ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

,, ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО КАКО ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ НА БЗР”

Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со стресот на работното место, присутните ќе се стекнат со нови знаења и истовремено ќе се вклучат во значајни дискусии поврзани со темата.

Стресот на работното место претставува значаен предизвик за вработените и организациите. Ефикасното управување со стресот е клучен дел од системот за безбедност и здравје при работа (БЗР), бидејќи влијае на продуктивноста, мотивацијата и општата благосостојба на вработените. Преку идентификување на ризиците, примена на превентивни мерки и обезбедување поддршка, организациите можат да создадат здраво и продуктивно работно опкружување. Со самата оббука ќе се потенцира важноста на превенцијата и управувањето со стресот како интегрален аспект на модерниот БЗР систем.

На самата обука преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и/или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги предвид обврските кои произлегуваат од законот за БЗР, се дефинираат активности кои се во надлежност пред сè на работодавачот, на стручното лице за БР, како и на самите вработени. Овие активности се насочени кон идентификување на ризиците, примена на превентивни мерки и обезбедување поддршка за справување со стресот во специфични ситуации.

ПРЕДАВАЧИ/ТЕМИ НА ОБУКАТА:

  • Д-р Злате Махмедовиќ  – Директор на Универзитетската Клиника за Физикална медицина и рехабилитација, Специјалист по медицина на трудот
  • Д-р Филип Бабамов  – психолог
  • Стручно лице по безбедност при работа

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 12.12.2024 година (четврток), во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, ул.Христо Татарчев бр.44, Кисела Вода, 1000 Скопје термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 19:00 часот на ден 10.12.2024 година.

АГЕНДА

09:00 – 09:45  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:00  Сесија 1
11:00 – 11:15 Кафе Пауза
11:15 – 11:45  Седмо Годишно Редовно Собрание на Тутела, Скопје
11:45 – 12:45 Сесија 2
12:45 – 13:30 Пауза за ручек
13:30 – 14:30  Сесија 3
14:30 – 14:45 Пауза
14:45 – 15:45  Сесија 4
15:45 – 16:00 Дискусија и затворање на обуката

Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *