
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!
Почитувани,
Ни претставува посебна чест, ДА ВЕ ПОКАНИМЕ, да земете активно учество со аплицирање, квалификување и во изборот, на најдобрите правни субјекти во 2023 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места.
Цeлокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции.
Рокот за апликација започнува на 01.03.2025 г. (сабота) и ќе трае до 04.04.2025 г. (петок).
Објавувањето и доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која планирано е да се одржи на ден 26. 04. 2024 г. (четврток), на која ќе бидат поканети претставници од сите чинители во областа БЗР и учесниците во Повикот.
УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА
Право на учество има секој правен субјект кој е регистриран во Централниот регистар на РС Македонија.
Формуларот за пријавување на Повикот можете да го превземете овде:
во формат Ms Office
во формат .pdf
Во самиот формулар за пријавување, детално Ви е опишана целата постапка.
Во зависност од дејноста и бројот на вработени, секој правен субјект ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:
Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)
Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени
В) Големи претпријатија – над 250 вработени
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.
Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 4, можете да го превземете овде,
во формат Ms Word
во формат .pdf
Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2024 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com или тел. 070 / 23 54 66 (Јасминка) .
НАПОМЕНА: Секој правен субјект (апликант), со самиот формулар (апликација), да достави контакт податоци, на личност од правниот субјект (апликантот), која ќе биде вклучена и контактирана во текот на целиот процес.
Учесниците на повикот, на барање на организаторот потребно е да достават и краток текстуален опис (текст и фотографии) во кој ќе ја/ги опишат добрата/ите пракса/практики во областа БЗР.
Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела