ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!
Почитувани,
Ни претставува посебна чест, ДА ВЕ ПОКАНИМЕ, да земете активно учество со аплицирање, квалификување и во изборот, на најдобрите правни субјекти во 2023 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места.
Цeлокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции.
Рокот за апликација започнува на 01.03.2024 г. (петок) и ќе трае до 05.04.2024 г. (петок).
Објавувањето и доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која планирано е да се одржи на ден 26. 04. 2024 г. (четврток), на која ќе бидат поканети претставници од сите чинители во областа БЗР и учесниците во Повикот.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА
Право на учество има секој правен субјект кој е регистриран во Централниот регистар на РС Македонија.
Формуларот за пријавување на Повикот можете да го превземете овде:
во формат Ms Office :
во формат .pdf
Во самиот формулар за пријавување, детално Ви е опишана целата постапка.
Во зависност од дејноста и бројот на вработени, секој правен субјект ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:
Категорија 1 –
Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и
други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)
Категорија 2 – Административни
дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите
77 – 96 од НКД)
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни
дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени
В) Големи претпријатија – над 250 вработени
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во
безбедноста и здравјето на своите вработени.
Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 4, можете да го превземете овде,
во формат Ms Word :
во формат .pdf
Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2022 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com или тел. 070 / 23 54 66 (Јасминка) .
НАПОМЕНА: Секој правен
субјект (апликант), со самиот формулар (апликација), да достави контакт
податоци, на личност од правниот субјект (апликантот), која ќе биде вклучена и
контактирана во текот на целиот процес.
Учесниците на повикот, на барање на организаторот потребно е да достават и
краток текстуален опис (текст и фотографии) во кој ќе ја/ги опишат добрата/ите
пракса/практики во областа БЗР.
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела