицата ја отвори Претседателот на Собранието на ЗИЗ Тутела, г.Владо Кочовски, по што согласно дневниот ред беше извршен избор на:

-работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели

-изборна / верификациона комисија – составена од три члена

-записничар, и

-двајца заверувачи на Записникот

Како единствен предлог, за Претседател повторно беше избран г.Владо Кочоски, а за потпретседатели г.Димитар Свирков и г.Стефан Русјаков.

Согласно извештајот од верификационата комисија, заклучно со денот на одржување на Собранието, ЗИЗ Тутела брои 116 активни члена, со уредно платена членарина, а согласно член 30, став 1 од Статутот на ЗИЗ Тутела, Скопје, Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.

Во моментот на одржување на Собранието беа присутни 48 членови, со што условот од став 1 од член 30 (присуство на мнозинство, односно 59 членови) не беше исполнет.

Поради тоа Претседателот се повика на член 30, став 5 од Статутот на Здружението ,,Во случај кога не е обезбедено присуство на мнозинството од членовите на Здружението, а сите членови на Собранието се уредно поканети и немаат најавено отсуство од Седницата, Седницата на Собранието се одложува за еден час во текот на истиот ден, по што Собранието работи согласно истиот дневен ред и Одлуките се носат со монозинство гласови од присутните членови”, и ја одложи седницата за еден час.

Во периодот на одлагање, се одржа првиот дел од планираниот настан за истиот ден ,,ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА”.

Во 12:15 часот, продолжи со работа Собранието на ЗИЗ Тутела.

Во првиот дел од седницата, од страна на членовите на Извршниот одбор, беа презентирани и образложени: Извештајот за досегашните активности на ЗИЗ Тутела ( https://photos.app.goo.gl/a2bcn4vwwik6U7M38 ) и Финансискиот извештај, како и Извештајот за работата на Надзорниот Одбор.

Во вториот дел од Седницата, беше разгледана и едногласно усвоена Програмата за работа на ЗИЗ Тутела во 2020 година.

По исцрпување на точките од дневниот ред, заврши Второто Годишно Редовно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, по што збор побара г.Дејан Ангеловски, Претседател на ЗИЗ Тутела, кој накраткоо ги најави двата проекта:

  1. БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – 2 , чија целна група ќе бидат најмладите, од предучилишна возраст (голема група во градинките)
  2. МАНО (времено име) – првиот Македонски анимиран лик, промотор на БЗР

како и успешно реализираниот проект:

  1. Првиот број на Меѓународно списание ТУТЕЛА / International Journal TUTELA ,

Промоција, а воедно и образложение за излегувањето на ова стручно списание даде д-р Иво Кузманов.

По завршувањето на Официјалниот дел, беше организиран коктел (After work party), за присутните членови на Здружението.

Фотографиите од настанот можете да ги превземете овде:

https://photos.app.goo.gl/JmwGWM7dWWSUJmnq5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *