Почитувани членови на ЗИЗ Тутела,
Од страна на МТСП, г-дин Дарко Дочински, фокал поинт за РС Македонија во Европската агенција за безбедност и здравје пристигна е маил со информација дека неодамна Европската агенција на БЗР (EU-OSHA) подготви и објави, прилично детален и сеопфатен ВОДИЧ за работа во услови на зголемена температура – публикација, која не е премногу обемна (20-тина страници) и е навистина информативна и дава голем број на важни и корисни информации за сите аспекти поврзани со работата во услови на висока температура.

Од различните видови на болести и здравствени состојби поврзани со изложеност на висока температура, симптоми за препознавање на овие состојби, давањето на прва помош и соодветен третман, до конкретните препораки, мерки и активности кои треба да се преземат на работните места во ваквите ситуации и услови.

Водичот можете да го најдете на линкот:
или
или
Ви благодариме на соработката и имајте убав одмор и безбедно лето.
Со почит
ИО на ЗИЗ Тутела