СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ Е КЛУЧЕН ЗА ГРАДЕЊЕ СИЛНА БЕЗБЕДНОСНА И ЗДРАВСТВЕНА КУЛТУРА

EU-OSHA е информативна агенција на Европската Унија за безбедност и здравје при работа. Нашата работа придонесува за Стратешката рамка на Европската комисија за здравје и безбедност при работа 2021-2027 година и други релевантни стратегии и програми на ЕУ (European Commission’s Strategic Framework on Health and Safety at Work 2021-2027). Стратешката рамка, објавена во јуни минатата година, ги дефинира клучните приоритети и активности за подобрување на здравјето и безбедноста на работниците, адресирање на брзите промени во економијата, демографијата и работните модели.

Потребен е трипартитен пристап – вклучувајќи ги институциите на ЕУ, земјите-членки, социјалните партнери и други засегнати страни, фокусирајќи се на три клучни приоритети:
1. Предвидување и управување со промените во контекст на зелените, дигиталните и демографските транзиции;
2. Подобрување на превенцијата од несреќи и болести поврзани со работата и стремеж кон пристап на визијата за „нула“ смртни случаи поврзани со работа (Vision Zero);
3. Зголемување на подготвеноста за одговор на сегашните и идните здравствени кризи.

Успешноста на рамката зависи од нејзината имплементација на ниво на ЕУ, национално, секторско и на ниво на претпријатие, при што клучни се ефективно спроведување, социјалниот дијалог, финансирањето, подигањето на свеста и собирањето податоци. Преку својата широка мрежа на партнери, EU-OSHA е добро поставена да ги олесни активностите, соработката и размената и да ги исполни амбициите на рамката.

Активностите на EU OSHA ги надминуваат земјите-членки. Северна Македонија е активен учесник во мрежата на фокусни точки (focal point) на Агенцијата, која разменува знаење низ Европа и е интегрирана во активностите и проектите на ЕУ OSHA.

Предвидувачките студии и прегледните проекти  на EU-OSHA имаат за цел да ги предвидат ризиците и да ги идентификуваат приоритетите, да информираат за развојот на практиката и политиката за БЗР во области како што се дигитализацијата (digitalisation) и зелените работни места (green jobs), стресот и психосоцијалните ризици (stress and psychosocial risks). EU-OSHA, исто така, обезбедува лесни за користење ресурси за да им помогне на работните места да ја применат превенцијата во пракса, со бројни насоки кои се даваат за да им се помогне на работниците да бидат безбедни за време на пандемијата (keep workers safe during the pandemic), без разлика дали се изложени на првата линија или се приспособуваат на работа од дома. Нејзиното вклучување во Патоказот за канцерогени (Roadmap on Carcinogens) и нејзините кампањи за здрави работни места (Healthy Workplaces) ја покажува посветеноста на Агенцијата за промовирање култура на превенција низ Европа и пошироко, камен-темелник на политиката за БЗР на ЕУ.

По повод Светскиот ден за БЗР 2022 година (World OSH Day 2022), EU-OSHA повикува на заедничка работа за градење силна безбедносна култура. Се слави секоја година на 28 април и е организиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ), на денот кога ќе разгледаме како учеството и социјалниот дијалог можат да придонесат за силна и позитивна безбедносна култура под мотото „ Да делуваме заедно за да градиме позитивна култура за БЗР“.

Социјалниот дијалог (Social dialogue) е исто така еден од показателите на алатката за визуелизација на податоци за БЗР на EU-OSHA (OSH Barometer data visualisation tool). Оваа алатка нуди квантитативни податоци и квалитативни описи на ниво на ЕУ и системите за социјален дијалог на поединечните земји-членки.

Новиот документ за дискусија „Мерење на квалитетот на социјалниот дијалог и колективното договарање во областа на безбедноста и здравјето при работа“, кој ќе биде објавен на денот, за квалитетот на социјалниот дијалог и колективното договарање за безбедност и здравје при работа (БЗР) ги надополнува овие податоци. Ја разгледува поврзаната литература и претставува методолошки и концептуален пристап за мерење на квалитетот на индустриските односи во БЗР.

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) работи на тоа да ги направи европските работни места побезбедни, поздрави и попродуктивни – во корист на бизнисите, вработените и владите. Агенцијата промовира култура на превенција од ризик за подобрување на работните услови во Европа. Основана од Европската Унија во 1994 година и со седиште во Билбао, Шпанија, EU-OSHA истражува, развива и дистрибуира доверливи, избалансирани и непристрасни информации за безбедноста и здравјето, поврзувајќи се со организации низ Европа за подобрување на работните услови.

Tim Tregenza,
Senior Network Manager, European Agency for Safety and Health at Work

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *