Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,
На седницата на ИО на ЗИЗ Тутела, Скопје (13.02.2020 г.) , a во врска со Решението на Владата на РСМ за именување на членови на Советот за БЗР (Сл. Весник на РСМ 29/20), одлучено е да се достави Допис, реакција и барање за почитување на Дописот до Владата на РСМ за именување на претставник на Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа ( од 10.07.2018 г.) .

Продолжуваме во интерес на струката, за БЗР се работи.

Во прилог е содржината на Дописот:

До

Влада на Република С. Македонија

Копија
Министерство за труд и социјална политика
-Министер за труд и социјална политика,
-Дополнителен Заменик Министер за труд и социјална политика
-Совет за безбедност и здравје при работа

Скопје

Дата: 14.02.2020 г.

Предмет: Решение на Владата на РСМ за именување на членови на Советот за БЗР (Сл. Весник на РСМ 29/20)

Почитувани,

Согласно член 43 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл.Весник на РМ 92/07), Владата на Република С.Македонија во 2009 година, со Одлука основа Совет за безбедност и здравје при работа (во понатамошниот текст Совет) како експертско советодавно тело и со Решение за именување го одреди неговиот состав, истите се објавени во Сл.Весник на РМ бр.131/09.

Согласно член 44 од истиот Закон во Советот покрај другите членови, партиципираат и стручните лица за безбедност при работа, преку еден член, кој е претставник на здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа.

Согласно последното Решение на Владата за именување на членови на Советот објавено во Сл. Весник на РСМ 29/20, како претставник на Здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа, повторно е именуван г-динот Милан Петковски, од Македонското здружение за заштита при работа

Доколку не сте имале информација, Ве информираме дека во моментов во Република С.Македонија свои акативности на полето на безбедност и здравје при работа имаат 5 (пет) Здруженија и тоа:

  1. Македонско здружение за заштита при работа, Скопје
  2. Здружение за заштита при работа на општина Битола, Битола
  3. Здружение за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и
  4. Здружение на инженери за заштита Тутела, Скопје
  5. Здружението на граѓани за работна и животна средина ПротектДел, Делчево

Од кои Здружението под реден број 5 (пет) е формирано кон крајот на 2019 година.

Од формирањето на Советот во 2009 година, до денес, ,,претставник“ на Здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа во Советот е г-дин Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа.

На 10.07.2018 година, преку Допис (го додставуваме во прилог на овој Допис), од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола-Битола, Здружението за безбедност при работа „28-ми Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита Тутела – Скопје а врз основа на меѓусебно потпишаниот меморандум за соработка, се обративме до Владата на РСМ и МТСП и побаравме да се иницира промена на членот на Советот  кој ги претставува стручните лица за безбедност при работа.

Меѓутоа од страна на МТСП, со официјален Допис, Мислење (бр.08-7987 од 01.08.2018 г.) кој исто така ви го доставуваме во прилог, ни укажаа дека за претставникот на Здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа треба да доставиме усогласен предлог, иако и самиот наш Допис кој го доставивме беше усогласен и потпишан од страна на три од четирите Здруженија кои беа регистрирани во тој период.

-Се поставува прашање дали МТСП треба да се стави во функција на тело кое ке дава мислење за доставен предлог за назначување на член на Советот ,,ексклузивно” само за член кој доаѓа од стручните Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа? Дали на предлог доставен, потпишан и заверен од 3 (три) Здруженија, треба да се прати Допис/Мислење (бр.08-7987 од 01.08.2018 г.) само до едно Здружение?

Како да се гледа на одговорот/мислењето од МТСП (бр.08-7987 од 01.08.2018 г.), на доставен предлог со име и презиме на претставник, усогласен, потпишан и заверен од три од четирите во тој период активни Здруженија, истиот да не го прифаќа, а со самото тоа парцијално да решава/советува како ќе се делегираат претставници од граѓански невладини организации. Дали на ист начин се коментираат предлози и од другите организации кои имаат свои претставници во Советот. Дали ако мнозинството даде предлог и стои зад него се остава на лична воља на одредени субјекти, да носат парцијални решенија и да го рушат угледот на Советот и МТСП.

-На чија иницијатива/предлог се носи Решение на Владата на РСМ за именување на членови на Советот за БЗР (Сл. Весник на РСМ 29/20) на кое сеуште како претставник на Здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа стои член кој не е предложен од страна на Здруженијата и покрај уредно доставен Допис за негова смена со нов претставник кој е наведен во Дописот кој е пратен до Владата на РСМ на 10.07.2018г.?

Советот функционира од 2009 година, од тој период до денес на барање и предлог на другите организации кои имаат свои претставници во Советот се сменети претставници скоро од сите организации, со исклучоци на одредени членови.

Дека работите во Советот не функционираат како што треба е и фактот што истиот скоро 6(шест) години функционира и го исполнува членот 44 од Законот за БЗР со присуство на претставници од ОРМ за кои Владата на РСМ нема донесено Решение за нивно назначување. (чиј пропуст е ова?)

Иако функцијата на Советот е советодавна, сепак истиот е генератор на одредени случувања на полето на БЗР. Истиот носи Планови, Стратегии, избира Претседател, заменик Претседател на Советот, носи Деловник за работа на Советот… на Седници на кои кворумот го прават или зависи од претставници од организации, без Решение за нивно именување од страна на Владата на РСМ. Би напоменале дека и актуелните управувачки органи на Советот, се назначени или избрани од членови на Советот без решение за нивно именување од Владата на РСМ. (сето погоре наведено може лесно да се провери преку сите донесени Решенија за именување и измена на претставниците на Советот кои ги носи Владата на РСМ како и од Записниците од Седниците на Советот).

 Доколку се провери ќе се утврди дека дел од претставниците, иако со години учествувале во работата и гласале за одредени активности на Советот за прв пат се именувани за членови на Советот со последното Решение на Владата на РСМ за именување на членови на Советот за БЗР (Сл. Весник на РСМ 29/20).

Повторно се отвора прашањето, Кој и во чија полза го руши угледот на Советот и МТСП со пропустите и непромислените активности кои се наведени погоре?!?

Би Ве замолиле, стручните владини служби да го разгледаат Дописов и неговите прилози и во врска со претставникот на Здруженијата кои работат на полето безбедност и здравје при работа да постапат согласно доставениот предлог од стручните Здруженија, земајќи во предвид дека истиот Допис е доставен и генериран од мнозинството Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа.

Во очекување на Ваша правилна рекација, во интерес на областа БЗР, со искрени желби за успешна соработка,

Со почит,

ПРИЛОГ:
1.Допис до Владата на РСМ за именување на претставник на Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа (10.07.2018 г.)
2.Допис Милсење од МТСП (бр.08-7987 од 01.08.208 г.)

Здружение на инженери за заштита                                                        
Т У Т Е Л А, Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Дејан Ангеловски

Оригиналниот Допис можете да го превземете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *