ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела, почитувани колеги заштитари!

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), како и Стручни лица од фелата, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на обука на тема:

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА – ЧЕКОР НАПРЕД

Учесниците на обуката ќе имаат единствена можност да присуствуваат на презентација на програми кои се реализираат во развиените земји. Имено, на учесниците ќе им биде претставен моделот „Безбедноста како личен избор“, канадска програма со која, во кратки црти, се изнаоѓаат начини како активно да се вклучат сите чинители во безбедноста при работа. Од највисокото раководство кое со личен пример ќе покаже посветеност, а од друга страна, вработените ќе се почуствуваат дека се дел од тимот кои ги креира правилата и програмите.

Во текот на денот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да ги тестираат модулите за обука со користење на виртуелна реалност. Активност која во моментот е хит во светот и ја претставува иднината во делот на промовирање и зголемување на свеста за опасностите кои демнат на секое работно место.

ПРЕДАВАЧ НА ОБУКАТА:

М-р Љупчо Кочовски – СмартМК

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 25.09.2024 година (среда), со почеток од 09,00 часот во едукативниот центар на СмартМК (ул. Пролет 1/1, Скопје).

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

Заради интерактивниот начин на обука, на барање на организаторот, бројот на учесници е ограничен ( 20 учесници). Во случај на поголема заинтересираност, ќе биде организирана нова обука.

Цена за учество на обуката:                                               4,500 ден
Цена за членови на ЗИЗ Тутела:                                         2,500 ден

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и заедно со скенирана уплатница (извештај) дa ги достават на e-mail ziztutela5@gmail.com  најдоцна до 16:00 часот на ден 23.09.2024 година (понеделник).

Членовите на ЗИЗ Тутела Скопје, со пополнетата Пријава за учество, да достават и скенирана уплатница (извештај), за извршена уплата од 2.500,00 денари.

Учесниците кои не се членови на ЗИЗ Тутела Скопје, со пополнетата Пријава за учество, да достават и скенирана уплатница (извештај), за извршена уплата од 4.500,00 денари.

Уплата да се изврши на:
сметка на: Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,
ж-ска: 210-0726786001-20
банка: НЛБ Банка
цел на дознака: Учество на Обука БЗР-чекор напред, 25.09.2024г.

За дополнителни информации
-за пријавување и регистрација 070 23 54 66 (Јасминка)
-за обуката лице за контакт 075 432 051 (Љупчо)

Со почит,

ИО на ЗИЗ Тутела

АГЕНДА:

09:00 – 09:30           Регистрација
09:30 – 11:00           Безбедност како личен избор
11:00 – 11:30           Кафе пауза
11:30 – 13:00           Безбедност како личен избор – практичен дел
13:00 – 13:30           Пауза
13:30 – 15:00           Виртуелна реалност
15:00 – 16:00           Дискусија и затворање

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *