Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела

Во текот на вчерашниот ден, преку е маил, доставен е ДОПИС од МТСП до ЗИЗ Тутела, како одговор на Дописот доставен на 03.07.2020 година до МТСП ,( линк https://tutela.org.mk/2020/07/03 )

Во самиот е маил е наведено следното :

,,Почитувани,
Во врска со Вашиот допис кој е доставен и до Министертсвото за труд и социјална политика , подготвено е мислење и истото Ви е доставено по пошта н а 10.7.2020 година  и е вратено затоа што не е подигнато од пошта на 5.8.2020 година. Во прилог е мислењето и копие од пликот од кој може да видите кога истото Ви е доставено.
Дописот кој сега го достваувате е со истата содржина во која е вклучена и Организацијата на работродавачи.
Со почит,
Мирјанка”

И се прикачени следните два прилога

Од кои причини Дописот-одговорот не е стигнат до ЗИЗ Тутела (се случува за прв пат) не ни е јасно, но сепак каков таков, е даден одговор на Дописот, а на засегнатите од областа БЗР останува сами да проценат до каде е отидена целата работа на полето БЗР.

Паралелно со случувањата околу Дописите во врска со Решението бр. 17-2614/2 од 01.07.2020 г. од Министерство за здравство, во поголем дел од лекрската фела и кај дел од стручните лица по БР, се шират дезинформации дека ЗИЗ Тутела сакала да се стопираат здравствените прегледи за вработените, се сечела гранката на која седеле стручните лица по БР и …. ?

Како ИО на во моментов, најбројното (по членство) Здружение кое ги обединува исклучиво стручните лица кои работат на полето на БЗР/ЗПР и ППЗ, напоменуваме дека секој Допис е споделен со нашите членови и за истиот се информирани пред неговото доставување.
Дописите немаат намера да исечат ничија гранка, посебно не на стручните лица по БР, а ниту на докторите по медицина на труд, Напротив Дописите се однесуваат на Законска активност која со Решение беше стопирана (или според одговорот од МТСП – одложена но не целосно прекината) и во подолг период не се реализираше, а како последица на тоа се дојде до состојба на голема бројка непрегледани вработени. Единствена цел на Дописот е да се овозможи, имајќи ја во предвид актуелната состојба со КОВИД 19, работодавачите и здравствените организации плански, согласно Законските одредби, да се организираат и да се изврши ,,физички” а не ,,виртуелен” здравствен преглед на вработените. А за да се реализира тоа, мора работодавачот да има правен акт или насока од надлежна институција, кои ќе му овозможат сразмерно реален рок за да ја реализира и исполни таа Законска активност, поради тоа што во овој момент, да бидеме искрени ,,физички” преглед на толкава бројка на вработени не е реално возможен, сакале тоа некои да го признаат или не.

Согласно склучените Договори за вршење на здравствени прегледи правните субјекти доставуваат упати за здравствен преглед до овластените здравствени институции и се ставаат на ред за чекање. Во ваква ситуација, што ќе се случи ако дојде до тешка повреда при работа, а на вработениот не му е сеуште извршен здравствен преглед, а се наоѓа на листа на чекање во некоја од овластените здравствени институции …. Со овој начин на реализација на прегледите се ставаат во незавидна положба правните субјекти, стручните лица кои работат во нив, фирмите кои нудат услуги на полето БЗР…. темата е премногу сензитивна за надлежните органи така ноншалантно да реагираат и да …..
Паралелно со тоа напоменуваме дека овој Допис нема да има никакво влијание на другите Законски активности, кои со добра организација, примена на мерки, средства и опрема, почитување на протоколи, on line комуникација и сл. и до сега имаа и ќе имаат одреден тек и континуитет.


Искрено се надеваме дека од останатите две институции до кои беше исто така доставен вториот Допис (Влада на РСМ и Министерство за здравство) ќе добиеме соодветен и стварно издржан стручен одговор кој ќе даде стручно-правни насоки како да се постапи во дадената ситуација, со цел , целиот процес заврши без последици по никој од чинителите во областа БЗР.

Во интерес на БЗР

Со почит,

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *