ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Како и во претходниот преиод, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Свесни за секојдневното присуство на КОРОНАВИРУСОТ (КОВИД-19), како и менувањето на скојдневните навики на живеење и работа во насока на лична заштита на животот и здравјето на луѓето, како на работните места, така и при секојдневните животни активности, а земајќи во предвид дека оваа состојба ќе потрае подолго во наредниот период, сметаме дека како стручно Здружение на инженери за заштита е потребно преку самоорганизирање на одредени активности да покажеме како треба да се однесуваме во иднина, со цел да се заштитиме од КОРОНАВИРУСОТ.

И овој пат, во период на присуство на КОВИД-19, согласно планските определби, иако пролонгирани, продолжуваме со организирање на планираните обуки наменети за членовите на ЗИЗ Тутела. За таа цел започнуваме со уште еден нов серијал на стручни наменски обуки ,,POST CORONA – STARTS NOW”. За почеток во коорганизација со Македонското здружение за медицина на трудот и соработка со Државниот инспекторат за труд и Здружението за безбедност при работа ,,28 Април”, Скопје, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на обука на тема:

БИДИ ПОЗИТИВЕН – ОСТАНИ НЕГАТИВЕН

Целта на обуката е преку стручни излагања, практични примери и информативни излагања да се усогласиме и взаемно поддржиме во реализацијата на стручните чекори (предлагање и избор на мерки, средства, опрема) во периодот што следи, во кој КОРОНАВИРУСОТ останува наше секодневие на самите работни места и во нашиот живот.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

  • Претставник на Македонското здружение на медицина на трудот
  • Претставници на ДИТ
  • Претставник на фирма дистрибутер на опрема за примена на мерки за заштита од КОРОНАВИРУС
  • Стручно лице за БР – практичен пример на примена на мерки и средства за заштита од КОРОНАВИРУС

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 08.07.2020 година, со почеток од 09:00 часот, во Ресторан Градина (отворен дел), ул.Борис Трајковски, 1000, Скопје.

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела и членови на Македонското здружение за медицина на трудот.

За членовите на ЗИЗ Тутела обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015, а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 16:00 часот на ден 06.07.2020 година.

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ДЕЛ

Во согласност со препораките на надлежните институции, во поглед на мерките и средствата за заштита и спречување на ширење на КОРОНАВИРУСОТ, Организаторот во целост ги превзема сите мерки за безбедна реализација на обуката.

Имајќи ги во предвид целокупоните мерки кои треба да се превземат не само за времетраење на обуката, туку и пред почетокот на самата обука, пријавените учесници е потребно да пристигнат на местот на одржување на настанот во периодот кој е наведен во самата агенда.

ОБВРСКИ НА СЕКОЈ ПРИЈАВЕН УЧЕСНИК на денот на обуката се

  • На местото на обуката да пристигне со заштитна маска
  • Доколку чувствува некој здравствен респираторен проблем и покрај тоа што е пријавен да не доаѓа на истата
  • Да ги почитува сите мерки и задолжително користи сите доделени заштитни средства пред почетокот на обуката
  • Да ги почитува дадените насоки за однесување и постапувања од моментот на пристигнување на обуката, за времетраење на обуката како и во периодот на користење на паузите за кафе и закуска.

Секое не придржување кон посочените насоки (мерки) како и некористење на доделените средства за заштита и спречување на ширење на КОРОНАВИРУСОТ, ќе биде повод од  присутниот  да се побара да го наушти настанот.

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,
ЗИЗ ТУТЕЛА

ПОКАНАТА ЗА ОБУКАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

ПРИЈАВАТА ЗА ОБУКАТА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *