Почитувани ченови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на четвртата бесплатна обука во 2022 година, која ја организира Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.

Како официјален поддржувач на Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот (Healthy Workplaces Lighten the Load) на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) , а со цел взаемна поддршка и унапредување на знаењето на стручните лица за безбедност при работа, имајќи го во предвид новиот Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар (227/22) , обврските кои произлегуваат од него, и рокот за негова имплементација овој пат организираме меѓународна обуката на тема:

ПРАВИЛНИК ЗА БЗР ПРИ РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА НА ТОВАР -МЕТОДОЛОГИИ, ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА

На обуката свои презентации во поглед на Законски, подзаконски и практични решенија во дадени ситуации, ќе имаат предавачи од Република Србија.

ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 15.12.2022 година (четврток), во х.Континентал, Скопје , Бул. Александар Македонски бб, Скопје 1000,
Термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.

Обуката е бесплатна и е наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com до 16:00 часот на ден 12.12.2022 година.

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА

ТУТЕЛА, Скопје

АГЕНДА
09:00 – 10:00  Регистрација на учесници
10:00 – 10:15  Вовед во програмата
10:15 – 11:00  Тема 1
11:00 – 11:45  Тема 2
11:45 – 12:45  Пауза
12:45 – 13:30  Тема 3
13:30 – 14:30  Пауза
14:30 – 15:30  Дискусија
15:30 – 16:00   Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *