Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги Заштитари!!!
Излезе шестиот број на Првото стручно спсиание за БЗР ТУТЕЛА.
Како и претходните две години и оваа 2020 година, при крајот на Европската недела за безбедност и здравје при работа, како една од планираните активности е и промоцијата на нов број на Првото стручно списание за БЗР ТУТЕЛА.
Ако минатиот, петти број, поради актуелната ситуација со Sars –CoV-2 вирусот, беше издаден како електронско издание повторно во соработка и поддршка од ФЕС – Канцеларијата во Скопје, шестиот број се враќа и излегува во печатена верзија.
Новина е тоа што од овој број па натаму, Списанието Тутела станува целосно финансиски независно и самоодржувачко, што е доказ дека завршува еден циклус од развој и организациска поставеност на ЗИЗ Тутела.
Шестиот број на Првото стручно списание за БЗР ТУТЕЛА, можете да го превземете овде:
ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!
ИО на ЗИЗ ТУТЕЛА