По повод одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа на 25.10.2024 година со почеток во 10:00 часот се одржа настан на кој се додели Националната награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР 2024 и Награда за компанија со најдобар пример на добра пракса за БЗР 2024.

За жал на стручната фела, организаторот и поддржувачот на настанот, Советот за БЗР и Фондацијата ФЕС, не почувствувале за потреба на настанот да поканат да присуствуваат официјални претставници на поголемиот дел на Здруженија, кои ги обединуваат стручните лица за БЗР.
Имајќи во предвид дека стручните лица за БР се еден од основните столбови на системот за БЗР, за кој Советот за БЗР ги доделува и Националните награди за компаниите, се надеваме дека пропустот е ненамерен или е од техничка природа , и дека во иднина ваков вид на состојби ќе бидат надминати.

Модератор на настанот бил Доц. д-р Трајче Велковски, OSHVET амбасадор

На одбележување на „Европска недела на БЗР“ – воведни обраќања имале:

Во своето обраќање, претседателот на ССМ го потенцирал следното:

Загрижува што покрај опасностите со кои се соочуваме на нашите работни места, се соочуваме и со опасности кога доаѓаме и кога се враќаме од работа. За жал, пред две недели животот го загубија тројца работници, враќајќи се од работа дома кај своите семејства.”
Покрај потребата од раст на платите, во фокусот на ССМ, е Безбедноста и здравјето при работа. Приоритет на делување на ССМ во наредниот период ќе биде регулирање на правата и обврските на работниците и работодавачите во оваа област по пат на колективни договори како двострано обврзувачки акти .Нашиот ангажман во наредниот период ќе го насочиме во правец на унапредување на колективното договарње во областа на безбедноста и здравјето при работа истакна Претседателот на ССМ Трендафилов.
Значаен придонес во унапредувањето на здрави и безбедни услови за работа по пат на социјален дијалог и со зедничко делување на сите чинители во општеството  , се  обезбедува   преку   Националниот совет за БЗР  каде ССМ има свои претставници и чија што улога сметаме дека треба да се зајакне, прецизира и унапреди.
–  За жал, брзањето за да не задоцниме на работа,  брзаме да сработиме и брзаме да заработиме што понекогаш чини човечки животи и сметам дека сите заедно треба напорно да сработиме за да спречиме макар и една загуба на еден човечки живот и мислам дека тоа ќе биде еден од најголемите успеси, изјави Трендафилов.
Според него, и работодавачите, чија одговорност е да ги спроведат мерките за безбедност и здравје при работа, како и креаторите на политиките, треба да воведат дополнителни мерки кои ќе значат спасување на животите на работниците.
*Текстот е превземен од FB страната на ССМ

Претседателката на ОРМ, истакнала дека

,,Овој настан, кој се одбележува низ цела Европа, ни ја дава можноста да ја истакнеме важноста на безбедноста и здравјето на работното место. Притоа потенцирајќи дека безбедноста на работниците не е само законска обврска, туку и морална и деловна одговорност. Таа подвлекла дека со постојано подобрување на условите на работа, вложуваме во благосостојбата на нашите луѓе и одржливоста на нашите компании. Секој од нас има одговорност да обезбеди сигурна и здрава работна средина, со што придонесуваме за создавање на поефикасна, продуктивна и среќна работна сила. “
*Текстот е превземен од FB страната на ОРМ

На настанот се доделени и Националната награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР 2024,

како и Награда за компанија со најдобар пример на добра пракса за БЗР 2024.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *