Стопанската комора на Северна Македонија на 6 декември 2023 година во соработка со Здружението на инженери за зашти–та ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: ,,БЕЗБЕДНА РАБОТА  НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ  – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ

Обуката e дизајнирана да одговори на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите при имплементација на одредбите од Законските и подзаконските акти , при тоа запазувајќи ги обврските кои обезбедуваат безбедна работа на отворено – работа на ниски температури кои би биле причина за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина. 
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од Законот за безбедност и здравје при работа и неговата тесна поврзаност со Законот за Здравстена заштита, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручните лица за безбедност при работа, на ДИТа и обврските на самите вработени во дадени ситуации.

Која е целта на семинарот?

Целта на семинарот е да се обезбедат потребните знаења и вештини за безбедна и здрава работа во услови на ниски температури, одредување на начини на справување со потенцијалните ризици и предизвици кои можат да се појават при работа на отворен или затворен простор со што  ќе може да се намалат ризиците од повреди и заболувања поврзани со работа на ниски температури. Ова ќе помогне да стручните лица дадат насоки за поефикасно и побезбедно работење, што ќе допринесе за добро самочувство на работното место.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во организирање на работата во внатрешна и надворешна средина на ниски температури и кои ги следат препораките согласно Законот за БЗР. 
Начин на работа:
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законските и подзаконските акти за елеминирање на причините за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина.

ПРОГРАМА

•    Потенцијални опасности и штетности кои можат да се појават при работа на ниски температури на отворен или во затворен простор;

•    Обврски кои произлегуваат од Законски и подзаконски акти:
      –    реализација на работни активности на ниски температури 
      –    работа на отворен простор (зимски услови) 
      –    работа во затворен простор  (ладилници, комори и сл.)

•    Влијание на ниските температури и последици кои ги предизвикуваат по здравјето на вработените; 

•    Tехнички и организациони мерки за елиминирање или ублажување на влијанието на ниските температури врз здравјето на вработените;

•    Практичен пример

Презентери: 
–    Доктор по медицина на труд;              
–    Преставник до Државен инспекторат за труд и  
–    Практичар од компанија, Стручно лице за БР.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • работен материјал доставен електронски; 
  • ручeк и освежување; 
  • сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1.12.2023 година.

Пријавен лист: Пријава за учество

Линк до објавата на СКСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *