Почитувани ченови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на првата бесплатна обука во 2022 година, која ја организира Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.
Темата на обуката е иницирана како потреба, имајќи ја во предвид актуелната легислатива која ја покрива оваа област и тоа :
,,Врз основа на членот 52 став 3 во врска со членот 32 став 2 и членот 34 од Основниот закон за заштитата при работата („Службен лист- на СФРЈ”, бр. 15/65 и 28/66), во согласност со Сојузниот совет за здравство и социјална’ политика, Сојузниот совет за труд пропишува
ПРАВИЛНИ К ЗА ОПРЕМАТА И ЗА ПОСТАПКАТА ЗА УКАЖУВАЊЕ ПРВА ПОМОШ И ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИА СЛУЖБАТА ЗА СПАСУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕЗГОДА ПРИ РАБОТАТА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат постапката за укажување прва помош и за организирање на службата за спасување, материјалот односно опремата потребна за укажување прва помош, како и условите што во поглед ка стручноста треба да ги исполнуваат лицата за вршење на тие рабови. Одредбите на овој правилник се применуваат во работните и други организации, во органите, општествено-политичките заедници и кај други правни и (Јазички лица кај кои запослените лица се на работа (во понатамошниот текст: организациите).
Член 2
На повредените и на нагло заболените лица при работата, им се обезбедува брзо укажување прва помош на самото место, а во согласност со ,современите методи за укажување прва помош…
…
Член 8
Во секоја организација односно работилиште, на секои 50 запослени работници мора да постои шкафче снабдено со санитетски материјал и со средства за укажување прва помош (во понатамошниот текст: шкафче за прва помош). Во шкафчето од ставот 1 на овој член мора секогаш да се наоѓа најмалку следниот ‘ санитетски материјал: 1) 2 парчиња фластер-завои; 2) 5 помали и 5 поголеми стерилни први (заштитни) завои; 3) 4 парчиња калико-завои должина 5 m а широчина 8 cm; 4) 2 триаголно шамии и 4 безопасни игли („зихерици”); 5) 3 пакетчиња бела вата по 10 g и 1 пакет проста вата од 100 g; 6) 6 парчиња напрстоци од колеа во три големини; 7) 1 помала анатомска пинцета; 8) 1 ножици за режење завои, со завратена главичка; 9) 1 Esmarh гума 80 до 100 cm должина а 2,5 cm широчина; 10) 4 шини за прелом на коски ватирани, и тоа 2 парчиња Крамерови ЕГО 100 CM и 2 парчиња по 50 cm должина а 10 cm широчина. “…
Читајќи го актуелниот Правилник, а следејќи ја инертноста на одредени институции и актуелни чинители од областа БЗР низ годините, по 51 година од носење на истиот, се јавува потребата да ја актуелизираме темата, и после обуката да поведеме иницијатива за носење на нов Правилник кој ќе ја регулира областа.
Врз основа на се погоре наведено, а знаејќи го значењето и важноста на самата област, посебно на работното место каде во даден моемент нема стручни медицински лица, чија цел е да се спаси еден живот, Ве покануваме на обука на тема
ПРВА ПОМОШ НА РАБОТНОТО МЕСТО
На обуката ќе биде согледана актуелната легислатива во земјава, презентирана актуелната европската легислатива како и споделување на искуства на примена преку практични примери и активности.
ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА
Предавач на обуката ќе биде
Инж.Слави Пачалов е магистер по медицина на трудот и работна способност на Медицинскиот универзитет во Софија. Од 2017 година, тој раководи со компанија која се занимава со обука за прва помош, одговор при катастрофи, заштита од пожари, безбедност на патиштата, активности за спасување и пребарување.
Долги години работел во Бугарскиот Црвен крст, извршувајќи различни позиции, меѓу кои и директор на софискиот огранок на Црвениот крст на Бугарија.
Двапати е одликуван од Бугарскиот Црвен крст, вклучително и за севкупна дејност.
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 05.05.2022 година (Четврток), во Хотел Континентал, Скопје. Термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com 15:00 часот на ден 29.04.2022 година.
На барање на предавачот, бројот на учесници е ограничен!!!
Секоја пријава после наведениот час и дата, нема да биде земена во предвид (во случај на пополнување на бараниот број на учесници од страна на предавачот – 100 учесници, пријавувањето ќе биде прекинато)
Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:
Сите пријавени, после рокот на пријавување, ќе добијат потврда за учество на обуката, на нивните е маил адреси.
Дополнителни информации на тел 070 547 941 и 070 219 876
Поздрав,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ,,ТУТЕЛА”, Скопје
АГЕНДА
09:00 – 09:45 Регистрација на учесници
09:45 – 10:00 Вовед во програмата
10:00 – 11:30 Тема 1
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:30 Тема 2
13:30 – 14:30 Закуска
14:30 – 15:45 Тема 3
15:45 – 16:00 Затворање на обуката