Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

08.07.2020 г., Ресторан ГРАДИНА, Скопје

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, успешно ја реализира и деветата стручна обука за своите членови, прва во 2020г.

POST CORONA – STARTS NOW
БИДИ ПОЗИТИВЕН – ОСТАНИ НЕГАТИВЕН

Имајки ја во предвид актуелната состојба со светската пандемија на КОВИД-19, обуката беше организирана со посебен протокол и примена на мерки, средства и опрема за спречување на ширење на коронавирусот, со целосно исполнување на актуелните протоколи и препораки на надлежните институции за ваков вид на настани.

На самиот почеток на настанот се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и Македонското зсдружение за медицина на трудот, Скопје. По што следеше обраќање на претседателите на ЗИЗ Тутела, Македонското здружение за медицина на трудот и Здружението за БЗР 28 Април.

Во понатамошниот тек беа обработени следните теми:

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ
д-р Злате Мехмедовиќ, претседател
ТЕМА: КОВИД 19 И СТРЕСОТ, ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ?

ВИТЕК, МАКЕДОНИЈА
Даниела Филиповска, стручно лице за безбедност при работа
ТЕМА:Практичен пример на примена на мерки за заштита од ширење на коронавирус

ВИТЕК, МАКЕДОНИЈА
Ciriako Lo Konte – генерален директор
ТЕМА: Споделени искуства на мерки, средства, опрема, постапки за заштита на вработените при справување со коронавирусот во Италија

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД
Јосиф Перчинков, самостоен инспектор
ТЕМА: Работа од дома и инспексиски надзор во време на коронавирус.

ЛОГИН ЕЛЕКТРОНИКС
Златко Николовски – вработен во Логинг Електроникс
ТЕМА: Бесконтактно мерење на телесна температура

Целиот тек на настанот, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самиот настан, е потврда дека и овој настан, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела, се вброи во категоријата успешно организирни.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк: https://photos.app.goo.gl/5oKDuvLgMCT3VFyh9

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *