ВНИМАНИЕ !!!
Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.
Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:
,, ОД ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ ПРОЦЕСИ – ДО БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА”
Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со дигитализација на работните процеси, присутните ќе се стекнат со нови знаења и истовремено ќе се вклучат во значајни дискусии поврзани со темата.
Развојот на нови технологии, како што се вештачката интелигенција, големи количини на податоци, колаборативна роботика, алгоритми, дигитални работни платформи и истовремено зголемување на бројот на работници кои работат од дома, обезбедуваат нови можности за работниците и работодавачите, но исто така претставуваат нови предизвици и ризици кога се работи за безбедност и здравје при работа. Одговорот на предизвиците и ризиците и максималното искористување на можностите зависи од тоа како се применуваат технологиите, како се управуваат и како тие се законски регулирани во контекст на социјалните, политичките и економските трендови.
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на рабтните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од законот за БЗР, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручното лица за БР, а и обврските на самите вработени во дадени ситуации .
ПРЕДАВАЧИ/ТЕМИ НА ОБУКАТА:
Проф.д-р Драган Мијакоски, специјалист по медицина на труд,
Национален секретар на ICOH за Р. С. Македонија – Дигитализација и ментално здравје на работа
Тијана Петковска, стручно лице за БР, Johnson Matthey – Следење трендови на настани и креирање на извештаи при изготвување на програма за подобрување – ЕNABLON систем
Ана Христовска – Консултант, Евросимовски Консалтинг – Софтверско решение (платформа) за управување со деловни процеси BizFlowPro
М-р Љупчо Кочовски, СмартМК – Виртуелна реалност во обуки за безбедност при работа
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 24.10.2024 година (четврток), во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, ул.Христо Татарчев бр.44, Кисела Вода, 1000 Скопје термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 10:00 часот на ден 23.10.2024 година.
Овде можете да ги превземете:
АГЕНДА
09:00 – 09:45 Регистрација на учесници
09:45 – 10:00 Вовед во програмата
10:00 – 11:30 Сесија 1
11:30 – 11:45 Кафе Пауза
11:45 – 13:15 Сесија 2
13:15 – 13:45 Пауза за ручек
13:45 – 15:00 Сесија 3
15:00 – 15:15 Пауза
15:15 – 15:45 Сесија 4
15:45 – 16:00 Дискусија и затворање на обуката
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела