Почитувани
Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.
Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на еднодневна обука на тема:
„ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР – ПРАКТИКА И АЛАТКИ“
Обуката е наменета за претставници на вработени за безбедност и здравје при работа во компаниите, но и за заинтересирани стручни лица за безбедност при работа.
Претставниците на вработените за БЗР се значаен сегмент во системот кој го креираме во компаниите за подобрување на условите за работа. Оваа обука има за цел запознавање со модели за продлабочување на соработката на претставниците на вработените за БЗР со стручните лица за безбедност при работа и со менаџерите во компаниите.
Важно!!!
Обуката ќе се организра на ден 25.11.2024 (понеделник), со почеток во 09:00 часот, во хотел Белви – Илинден, ул. 32 бр.24 (нас. Илинден).
Предавачи
-Претставник од Државен инспекторат за труд
-Претставник на компанија со добри практики за вклученоста на претставниците во системот за БЗР
-Претставник на ЗИЗ Тутела Координатор на стручни работни групи
Цена
Цената на обуката е 3,500.00 денари по учесник со вклучени трошоци освен превоз.
Заради интерактивниот начин на обука, бројот на учесници е ограничен (30 учесници). Во случај на поголема заинтересираност, ќе биде организирана нова обука.
Цена за учество на обуката е 3,500 ден, по учесник, со вклучени трошоци за целиот настан, со исклучок на превозот.
Уплата да се изврши на: сметка на: Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, ж-ска: 210-0726786001-20 банка: НЛБ Банка цел на дознака: Учество на Обука ПРЕСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР , 25.11.2024г. |
За дополнителни информации
-за пријавување и регистрација 070 23 54 66 (Јасминка)
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и заедно со скенирана уплатница (извештај) дa ги достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 16:00 часот на ден 21.11.2024 година (сабота).
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела
АГЕНДА
09:00 – 09:15 Регистрација на учесници
09:15 – 09:30 Воведно обраќање
09:30 – 10:15 Тема 1„ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ, КОМПАНИСКА ОБВРСКА, ИЗБОР И ПРАВА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ – ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА.“ – претставник на ДИТ
10:15 – 11:00 Тема 2 „НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР – ПРАКТИЧНО ИСКУСТВО“ – Претставник на компанија со добра пракса
11:00 – 11:15 Прашања и дискусија
11:15 – 11:45 Кафе пауза
11:45 – 12:30 Тема 3 „ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ – МОДЕЛИ НА ИЗБОР, ФУНКЦИОНИРАЊЕ И ДЕЛУВАЊЕ“ – Претставник на ЗИЗ Тутела
12.30 – 13:00 Вежба 1 – Дејствување
13:00 – 13:45 Вежба 2 – Комуникација
13:45 – 14:30 Тема 4 „МОДЕЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ“ – Претставник на ЗИЗ Тутела
14:30 – 15:00 Прашања и дискусија и затварање на обуката
15:00 – 16:00 Ручек