Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
15.12.2022 г., х.Континентал, Скопје
ТЕМА: ПРАВИЛНИК ЗА БЗР ПРИ РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА НА ТОВАР -МЕТОДОЛОГИИ, ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА
Стручна наменска обука, четврта бесплатна во 2022 г., наменета за членовите на ЗИЗ Тутела , во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.
На почетокот на обуката на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела кој им посака на сите присутни успешен работен ден и воедно искажа благодарност до присутниуте претставници на ДИТ и нивната континуирана поддршка и соработка на полето на БЗР со невладиниот сектор.
Модератор на обуката беше г-дин Љупчо Кочовски.
На обуката свое излагање имаа:
М-р Борче Стојчевски
Тема: Рачно пренесување на товар, проценка на ризик
г-дин Драгослав Томович , претседател на Здружението за безбедност и здравје при работа на Србија
Тема: Проценка на ризик при рачна манипулација со товар
Како и секогаш до сега, ЗИЗ Тутела понуди атрактивна стручна тема, која за прв пат се обработува на ваков начин, а дека тоа е така потврди големиот интерес на учесниците, нивната активна вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.
ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!
ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ, А ПРЕД СЕ НА БЗР.