25.10.2024 година, петок, 12:00 часот

Дом на култура Билјана Беличанец, општина Кисела Вода, Скопје

Модератор на настанот беше г-дин Владо Кочоски.

На почетокот на настанот г. Кочовски го истакна следното:

Ми претставува посебна чест и задоволство што денес на последниот ден од Европската недела за БЗР, го отворам настанот со кој ја потенцираме важноста на безбедноста и здравјето при работа во сите пори на општеството, работејќи на полето БЗР преку подигнување на личната свест за грижа за сопственото здравје и живот од најмали нозе учениците до возрасните лица – работниците.
Да напоменам дека секоја 43 -та недела во годината од страна на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EUOSHA) се одбележува како Европска недела за БЗР, која оваа година е во периодот од 21 до 25 Октомври, со давање на акцент на тековната кампања на EUOSHA за Здрави работни места – Безбедна и здрава работа во дигиталната ера, која започна во Октомври 2023 година и ќе трае до Октомври 2025 година. Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, како медиумски партнер на Европската агенција за БЗР (EU OSHA) не само оваа недела, туку и во минатото и периодот што следи ќе продолжи со активности чија основна цел е промоција на БЗР.

Потоа следеше обраќањето на претседателите на Стручните Здруженија, кои ги обединуваат стручните лица за БЗР, и тоа:

г-дин Владо Кочоски на крајот од воведното обраќање на присутните претседатели на Здруженијата упати порака до присутните со која на сите присутни во име на претседателот на Здружението за заштита при работа на општина Битола, г-динот Предраг Зариќ го пренесе поздравот за успешен настан и извинувањето што поради службен пат не е во можност да присуствува на настанот.

Потоа следеше обраќањето на дел од чинителите од областа БЗР и тоа:

На крајот од првиот дел од настанот на присутните им се обрати и г.Орце Ѓеорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, кој ја потенцираше заложбата на општината за поддршка на вакви настани, за што доказ е и отстапувањето на Домот на култура Билјана Беличанец, за одбележување на Европската недела за БЗР.

Во вториот дел од настанот следеше промпцијата на Збирката песни и раскази БЗР од МАЛИ нозе 2024.

Како вовед во настанот, г-динот Кочоски напомена дека ,, тука завршуваме со делот на возрасните, и продолжуваме со делот за најмладите. Како што споменавме на почетокот, оваа недела од страна на Европската агенција за безбедност и здравје е прогласена за Европска недела за безбедност и здравје при работа, па со самото тоа, импулс плус и голем доприност во одбележувањето на истата е и денешната промоција на збирката песни и раскази БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ и значењето на тоа што најмалите го напишаа. И оваа година традиционално по 6-ти пат, месец Октомври, и Европската недела за безбедност и здравје при работа, се збогатени со уште едно соѕвездие од 135 ѕвездички, ѕвездички кои даваат дополнителна светлина на патот кон побезбедни работни места, ѕвездички кои будат верба за просперитена иднина на сите активности на полето на заштита на работникот, родителот, човекот.

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука  и Бирото за развој на образованието, како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците. На овогодинешниот повик учество земаа 135 ученици од 19 основни училишта ширум државата, кои доставија вкупно 135 творби (песни/раскази), од кои критериумите на повикот ги исполнија 135 творби (109 песни и 26 раскази).

Tворби беа категоризирани во 4 категории и тоа:
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Пристигнатите творби ги евалуираше и оценуваше 9 члена комисија составена од наставнички од Основните училишта и претставник на Бирото за равој на образованието.
Наградените творби беа прогласени на 26.04.2024 година, на настан организиран по повод одбележувањето на Светкиот ден на Безбедност и здравје при работа 28 Април, а денеска на последниот ден од Европската недела за БЗР ја промовираме Збирката на песни и раскази БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2024.

Вовед и образложување за проектот даде и м-р Дејан Ангеловски, претседател на ЗИЗ Тутела како носител на проектот.

Во своето обраќање истакна дека самиот проект треба да се прифати како мисија за ширење на мислата за БЗР. 899 ученици, 900 творби и 115 Основни училишта се доказ дека мислата и зборот за БЗР се шират преку децата, наставничките, до родителите, бабите, дедовците, роднините, работниците, а со тоа и се разбира значењето на БЗР.
Овие ученици за 10-15 години ќе бидат носители на БЗР во компаниите, тие ќе знаат што значи, што нуди и што треба да бараат за да се бебзедни на работните места.

По обраќањето на претседатлот на ЗИЗ Тутела, г.Владо Кочоски ги покани дел од авторите на творбите да ги прочитаат своите творби пред присутните.

Потоа следуваше обраќањето на м-р Марија Ристова – Наставник по македонски јазик во ООУ„Гоце Делчев“ Штип, која како евалуатор на сите творби и ментор на ученик го даде своето мислење за самиот проект. Притоа таа напомена:

,,Проектот БЗР од мали нозе несомнено е уште еден показател за тоа дека светот останува на младите, на децата. Тие се оние кои треба на светот да му дадат нов лик, секогаш подобар. За да успеат во намерата утре,  децата денес, најчесто ги следат возрасните. Тие, пак,  преку различни активности во рамките на проектот се едукатори и позитивен пример за тоа како треба сите работници соодветно да се заштитат при работа.  Децата од мали нозе треба да знаат дека секоја работа носи одреден ризик, што претставува опсаност по здравјето на работникот, со нагласување на професиите кои во голема мера можат да го загрозат човековото здравје. Поради тоа, од голема полза е имплементацијата на проектот БЗР од мали нозе во насока за правилна и навремена заштита при работа. Од него учениците, но и возрасните учат.
Како повеќегодишен учесник на литературниот конкурс: „БЗР од мали нозе“, имав можност да ги согледам останатите активности во рамните на овој проект. За пофалба и од голема корист се сите случувања, бидејќи од најмала возраст го развиваат чувството кај учениците, прво за себепочитување и вреднување на сопствениот  живот, а потоа поттикнување на емпатија за секој работник, независно која е неговата професија.
Знаејќи дека секој човек има загарантирано право на живот, должност е да го  заштити истиот. Ако дома секој сам се грижи за безбедноста, на работното место во голем дел тоа зависи од сопственикот или раководството во претпријатието.  Во таа насока Проектот БЗР нуди различни предавања, работилници, презентации, промоции и низа други содржини преку кои се потенцира значењето на животот на секој човек, кој некаде е работник. На тој начин работникот се чувствува почитуван и ќе биде посигурен во безбедноста за своето здравје.Тоа пак, овозможува тој да го даде својот максимум и да биде најпродуктивен во својата работа.
Од друга страна, укажувајќи на правата за заштита при работа на луѓето, индиректно се укажува на претпоставените и одговорните лица на претпријатијата, кои треба секогаш одговорно да се однесуваат кон своите вработени, да ги почитуваат нивните права, посебно правото на обезбедување сигурни и навремени услови за работа.  И во таа насока преку Проектот БЗР индиректно се охрабруваат работниците да го пријават непочитувањето и прекршувањето на правилата за заштита  при работа.                Литературниот конкурс во рамките на проектот БЗР од мали нозе е доволен показател за тоа дека децата иако се мали сепак ја разбираат важноста на заштитата на здравјето на работните места. За нив е најважно нивните најблиски да се живи и здрави. Оттука и нивната инспирација преку творбите да укажат на значењето на животот и негова заштита.
Неколку години по ред воодушевуваат стиховите и есеите на учениците што е доволно да заклучиме дека проектот БЗР од мали нозе ќе продолжи. Големо браво за иницијативата и сите институции, здруженија и претпријатија кои го поддржуваат проектот и го потенцираат значењето на животот.

По обраќањето на м-р Марија Ристова, пред присутните своите творби ги прочитаа и ученичките

На крајот присутните учесници на БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ со групна фотографија го приведоа кон крај овогодинешниот настан.

Овогодинешниот настан беше поддржан од страна на компанијата Стенсо МАК – Скопје

П Р О Д О Л Ж У В А М Е !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *