Стартува Европската недела за безбедност и здрвје при работа ( 21 – 25.10.2024 г.), а со самото тоа и со зголемен акцент Кампањата за Здрави работни места – Безбедна и здрава работа во дигиталната ера 2023-2025 (EU-OSHA).
Иако брзата дигитализација на работните места создаде многу нови можности за ефикасност и продуктивност, таа исто така донесе нови предизвици за безбедност и здравје при работа (БЗР). Овие ризици треба соодветно да се проценат и да се управуваат за да се осигура дека работниците можат да ги извршуваат своите активности на безбеден и здрав начин.