Како дел од активностите за одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа, доделени се останатите од повикот Добри практики од областа БЗР во 2020 година на фирмите добитнички.
Членот на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, Скопје, г-динот Борче Стојчевски, ги врачи наградите на фирмите АН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Илинден и ВИТЕК МАКЕДОНИЈА ДОО, Илинден, лоцирани во ТИРЗ Илинден .
При доделувањето од страна на претставникот на ЗИЗ Тутела, беше истакнато, дека ,,наградите се доказ дека добрите практики, превземените мерки и активности во делот на БЗР, кои се во насока на заштита и зачувуање на здравјето на вработените, се препознаени од стручната комисија и верификувани со награда, се надеваме дека и во иднина ќе се продолжи со развој и унапредување на безбедноста и здравјето на вработените во Вашите компании. Продолжете во таа насока, а безбедните и здрави работници несебично ќе допринесат во развојот на Вашите компании”