Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари
26.01.2023 година, Скопје
Стопанска комора на Северна Македонија
Тема: МУСКУЛНО – СКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА,РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР – ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НОВИОТ ПРАВИЛНИК – Техничка и медицинска поддршка
Обука во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, со стручна поддршка од ЗИЗ Тутела, Скопје.
На почетокот на присутните им се обрати претставникот на организаторот М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова, Центар за едукација и развој на човечки ресурси Стопанска комора на Северна Македонија
Прв предавач на обуката беше г-дин Љупчо Кочовски, м-р по безбедност и здравје при работа, кој на присутните им ги сподели искуствата со истата проблематика во земјите од регионот, преку видео обраќање на релевантни лица од областа БЗР.
Втор предавач на обуката беше г-дин Борче Стојчевски, м-р по безбедност и здравје при работа и Стручно лице по БР
Трет предавач на обуката беше Д-р Гоце Младеновски, Специјалист по медицина на трудот и интерна медицина, Стручно лице за БР
Во вториот дел повторно предавање одржа г-дин Борче Стојчевски, м-р по безбедност и здравје при работа и Стручно лице по БР
ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!
ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ, А ПРЕД СЕ НА БЗР.