28 АПРИЛ – Светски ден за безбедност и здравје при работа – 2023 година ,,Безбедна и здрава работна средина е фундаментален принцип и право при работа”.
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа во 2023 година ќе биде одбележан на 28 април 2023 година и ќе ја истражува темата за безбедна и здрава работна средина како фундаментален принцип и право при работа.
Во јуни 2022 година, на Меѓународната конференција на трудот (ILС), одлучено е да се вклучи „безбедна и здрава работна средина“ во рамката на фундаменталните принципи и права на работа на МОТ.
Во оваа прилика, Конвенцијата за безбедност и здравје при работа, бр. 155 и Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа, бр. 187 се прогласени за фундаментални конвенции.
Како резултат на оваа одлука, сите земји-членки, дури и ако не ги ратификувале предметните конвенции, имаат обврска, што произлегува од самото членство во Организацијата, да ги почитуваат, промовираат и реализираат, со добра волја и во согласност со Уставот, начелата за основните права кои се предмет на тие конвенции.https://www.ilo.org/declaration/lang–en/index.htm