Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари, почитувана јавност, почитувани претставници на државните институции кои ја креираат политиката и во чија надлежност е областа БЗР, ни претставува посебна чест на крајот проектот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021″, да ги сублимираме сите активности и да ви ја претставиме во најкратки црти ползата од самиот проект.
Поточно, одиме чекор по чекор и тоа:
ПРЕД СЕ, И ОВОЈ ПАТ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ; НАСТАВНИЦИ; ПРАВНИ СУБЈЕКТИ – ПОДДРЖУВАЧИ НА ЦЕЛАТА АКТИВНОСТ
Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието (под бр.12-3196/4 од 16.04.2021 година), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.
Повикот ,,БЗР од мали нозе 2021 година”, e организиран од страна на Стручните Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа, На повикот за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Република Северна Македонија, повик, кој трет пат се одржува и станува традиционален.
И овој, трет пат, но втор пат во време на пандемија, во време на ограничувања, лична, колективна заштита и грижа за сопственото здравје, здравјето на најблиските, во време на КОВИД-19, најмладите најсериозно пристапија и исполнија уште стотина страници од нивното гледање на безбедноста и здравјето при работа.
Повторно потенцираме, дека ваквиот однос и одговорност на најмладите, нивните ментори, наставници, родители … ни дава потврда дека сме на правиот пат и воедно ни претставува поттик да продолжиме и уште повеќе да се заложиме културата за БЗР да се развива и негува од мали нозе.
РЕДОСЛЕД НА АКТИВНОСТИ:
Во првата фаза од повикот „БЗР од мали нозе 2021″, за избор на најдобрите литературни творби на тема БЗР, изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој за трет пат се одржува, апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:
– ООУ„Св.Климент Охридски“ , Македонски Брод
– ООУ„Св.Климент Охридски“ , ПУ,,Манастирец”, Македонски Брод
– ООУ„Гоце Делчев“, Горно Лисиче, Аеродром, Скопје
– ООУ„Св. Кирил и Методиј“, Иловица, Босилово
– ООУ „Страшо Пинџур“, с. Мало Коњари, Прилеп
– ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес
– ООУ„Гоце Делчев“, Босилово
– ООУ “Гоце Делчев“ – н.Илинден
– ОУ,,Христо Узунов”, с.Другово, Кичево
– ООУ„Браќа Миладиновци”, Аеродром
– ООУ „Крсте Мисирков”, Куманово
– SH.F.K. Imri Elezi – OOУ ,,ИМРИ ЕЛЕЗИ”, Чаир, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ , Штип
– ООУ„ Дане Крапчев “, Маџари, Гази Баба, Скопје
– Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со oштетен вид Димитар Влахов, Кисела Вода, Скопје
– ООУ „Кочо Рацин“, Куманово
– ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, Скопје
– ООУ„Св. Климент Охридски“, Драчево, Кисела Вода, Скопје
Заклучно со крајниот рок за поднесување, поднесени се вкупно 109 творби, од кои 79 песни и 30 раскази, од 105 ученици.
Во втората фаза, следуваше комисиско разгледување на пристигнатите творби дали се во согласност критериумите на повикот и темата Безбедност и здравје при работа, по што критериумите на повикот ги исполнија 97 творби од кои 71 песна и 26 раскази.
Евалуацијата на творбите ја извршија следните предложени членови на комисијата од Училиштата:
1.Весна Тилева – ООУ„Гоце Делчев“, Босилово
2.Весна Тодоровска – ООУ„Кочо Рацин“, Куманово
3.Драгица Петрова, ООУ„Славејко Арсов“, Штип
4.Жаклина Стојановска, ООУ,,Христо Узунов”, Другово
5.Наталија Маневска, Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов
6.Зорка Сотироска, ООУ „Страшо Пинџур“, Прилеп
7.Ивона Миленкова, ООУ,, Дане Крапчев ”, Гази Баба
8.Лидија Дузлевска, ООУ,,Св.Климент Охридски“ , с.Драчево, Скопје
9.Марија С. Стојчевска, ООУ “Гоце Делчев“ , н.Илинден
10.Наташа Стоилкова, ООУ,,Св. Кирил и Методиј“, Иловица, Босилово
Согласно нивната евалуација, беа избрани најдобрите три творби во секоја категорија, и тоа:
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
- Безбедност и заштита при работа, автор Христијан Гочевски Иваноски, V-1 одд., ООУ,,Дане Крапчев”-Гази Баба
- Заштити се!, автор Матеа Максимоска, V одд., ОУ,,Христо Узунов” , с.Другово
- Заштитата на нашето здравје и околина, автор Јана Ивановска, IV-б одд., ООУ ,,Гоце Делчев”, нас.Илинден
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
- Децата советуваат… , автор Матеа Стојаноска, V одд., ОУ ,,Христо Узунов” , с.Другово
- Искуство кое вреди милиони – Безбедноста и здравјето ни се најважни, автор Петар Трајаноски, IV-1 одд., ООУ ,,Св. Климент Охридски”, Македонски Брод
- Безбедност и заштита при работа, автор Кристи Гроздрановска, V-б одд., ООУ ,,Гоце Делчев”, нас.Илинден
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
- Безбедност и здравје при работа, автор Дамјан Китаноски , VII одд., ООУ ,,Св. Климент Охридски”, Македонски Брод
- Безбедност и здравје при работа, автор Бруно Ивановски, VIII-г одд., ООУ ,,Крсте Мисирков”, Куманово
- Безбедност и здравје при работа, автор Марија Петрова, IX-2 одд., ООУ ..Славејко Арсов” , Штип
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
1. Безбедност и здравје при работа, автор Лина Кралева, VII-2 одд., ООУ ..Славејко Арсов” , Штип
2. Најдобриот татко, автор Дафина Здравковска, VI-1 одд., ООУ ,,Св. Климент Охридски”, Драчево
3. Безбедност и здравје при работа, автор Мила Кралева, IХ-3 одд., ООУ ..Славејко Арсов” , Штип
Иако сеуште соочени со актуелната состојба со КОВИД-19, прогласувањето на првонаградените творби се реализираше на on-line настан, по повод 28 Април Светскиот ден за БЗР, кој го организираа трите Здруженија кои ги обединуват стручните лица за безбедност при работа (ЗПРБ,Битола, ЗБР 28 Април, Скоје и ЗИЗ Тутела, Скопје), под мотото ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА!” (целиот настан можете да го погледнете на слениот ЛИНК
Додека пак со финансиска поддршка во фазата на печатење од Цементраница УСЈЕ, Скопје, Третиот број на ЗБИРКАТА ПЕСНИ И РАСКАЗИ ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ” го дочека светлото на денот во средината на Европската недела за БЗР.
Среда, 27.10.2021 г., ООУ ,,Гоце Делчев”, с.Горно Лисиче, Општина Аеродорм, Скопје, по третпат во РС Македонија, се промовира збирка на песни и раскази која тематски ја опфати областа безбедност и здравје при работа (БЗР). Збирка на литературни трудови изготвени од дечиња од прво до деветто одделение, ученици во основните училишта во Македонија.
Согласно изборот на комисијата, Ви ги претставуваме првонаградените творби во четирите категории:
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Секој мора да знае
за утре да не се кае,
животот е еден
но, не секому е меден.
Во рудникот влегува рудар.
Тој мора да е мудар.
На главата да носи шлем
со македонскиот амблем.
Катастрофа ко од шала,
ќе настане од грешка мала
со хемиски препарати и
електрични апарати.
Здравствениот работник
маска и ракавици да носи ,
неговите најмили
болест да не ги покоси.
Работното место
не секогаш е лесно.
Биди информиран,
во униформа програмиран!
Ученик: Христијан Гочевски Иваноски V-1 одд.
Училиште: ООУ„ Дане Крапчев “ Гази Баба, Скопје
Ментор: Билјана Трајановска
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
Децата советуваат…
Наближуваше пролетта. Тоа го најавуваше календарот, шепотеше ветрот, мирисот на природата. Се се будеше. И весниците го потврдуваа доаѓањето на нејзиното ,,Величество”. Првите цветови во училишниот двор кои сами ги засадувавме веќе беа расцутени. Секако училишниот парк и оваа година заслужуваше расчистување и доуредување.
На договорениот ден сите ученици бевме во училишниот двор и се организиравме кој што ќе работи. Тоа беше заедничко катче и сите се гордеевме со неговиот изглед посебно после уредувањето. Од наставникот ни беше посочено да носиме постара облека и секако покрај соодветен алат за работа, задолжително и заштитна опрема. Секако тоа не ни беше прв пат да го средуваме паркот и утрото сите изгледавме како вредните џуџиња од приказните и сериозно си ги вршевме обврските. Оние што ги фарбаа клупите носеа ракавици и маски за заштита од вдишување на боите. Тие што беа задолжени за копање и садење цвеќиња и пресадување на старите, носеа ракавици и чизми за да се избегне повреда од алатот за копање.
Она што ми привлече внимание беше тоа што нововработениот домар во училиштето кој беше задолжен за косачицата и тримерот почна да го управува тримерот без да користи ракавици и заштитни очила. Правилата велат дека децата учат од возрасните, но понекогаш и тие можат да бидат неодговорни и да грешат. Се доближив до него и размислувајќи дали е пристојно сепак му укажав на грешката што не понел заштитни очила. Тој одмавна со рака и рече: “Остави малечка, не ми е прв пат, знам да го управувам ова чудо дури и со замижани очи”.
Знаев дека Иво не беше во право, но нели возрасните знаат повеќе па се насочив во моите задолженија плевење на цвеќињата и собирање на отпадот, секако користејќи заштитни ракавици.
Се разнесе бучавата од тримерот која го пригушуваше џагорот од децата , но набргу бучавата стивна и го забележав Иво како ги држи рацете врз крвавото лице и бара помош. Во тревата имало фрлено конзерва па со допир на тримерот конзервата летнала врз лицето на Иво. Сите се преплашивме, а наставниците трчаа на помош. За среќа конзервата ја расекла само веѓата над окото и веднаш му беше запрено крварењето. Некако се чувствував засрамено како да ја повикав несреќата со забелешката до Иво дека не носи заштитни очила. Уште повеќе се засрамив кога Иво ме повика, но тој само ме гушна и ми рече: “Малечка, беше во право за заштитните очила, понекогаш и ние возрасните треба да примиме совет од децата. Овој пат имав среќа и не ги повредив очите, но никогаш не се знае. Ветувам дека од сега за секоја работа ќе користам заштитна опрема”. Сега веќе се чувствував како херој на денот, а наставникот само ме доохрабри со тоа што рече дека одлично сум го применила знаењето од лекцијата за “Заштита при работа”. Резултатот на денот беше прекрасно уреден парк во училишниот двор и испратена една силна порака: “Никогаш не почнувај да работиш без заштитна опрема!” И уште една порака, а тоа е дека и децата знаат да советуваат…
Ученик: Матеа Стојаноска V одд.
Училиште: ОУ,,Христо Узунов” Другово, Кичево
Ментор: Жаклина Стојановска
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
Безбедност и здравје при работа
Да се биде заштитен и безбеден
при работа е сериозна тема,
има услови кои треба да се исполнат
и со тоа шега нема!
Без оглед на професијата,
ова е основно човечко право,
работникот физички и духовно
треба да се чувствува здраво.
Кон работна благосостојба
секое општество се стреми
и секој ризик за здрава работна
средина да се смени!
Да се внимава на ризици од пожари,
радијација, работни површини,
бучава, електрични опасности,
транспорт и работни машини !
За непочитување на достоинството
на трудот постојат разни казни,
за да се отфрлат ризици се
применуваат мерки разни.
Секое човечко суштество
спокојно и здраво да работи сака,
да даде се од себе за својата
професија без никаква мака .
Ученик: Дамјан Китаноски 7 одд.
Училиште: ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод,
Ментор: Мартина Филипоска
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение
Безбедност и здравје при работа
Животот е предизвик кој нè води најпрво низ безгрижноста на детството, па нè нурнува во бурните води на младоста, потоа нè приземјува во сигурноста на зрелоста за на крајот да нè доведе до староста. Но, од сите овие периоди, детството е најубавиот период во животот. Исполнето е со игри, со радост, со безгрижност и со многу соништа. И токму во тие наши соништа се гледаме себеси како идни доктори, учители, полицајци, возачи… Толку бргу сакаме да пораснеме што секоја професија станува наша игра. И така, можеби уште од најмали нозе ја „играме“ професијата со која еден ден вистински ќе се занимаваме. Ја играме без правила и пречки, безбедни во домот или во околината. Колку само едноставно и лесно изгледа животот тогаш! Но и детето расне, станува возрасен човек, го напушта волшебниот свет на детството и зачекорува во свет во кој ништо не е како порано, свет во кој работните обврски стануваат реалност и неопходност и кои некогаш бараат многу труд и пожртвуваност за да се извршат.
Крис бил искусен полицаец кој многу ја сакал својата работа. Неговите детски соништа се исполниле низ животните патишта и успеал да стигне до целта, да ја работи професијата што ја сака, која некогаш била негова детска игра, негов најголем сон. Секогаш бил борец за правда, за ред и секогаш со широко срце им помагал на луѓето. Станувал сè поискусен, посигурен и пред сè многу одговорен кон работните обврски што ги добивал. Бил пример за останатите како треба да се сака професијата и како треба да се извршува. Велиме дека со годините доаѓа и искуството, но тоа секогаш не помага за да бидеме сигурни и безбедни додека ги извршуваме работните обврски. Животот може да ја промени патеката по која се движи многу брзо и многу лесно. Во една блокада, толпа револтирани луѓе неконтролирано дивеела и употребувала најразлични ризични материјали и опрема. Крис бил на должност и како полицаец постапувал согласно своите надлежности. Меѓу многуте луѓе кои употребувале најразлични ризични материјали и опрема, тој забележал едно мало дете чиј живот бил загрозен. Се втурнал како најголем херој за да спаси млад живот, но го загрозил сопствениот. При обидот да го спаси детето, бил ранет во ногата. Операцијта била долга и тешка. По овој настан Крис останал инвалид.
Луѓето работат за да овозможат средства за живот. Луѓето го ризикуваат животот за да го возвишат работното место. Секоја професија има своја тежина, но и секој живот има своја вредност
Ученик: Лина Кралева VI – 2 одд.
Училиште: ООУ„Славејко Арсов“ Штип
Ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова
“Со задоволство и мотив , на час по додатна настава , моите третоодделенци твореа за учество на Вашиот конкурс. Ви благодариме за можноста ! Пред СЕ научивме за безбедност при работа , разговарајќи за повеќе случувања.
Со почит одделенски наставник
Николина Милевска, при ООУ „Кочо Рацин“ Куманово”
ПРОДОЛЖУВАМЕ, во интерес на БЗР, во интерес на младите, заедно до безбедни и здрави работни места….
Голема благодарност до членовите на комисијата, наставничките, кои ги евалуираа трудовите, до Менторите, а НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до младите ТВОРЦИ.
Претставувше посебно задоволство да се соработува со ВАС.
ИО на ЗИЗ Тутела