Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
24.10.2024 г. – Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода
Во присуство на над 135 учесници, членови на ЗИЗ Тутела, Скопје, во организација на ЗИЗ Тутела, се одржа обука на тема ,,ОД ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ ПРОЦЕСИ – ДО БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА“
Модератор на Обуката беше г.Љупчо Кочовски.
Прв на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела Скопје, кој го потенцираше значењето на Европската недела за БЗР и кампањата за здрави работни места Безбедна и здрава работа во дигиталната ера 2023-2025 на Европската Агенција за безбедност и здрваје (EU OSHA). ЗИЗ Тутела како медиумски партнер на EU OSHA и за оваа кампања продолжува со доследно и стручно подигнување на свеста за значењето на БЗР кај сите чинители од областа преку низа активности во целиот период на кампањата.
После обраќањето на М-р Дејан Ангеловски, г-динот Љупчо Кочовски го најави и отпочна стручниот дел на обуката, и тоа:
Сесија 1 – Тијана Петковска, стручно лице за БР, Johnson Matthey
Тема: Следење трендови на настани и креирање на извештаи при изготвување на програма за подобрување – ЕNABLON систем
Сесија 2 – Ана Христовска – Консултант, Евросимовски Консалтинг
Тема: Софтверско решение (платформа) за управување со деловни процеси BizFlowPro
Сесија 3 – Проф.д-р Драган Мијакоски, специјалист по медицина на труд,
Национален секретар на ICOH за Р. С. Македонија
Тема: Дигитализација и ментално здравје на работа
Сесија 4 – М-р Љупчо Кочовски, СмартМК
Тема: Виртуелна реалност во обуки за безбедност при работа
Целиот тек на обуката, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самата обука, е потврда дека и оваа обука, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.
Обуката беше поддржана од страна на компанијата Стенсо МАК – Скопје