Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Денес 28 април, се одбележува светскиот ден за Безбедност и здравје при работа под покровителство на Меѓународната организација на трудот
Согласно актуелната ситуација во целиот свет, темата на овогодинешното одбележување е COVID-19, односно гласи ЗАПРЕТЕ ЈА ПАНДЕМИЈАТА, БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА МОЖЕ ДА СПАСАТ ЖИВОТИ.
Целта на кампањата е да се укаже дека се потребни посебни мерки за да се заштитат милионите здравствени работници и другите работници, кои секојдневно за нас ги ризикуваат своите животи.
Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, ќе го одбележи денот во согласност со препораките на Владата за социјално дистанцирање и ќе организира on-line конференција со своите членови и останати чинители од областа Безбедност и здравје при работа во РС Македонија, кои се поканети да земат учество на истата.
Следејќи ја актуелната состојба со COVID-19, мотото под кое ќе го одбележиме овој ден е
ОСТАНИ ПОЗИТИВЕН, БИДИ НЕГАТИВЕН!!!
Воедно, ќе биде промовиран и петиот број на Првото стручно списание за безбедност и здравје при работа ТУТЕЛА, кое во овој број, речиси целото тематски е посветено на актуелната ситуација со COVID-19, но во него ќе бидат претставени и новата кампањата на EU OSHA со специјален допис за списанието, како и кампањата на Меѓународната организација на трудот.
Исто така во него е и специјалниот прилог – интервјуто со Директорот на Државниот инспекторат за труд г-динот Алајдин Хавзиу, кое е целосно посветено на актуелната состојба со COVID-19 и начинот на делување на Државниот инспекторат за труд во вакви ситуации.
Нека ни е честит 28 април, останете безбедни.
Со почит
ИО на ЗИЗ Тутела, Скопје