Имајки ја во предвид ситуацијата со КОВИД-19 и олабавувањето на мерките за заштита од КОВИД-19 во разни сегменти и области, на ниво на целата држава, на редовната (on line) седница на Извршниот одбор на ЗИЗ ТУТЕЛА, одржана на 23.06.2020 година, беше донесен едногласен заклучок да се побара укинување или измена на Решението бр.17-2614/1 од 19.03.2020 г., донесено од Министерство за здравство.
Поточно со ова Решение, на неодреден рок, се одложи спроведувањето на здравствени прегледи на вработените, а со тоа „предолго“ се одложува еден многу важен сегмент во безбедноста и здравјето при работа (БЗР) – превентивните здравствени прегледи.
За таа цел е доставен Допис до Министерството за здравство.
Дописот во целост можете да го превземете овде: